Благодарници за особен придонес во работата на МБА во 2022 година
Традиционално Собранието на Македонската банкарска асоцијација доделува благодарници за особен придонес за работата на асоцијацијата на членови на комисиите при МБА.
Традиционално Собранието на Македонската банкарска асоцијација доделува благодарници за особен придонес за работата на асоцијацијата на членови на комисиите при МБА.
По повод светскиот ден на штедење 31.октомври признание за постигнати особени резултати во нивната работа добија 33 службеници од 13 банки, 2 штедилници, Клириншката куќа КИБС АД и Македонското кредитно биро.
Комерцијална банка АД Скопје девет пати (2021, 2020, 2012, 2011, 2010, 2005, 2004, 2002, 2001) е добитник на престижната награда „Банка на годината“ во Република Северна Македонија, која ја доделува реномираниот финансиски магазин The Banker.
На годинешните 14-ти „Европски банкарски награди“ (Europe Banking Awards), што ги доделува реномираниот магазин EMEA Finance, НЛБ Банка Скопје ја доби наградата „Најдобра банка во Македонија за 2021 година“.
Стопанска банка АД – Скопје е прогласена за најдобра банка во земјава на престижните награди Euromoney Awards for Excellence, 2022. Прогласување на најдобрите банки се одржа на гала вечера во Лондoн каде што на претставниците на Стопанска банка им беше врачено признанието кое е едно од најзначајните во светската банкарска индустрија.
Комерцијална банка е добитник на плакетата „Client Excellence Award 2021“ од Дојче банк како признание за беспрекорниот и успешен начин на работа во меѓународниот платен промет и во услови на пандемија.
Собранието на Македонската банкарска асоцијација и оваа година додели благодарници за особен придонес во работата на асоцијацијата.
Штедилница Можности во изминатиов период беше во постапка на верификација за стекнување Сертификат за Фер финансиски услуги за потрошувачите, кој го доделува Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ).
Комерцијална банка со огромно задоволство објавува дека е добитник на уште една престижна награда – „Најдобра банка во Северна Македонија“ во 2021 година, која ја доделува магазинот „Еuromoney”. Оваа награда е признание за извонредност на Банката, која со стабилност, одговорност и импресивни резултати се носи со Covid-19 кризата и излегува во пресрет на потребите на клиентите.
Комерцијална банка АД Скопје со гордост објавува дека е прогласена за „Банка на годината во 2020 година“ во Република Северна Македонија од страна на престижниот финансиски магазин „The Banker“. Освен како високо признание за постигнатите резултати во работењето, значењето на наградата е уште поголемо бидејќи таа е признание и за лидерството што го покажа Банката во оваа година во која земјава, како и целиот свет, со соочува со пандемија од досега невидени размери.
По повод светскиот ден на штедење 36 службеници од 14 банки, 2 штедилници, Клириншката куќа КИБС и Македонското кредитно биро добија признание за нивната работа.
Европската банка за обнова и развој и ја додели на Комерцијална банка наградата „Most Active Issuing Bank in 2019 in North Macedonia”.
Петта година по ред, светскиот финансиски магазин „Global Finance“, ја прогласува Охридска банка, за Најдобра банка во Македонија.
Комерцијална банка АД Скопје е прогласена за „Најдобар FX Провајдер во Северна Македонија за 2020 година“ (најдобар давател на услуги од областа на девизните пазари во земјава) од страна на светскиот магазин Global Finance, со седиште во Њујорк, САД.
На 28-ми ноември во Лондон, НЛБ Банка се закити, уште еднаш, по десетти пат, со престижната награда на реномираниот финансиски магазин The Banker, со што го потврди епитетот за најнаградувана Банка кај нас.
НЛБ Банка АД Скопје трета година по ред е прогласена за Најдобра банка во земјата од финансискиот магазин ЕМЕА.
Остварените резултатите, постигнатиот успех, континуираниот развој на нови технологии и производи се само дел од критериумите врз база на кои светски реномираните магазини ги доделуваат глобалните и регионалните награди за најдобрите во банкарскиот свет.
Иако помина половина од јануари и новогодишните празници завршија деветмина членови на Македонската банкарска асоцијација се уште имаат причини за прослава. Нивната активност и ангажирање во работата на Македонската банкарска асоцијација во годината што замина, во вторникот (15.01.2019), на пригодна свеченост во просториите на асоцијацијата, беше наградена.
Светскиот магазин Global Finance, со седиште во Њујорк, САД, на Комерцијална банка АД Скопје ѝ ја додели наградата „Најдобар FX Провајдер за Република Македонија (Најдобар давател на услуги од областа на девизните пазари во Македонија за 2018 година)“. Ова е петто по ред признание за најуспешно работење на Комерцијална Банка АД Скопје во доменот на тргување со финансиски инструменти во Република Македонија, доделено од Global Finance.
Како признание за брзината и квалитетот на меѓународните плаќања во долари и оваа година Комерцијална банка АД Скопје е добитник на Best Performance STP Excellence award од Citi Bank: 2017 US Dollar payments STP Excellence Award – Best Performance.
Сингапур, Sun Tech City.
Престижната награда за 2018 – World Council Growth Award (награда за најголем раст од Светскиот совет на кредини унии), оваа година, во избор од 109 земји во светот ја доби Штедилница ФУЛМ од Македонија. Наградата беше доделена на 16 јули 2018 година на Меѓународната конференција на кредитни унии (Тhe world credit union conference), што се одржа од 15 до 18 јули 2018 година, во Suntec convention center, во Сингапур (http://www.wcuc.org/ )