„Директивата за NPL“ на ЕУ презентирана пред Комисијата за финансиско реструктурирање на корпоративниот долг

На 9-ти октомври 2023 година, под председателство на Бојан Стојаноски и Зоран Грнчаровски, се одржа состанок на Комисијата за финансиско реструктурирање на корпоративниот долг при Македонската банкарска асоцијација.

Во рамките на состанокот, д-р Катерина Бошевска, директорка на Еос Матрикс, одржа презентација на тема: Имплементацијата на Директивата на ЕУ за давателите на услуги во врска со кредити и купувачите на кредити (“Директива за NPL”).

Присутните разменија ставови, споделија искуства, а исто така се обидоа да ги идентификуваат предизвиците со кои се соочуваат во својата секојдневна работа во оваа област.

niksa

About niksa