МБА на Балкански форум за плаќања 2026
На 14 мај 2026 година, во Тирана, се одржа „Балкански форум за плаќања 2026“, под мотото „Биди таму каде што се пишуваат правилата“, посветен на дигиталната трансформација и иднината на платежните системи.


На 14 мај 2026 година, во Тирана, се одржа „Балкански форум за плаќања 2026“, под мотото „Биди таму каде што се пишуваат правилата“, посветен на дигиталната трансформација и иднината на платежните системи.
Претседателката на Македонската банкарска асоцијација, д-р Маја Стевкова Штериева, беше дел од панел-дискусијата која се одржа на 28 април во Приштина,на тема „Клучни предизвици со кои се соочуваат банкарските системи во регионот“, каде заедно со претставници од регионалните асоцијации и Меѓународна финансиска корпорација се дискутираше за актуелните трендови, дигиталниот развој и предизвиците во банкарскиот сектор.
Македонската банкарска асоцијација и КаСис АД Скопје на 30 април 2026 година потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува рамка за заедничко делување во повеќе области од заеднички интерес.
Одделението за едукација при Македонската банкарска асоцијација на 20 и 21 април 2026 година успешно организираше дводневен семинар на тема „Decoding ESG: Mastering Risk in a Complex Regulatory Landscape“. Настанот се реализираше со финансиска поддршка од Европскиот фонд за Југоисточна Европа – EFSE и Европската Унија, во соработка со компанијата Op2M d.o.o. од Загреб, Хрватска.
Македонската банкарска асоцијација ги претставува новоименуваните челници на комисиите кои како постојани работни тела функционираат во рамките на Асоцијацијата: Мануела Станоевска Стоилковска – заменик претседавач на Комисијата за заштита на личните податоци
Денес, 19 март 2026 година се одржа финалето на националниот натпревар Европски квиз за пари 2026. Под менторство на професорката Билјана Ниновска, ученичките Дарија Боризовска и Сара Милковска ја освоија првата награда на овогодинешниот национален натпревар „Европски квиз за пари“, во организација на Македонската банкарска асоцијација (МБА), и поддршка од Народната банка и Комисијата за хартии од вредност.
Во рамките на Комисијата за документарно работење, а во соработка со Стопанската Комора на РСМ, преку ангажманот на г-ѓа Антонета Манова Ставреска, проектен менаџер во оваа институција, на 17.03.2026 се реализираше работилница на тема „Механизми за осигурување на трговијата”.
Денес, 16 март 2026 година, се одржа првиот круг од националниот натпревар Европски квиз за пари, на кој учествуваа околу 1300 пријавени ученици од основни и средни училишта од нашата држава.
На 27 февруари 2026 година се одржа подготвителна средба во пресрет на националниот натпревар „Европски квиз на пари 2026“, во организација на Македонска банкарска асоцијација, во соработка со Народна банка на Република Северна Македонија и Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија.
Марин Христоски и Алексеј Мицкоски го споделија своето искуство како лански победници на националниот натпревар за Европскиот квиз за пари…
Заменик-претседавачот на Комисијата за платежни картички и дигитално банкарство при Македонската банкарска асоцијација, Стефан Пепоски, во гостувањето во утринската програма на ТВ Сител говореше за придобивките од примената на засилената автентикација на корисниците (Strong Customer Authentication – SCA) при електронските плаќања со платежни картички.
На 20 февруари 2026 година, во просториите на Македонската банкарска асоцијација, се одржа стручна расправа во организација на Комисијата за документарно работење (КДР), во соработка со Сојузот на стопански комори и претставници од секторот за транспорт и логистика.
На иницијатива на претседавачот и заменик-претседавачот на Комисијата за финансиско реструктурирање на корпоративен долг, г-а Златица Цивкароски и г-а Михаела Атанасова – Стоичовска, а во организација на Одделението за едукација при МБА, на 5 Февруари 2026 година беше одржан семинар на тема „Early Warning Signals and Problem Loan Workout“. Предавач на семинарот беше Juan Gamecho од JBS Training, експерт со меѓународно искуство во областа на управување со кредитен ризик и проблематични кредити.
