Европската банкарска федерација објави Книга за финансиска писменост во Европа

niksa

Европската банкарска федерација ја објави Книгата за финансиска писменост во Европа која е резултат на заедничките напори на националните банкарски здруженија од цела Европа и Европската банкарска федерација.

Одбележан Светскиот ден на штедењето

niksa

Македонската банкарска  асоцијација во соработка со Фондот за осигурување на депозити денес организираше пригодна виртуелна свечаност по повод Светскиот ден на штедењето, 31 октомври.

Независноста и професионалноста на Народната банка се клучни за задржување на финансиската стабилност

niksa

Македонската банкарска асоцијација следејќи ги најновите настани и дискусии во јавноста  одржа состанок на кој се дискутираше за здравоста на банкарскиот систем и улогата на Народната банка.

Соопштение за јавноста

niksa

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека изминатите денови е присутна појава на објави со неточни информации за поединечни банки, коишто можат да предизвикаат неоснована вознемиреност кај граѓаните.

Одржана првата Седница на ново избраниот Одбор

niksa

Денес, 29.09.2020 година, во просториите на Македонска банкарска асоцијација се одржа првата седница на ново избраниот Одбор за избор и следење на референтни банки.

Македонската Банкарска Асоцијација на сите граѓани на нашата земја им го честита Денот на независноста 8-ми Септември

niksa

Во најновиот извештај на агенцијата Standard & Poor’s  се потврдува кредитниот рејтинг на нашата земја од ББ- со стабилен изглед и помеѓу другото, се наведува дека банкарскиот систем останува стабилен.

Банките ќе овозможат втор период на одложена отплата за кредитните производи за граѓаните кои имаат реална потреба за тоа

niksa

Заклучно со 30.9.2020 година завршува периодот на одложена отплата на кредитните производи за население согласно понудата која деловните банки ја објавија за сите свои корисници на почетокот на април годинава, во согласност со регулативата на НБРСМ.

СООПШТЕНИЕ за јавноста

niksa

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека изминатите денови е присутна појава на објави со неточни информации за состојбите во банкарскиот систем и за поединечни банки, коишто можат да предизвикаат неоснован немир кај граѓаните.

СООПШТЕНИЕ до депонентите во „Еуростандард банка“ АД Скопје

niksa

Фондот за осигурување на депозити ги известува депонентите – физички лица (резиденти и нерезиденти) на „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај и јавноста, дека согласно критериумите пропишани од Фондот за осигурување на депозити за избор на банка – исплатувач, односно банки – исплатувачи преку кои ќе се врши исплатата на обесштетувањето на осигурените депозити, избрани се следните 4 (четири) банки: 

Стевкова Штериева за МИА: Банкарскиот сектор во одлична кондиција, не се забележани невообичаени повлекувања на депозити од банките

niksa

Банкарскиот систем е во одлична кондиција. Во изминатите денови не се забележани невообичаени повлекувања на депозити од страна на граѓаните кои би можело да се припишат на настаните поврзани со „Еуростандард банка“.

СООПШТЕНИЕ за јавноста

niksa

Во врска со соопштението на Народната банка за укинување на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје, Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека ниту една друга банка не е изложена на ризик којшто може да се одрази на нарушување на нејзината стабилност и солвентност. Банкарскиот систем се одликува со исклучително прудентно работење и отпорност на шокови.

СООПШТЕНИЕ до депонентите во „Еуростандард банка“ АД Скопје

niksa

Фондот ги обесштетува осигурените депозити, но не повеќе од денарска противвредност од 30.000 евра по депозит во банка пресметани по средниот курс на Народната банка на 12 август, 2020 година.

Банките се подготвени за исплата на паричната помош од социјална и детска заштита

niksa

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека банките се подготвени да ја извршат исплатата на паричната помош од социјална и детска заштита.

Сите банки вклучени во проектот „Купувам домашно“ се посветени на неговата реализација и преземаат мерки за заштита на јавното здравје

niksa

МБА апелира корисниците на домашна платежна картичка да ги следат информациите што банките ги доставуваат до нив во врска со начинот и терминот на подигнување на картичката.

Банките се подготвени за исплата на паричната помош од социјална и детска заштита

niksa

Корисниците на дебитни картички со средствата ќе располагаат од вторник, 2 јуни 2020 година

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека банките се подготвени да ја извршат исплатата на паричната помош од социјална и детска заштита.

Ќе се одржи националниот натпревар на Европскиот квиз на пари

niksa

Финансиската едукација на младите –
еден од приоритетите на Македонската банкарска асоцијација

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека како и во другите европски земји, заради пандемијата на ковид-19, националниот натпревар на Европскиот квиз на пари ќе се одржи на начин различен од претходно објавениот.

Банките се подготвени за исплата на паричната помош од социјална и детска заштита

niksa

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека сите банки се подготвени да ја извршат исплатата на паричната помош од социјална и детска заштита, притоа водејќи максимална грижа за заштита на јавното здравје.

