Објавен вториот број на МБА Е-билтен

Македонската банкарска асоцијација го издаде вториот број на кварталникот МБА Е-билтен.

Наша заложба е билтенот преку обработка на тековни случувања во банкарскиот сектор, презентирање на нови концепти, финансиски инструменти, банкарски производи и стратегии од поширокото опкружување, да биде корисен за сите, како при извршување на секојдневните задачи така и за личен професионелен развој.

МБА Е-билтен се издава со т.н. отворен пристап. Целата содржина е достапна бесплатно, читателите можат да читаат, преземаат, копираат, дистрибуираат, печатат, без обврска да бараат согласност од авторот или издавачот. Секако останува обврската да го цитираат изворот.


Погледнете го второто издание на МБА Е-билтен тука…

niksa

About niksa