На 02.02.2026 година, во просториите на Македонската банкарска асоцијација, беше одржан работен состанок инициран од Централниот регистар, во својство на администратор на Регистарот на вистински сопственици.
Од 28 до 30 ноември 2025 година, во Охрид се одржа семинар во организација на Комората на извршители на РСМ, на кој учествуваше и Македонската банкарска асоцијација. На настанот, како еден од говорниците се обрати Стефанија Красиќ, директор на Дирекцијата за наплата на ризични побарувања во Халк Банка АД Скопје, која говореше на тема „Проблеми во наплатата на побарувањата“.
На 7 ноември 2025 година се реализира работилница на тема „Неуредна презентација (во акредитивното работење)“, организирана од Комисијата за документарно работење (КДР) при МБА, во хибриден формат. На настанот учествуваа околу 30 учесници, од кои 11 беа физички присутни во просториите на МБА, а останатите се приклучија online. И овојпат на настанот учествуваа и претставници од Народната банка на Република Северна Македонија.
Во духот на повеќегодишната традиција, Македонската банкарска асоцијација, во соработка со Фондот за осигурување на депозити, организираше свечен настан по повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври.
На 17 октомври 2025 година во Тирана, Албанија, се одржа 63. состанок на асоцијативните членки на Европската банкарска федерација (ЕБФ), чиј домаќин беше Албанската асоцијација на банки. Македонската банкарска асоцијација на состанокот ја претставуваше извршниот секретар, м-р Милена Перчинкова.
На 10.10.2025 година во Букурешт, Романија се одржа годишниот состанок на Европската тренинг асоцијација за банкарство и финансиски услуги (European banking and finаncial services training association, EBTN), чиј што домаќин и организатор беше Романскиот банкарски институт – Romanian Banking Institute (RBI).
На 1 октомври 2025 година, Македонската банкарска асоцијација потпиша Меморандум за соработка со Меѓународниот балкански универзитет (МБУ) преку Факултетот за економски и административни науки.
На 1 и 2 октомври 2025 година се одржа првиот дводневен семинар организиран од Одделението за едукација при МБА, со финансиска помош од European Fund for Southeast Europe и Европска Унија, а во соработка со компанијата Op2M d.o.o. од Загреб, Хрватска.
И оваа година, Македонската банкарска асоцијација (МБА) ја потврди својата посветеност кон развојот на финансиските пазари преку активно учество на 24. Годишна конференција на Македонска берза – еден од најзначајните настани во областа на финансиите и пазарот на капитал во земјава.
На 19 септември 2025 година се одржа уште еден едукативен настан во организација на Комисијата за документарно работење (КДР), овојпат во соработка со Правната комисија при Македонската Банкарска Асоцијација (МБА). Настанот беше посветен на темата ESCROW работење, а презентацијата ја одржа г-а Теодора Гушкова Проданова, Директор на Сектор за правни работи во Комерцијална банка АД Скопје.
Банките се финансиски институции кои се јавуваат во улога на партнери на компаниите. Компаниите многу често ги ангажираат банките во текот на своето работење, односно од нив бараат финансиска помош за да можат да реализираат одредени инвестициони подвизи. При целокупниот процес на соработка на двете страни, банките се институциите кои се изложуваат на ризик од воспоставување на партнерството.
РС Македонија, од нејзиното осамостојување во 1991 година, се смета за земја со економски систем во развој. Како таква, странските кредитни линии и монетарната помош претставуваат важни алатки за поттикнување на економскиот раст, модернизацијата на банкарскиот сектор и развојот на приватниот сектор.
Во просториите на Македонската банкарска асоцијација се одржа работна средба помеѓу гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, и претставници на членките на Асоцијацијата. На состанокот, гувернерот ги претстави ставовите и предлозите на централната банка во насока на намалување на трошоците што ги сносат граѓаните и компаниите при користење на платежните услуги.