Сите банки се подготвени за исплата на априлските пензии

niksa

Корисниците на дебитни картички со својата пензија ќе располагаат од утре, а готовинската исплата ќе се спроведе по групи следната недела

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека сите банки се подготвени предвремено да ја извршат исплатата на априлските пензии, согласно со добиените податоци од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

За прифаќање на понудите на банките и штедилниците се одлучиле околу 70% кредитокорисници – физички лица

niksa

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека според првичните податоци од сите наши членки – банки и штедилници, за прифаќање на понудите за олеснување на финансискиот товар со одложување на наплатата на кредитите се одлучија околу 70 % од кредитокорисниците – физички лица.

Банките превземаат активности за да излезат во пресрет на корисниците на субвенции за тутун

niksa

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека сите банки веќе превземат активности за соодветно да ги услужат своите клиенти – корисници на субвенции за тутун, коишто во текот на следната недела ќе имаат потреба од нивните услуги, притоа, максимално залагајќи се за заштита на јавното здравје.

Почна со работа владиниот кол центар за компаниите и граѓаните – со телефонски повик на 02/324-8040 до сите информации за економските и другите мерки за КОВИД-19

niksa

Почитувани,

Во прилог Ви испраќаме креативи а во продолжение соопштение од Владата на Република Северна Македонија.

ПОНУДИ НА БАНКИТЕ И ШТЕДИЛНИЦИТЕ за промена на договорните услови за користење на кредитни производи

niksa

 


ПOНУДИ НА БАНКИТЕ И ШТЕДИЛНИЦИТЕ
врз основа на
Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик на Народната банка на Република Северна Македонија
и
Уредбата со законска сила за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците (Службен весник бр. 80 од 27.3.2020 година)

Претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова-Штериева во вечерашното издание на Вин-Вин на Телма ТВ

niksa

Д-р Маја Стевкова-Штериева, претседател на МАКЕДОНСКАТА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА и Главниот финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје, како претставник на МБА беше гостин во емисијата Вин Вин на Телма ТВ.

Банките и штедилниците подготвуваат јавни понуди при што најголемиот дел од нив, вклучително сите големи банки, постигнаа усогласеност да се понуди одложено плаќање до 6 месеци за кредитокорисниците – физички лица

niksa

МАКЕДОНСКАТА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА ја информира јавноста дека во согласност со измените и дополнувањата на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик, коишто ги донесе Советот на Народната банка и со донесената Уредба со законска сила за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците, којашто влезе во сила на 27.3.2020 година, нашите членки, веќе започнаа со јавни објави за промени на договорните услови кои ќе се понудат на корисниците на кредитни производи во новонастанатите околности предизвикани од ширењето на КОВИД 19 вирусот.

Денарот е и ќе остане стабилен – нема промени на нивото на неговиот девизен курс

niksa

Имајќи предвид дека во некои медиуми и на социјалните мрежи има објави во коишто се коментираат девизни курсеви на онлајн-платформи, би сакале да укажеме дека овие онлајн-платформи не се релевантен извор за следење на вредноста на денарот. Објавите на овие онлајн-платформи не произлегуваат од реално тргување со валути. Единствен релевантен извор на информации според којшто населението и фирмите може да го следат девизниот курс на домашната валута е курсната листа што ние како централна банка ја објавуваме на нашата веб-страница –www.nbrm.mk. Таа ги отсликува цените на валутите од реалните тргувања на домашниот девизен пазар. На курсната листа којашто е во важност и во моментов, средниот курс на еврото во денари изнесува 61,69 денари.

Донесена Уредба со законска сила за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците

niksa

Со задоволство ја информираме јавноста дека денес е донесена Уредбата за начинот на промена на договорните услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците подготвена од Народната банка, Министерството за финансии и Правната комисија при Македонската банкарска асоцијација.

Ангеловска-Бежоска: Можностите за промена на договорните услови се поповолни за засегнатите граѓани од мерка само со мораториум, се работи на уредба за ефикасна и брза имплементација

niksa

Во интервју за МТВ, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска појасни што сѐ се овозможува со регулаторните измени коишто Советот на Народната банка ги донесе во петокот и одговори на низа прашања поставени во изминатите денови.

Банките и штедилниците подготвени да излезат во пресрет на сите барања на кредитокорисниците кои се соочуваат со времена неможност за отплата на кредитите

niksa

Во околности на галопирачки негативен развој на состојбите со пандемијата од КОВИД 19, кога е сеуште невозможно да се согледаат последиците врз нашата економија, свесни дека многу наши компании веќе се соочуваат со проблеми во своето работење, членките на Македонската Банкарска Асоцијација – банки и штедилници се подготвени да излезат во пресрет на сите барања на кредитокорисниците – граѓани и правни лица кои се соочуваат или во иднина ќе се соочат со времена неможност, целосна или делумна, за отплата на своите обврски по кредити.

Банките и НБ подготвуваат решение да се олесни товарот на компаниите и населението

niksa

Банките заедно со Народната банка работат на изготвување решение кое ќе придонесе за олеснување на финансискиот товар на компаниите и населението. Предлози од банките се испратени до централната банка и многу брзо се очекува конечното решение од Народната банка.

