Македонската банкарска асоцијација на сите штедачи им го честита Денот на штедењето 31. октомври!
- Сѐ започна во 1924 година, кога на истиот ден во Милано е одржан Првиот конгрес на штедилници, на кој е заклучено дека штедните влогови се основа за раст и развој на секоја национална економија. Оттогаш, последниот ден од октомври е посветен на промовирање и јакнење на јавната свест за важноста на штедењето, а воедно и за борба против расипништвото.






























































