Банките, штедилниците, менувачниците и правните субјекти коишто даваат услуга брз трансфер на пари продолжуваат да работат

niksa

Почитувани граѓани,

Ве известуваме дека и по прогласувањето на вонредна состојба, финансиските институции за коишто Народната банка е надлежен регулаторен и супервизорски орган (банки, штедилници, менувачници и правни субјекти коишто даваат услуга брз трансфер на пари) продолжуваат да работат и да ги извршуваат своите клучни функции, со што нивните услуги и натаму ќе ви бидат достапни.

(Обновено) МБА со мерки и препораки за превенција и заштита од COVID-19 (корона вирус)

niksa

Македонската банкарска асоцијација и сите нејзини членки редовно ги следат заклучоците, мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија за справување со заканата од вирусот COVID 19 (корона вирус).

Јавен повик до основните и средните училишта во Република Северна Македонија

niksa

МАКЕДОНСКА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА
во соработка со
Народна банка на Република Северна Македонија и
Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија

објавува

ЈАВЕН ПОВИК
до основните и средните училишта во Република Северна Македонија

Ги повикуваме основните и средните училишта во Република Северна Македонија за учество во меѓународниот натпревар Европски квиз на пари. Овој квиз е проект на Европската банкарска федерација, фокусиран на финансиската едукација на учениците од 13 до 15 години.

„Со Народната банка во светот на финансиите“ – нов проект за финансиска едукација

niksa

Народната банка ги засилува активностите за користење на современите форми на комуникација заради финансиска едукација на населението и заштита на потрошувачите на финансиски услуги.

Прослава за светскиот ден на штедењето 2019

niksa

Македонската банкарска асоцијација и Фондот за осигурување депозити по повод 31-октомври, Светскиот ден на штедењето, во хотелот Холидеј Ин во Скопје, во четврток 31.10.2019 година огранизираат соодветна прослава.

МБА апелира сите членки да се вклучат во „Купи куќа, купи стан”

niksa

Претседателот на Македонската банкарска асоцијација, Коста Митровски апелираше до банките членки на асоцијацијата кои досега не се вклучени во програмата „Купи куќа, купи стан”, тоа да го сторат. Истакнувајќи дека со тоа ќе се обезбедат подобри услови за граѓаните, Митровски ги поздрави измените на условите за добивање на субвенционирани станбени кредити, измени подготвени од Министерството за финасии, а презентирани од министерот Драган Тевдовски. Засега половина од членките на МБА, во чии простории се одржа презентацијата, се вклучени во овој проект.

Информација за лажно претставување преку електронски пораки

niksa

„Почитувани,

Во изминатиов период, забележана е појава на испраќање електронски пораки до е-адреси на лица од Република Македонија со лажно претставување (англ. email spoofing). Поконкретно, лажното претставување во пораките е во име на некоја институција или организација или, пак, во име на поединец, а со нив испраќачите имаат за цел, повикувајќи се на злоупотребениот/лажниот идентитет, противправно да остварат финансиска корист и/или да приберат лични податоци коишто потоа можат да бидат злоупотребени. Во дел од пораките што се упатени до одредени е-адреси на лица од земјава, непознатите испраќачи лажно се претставуваат во име на меѓународни и домашни финансиски институции, вклучително и во име на нашата институција, при што пораките не се испратени од системите на институциите.

Оттука, укажуваме на потребата од внимателно постапување доколку имате добиено или ако во натамошниот период добиете вакви пораки за коишто цените дека се од сомнителен карактер, односно пораки во коишто ви се нуди нешто што не делува остварливо и вистинито и во коишто има претставување во име на финансиска институција, вклучително и во име на НБРМ. Поконкретно, доколку не сте сигурни дека станува збор за порака испратена од легитимна е-адреса на финансиска институција, укажуваме дека е потребно да ја игнорирате таквата порака и да не започнувате комуникација во којашто ќе дадете ваши лични податоци или ќе одговорите на барање за трансакција/уплата на ваши средства на некоја банкарска сметка.

Доколку, сепак, мислите дека електронската порака можеби е испратена од финансиска институција, соодветно е најпрво да се обратите до институцијата, вклучително и до НБРМ, ако некој настапил во име на централната банка. Притоа, доколку сакате вашето обраќање да го остварите преку е-пошта, соодветно е да го направите тоа преку нова, а не како одговор на сомнителната е-порака. Официјаната е-адреса за комуникација со НБРМ е: info@nbrm.mk.

Народна банка на Република Македонија

Јавен повик до основните и средните училишта во Република Македонија

niksa

Македонската банкарска асоцијација
во соработка со
Министерството за образование и наука,
Народната банка на Република Македонија и
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија

објавува

ЈАВЕН ПОВИК

до основните и средните училишта во Република Македонија

Ги повикуваме основните и средните училишта во Република Македонија за учество во меѓународниот натпревар Европскиот квиз на парите. Овој квиз е проект на Европската банкарска федерација, фокусиран на финансиската едукација на учениците од 13 до 15 години.