Денес, во просториите на Македонската банкарска асоцијација (МБА), се одржа свечен настан по повод освоеното второ место на Европскиот квиз на пари од страна на македонскиот тим, составен од учениците Марин Христоски и Алексеј Мицкоски од ООУ „Кире Гавриловски – Јане“ од Прилеп, под менторство на наставничката Соња Јорданоска.
На 12 јуни, 2025 година во организација на Комисијата за документарно работење, се одржа десеттиот по ред едукативен настан посветен на специјалистичка дебата за добри и лоши практики во областа на Trade Finance услугите.
Нашите претставници на Европскиот квиз за пари, учениците Марин Христоски и Алексеј Мицкоски од ООУ „ Кире Гавриловски – Јане“ од Прилеп, под менторство на наставничката Соња Јорданоска, го освоија второто место на овој престижен меѓународен натпревар за млади во областа на финансиската писменост.
Италијанскиот тим победи на Европскиот квиз на пари, најголемото натпреварување за финансиска писменост во Европа за ученици на возраст од 13 до 15 години, организирано од Европската банкарска федерација (ЕБФ). Националните победници од 30 земји се собраа во Брисел за да се натпреваруваат за титулата европски шампиони.
Сите дванаесет комерцијални банки во земјава интензивно работат на изготвување апликации и технички решенија потребни за нивното вклучување во платежната шема за кредитни трансфери на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Една системски значајна банка веќе ја поднесе апликацијата до Европскиот совет за плаќања (ЕПС), девет банки имаат направено избор на странска банка преку која ќе ги извршуваат плаќањата, коешто е предуслов за поднесување на апликацијата, додека останатите се во фаза на завршување на овие активности.
На 9 април 2025 година, во организација на Амбасадата на Република Унгарија, а поддржано од Македонската банкарска асоцијација, се одржа специјализирана работилница/презентација на тема: Hungarian Instant Payment & Treasury Technology.
На 3 април, на II Регионалната конференција „Нова ера во сметководството – стандардите како предизвик, технологијата како сојузник“, во организација на ИСОС, Богоја Китанчев, претседавач на Комисијата за ЕСГ при Македонската банкарска асоцијација, беше говорник на панелот посветен на имплементацијата на МСФИ и ЕСГ стандардите.
Под водство на нивниот ментор, наставничката Соња Јорданоска, Марин Христоски и Алексеј Мицкоски обезбедија победа на годинешниот национален натпревар за Европскиот квиз за пари, организиран од Македонската банкарска асоцијација (МБА) со поддршка од Народната банка и Комисијата за хартии од вредност.
Денес, 1ви Април 2025 година, се одржа првиот круг од националниот натпревар Европски квиз за пари, на кој што се натпреваруваа над 1000 пријавени ученици од основните и средни училишта во нашата држава.
Македонската банкарска асоцијација со задоволство ја информира јавноста дека домашните банки започнуваат со процесот на оперативна интеграција во платежните шеми на Единствената европска платежна област (СЕПА).
На 28.02.2025 година беше одржана подготвителна средба на претставниците на МБА, Народната банка и Комисијата за хартии од вредност со менторите и тимовите на ученици од пријавените училишта на која им беа дадени насоки и едукативни материјали за подготовка за натпреварот.
На 17.02.2025 година во просториите на Македонската банкарска асоцијација се реализираше специјалистичка дебата во рамките на Комисијата за документарно работење-КДР. На истата активно учество имаа над дваесетина претставници на КДР членките и на Народната банка на Република Северна Македонија. Ова беше деветти едукативен настан во рамките на Комисијата за документарно работење во изминатите 26 месеци.
Кирил Китевски и Кристијан Лазароски го споделија своето искуство како лански победници на националниот натпревар за Европскиот квиз на пари…
Народната банка ги зајакнува активностите за подобрување на животот на лицата со попреченост преку олеснување на пристапот до финансиски услуги. За таа цел централната банка изработи Насоки за поголемо вклучување на лицата со попреченост како потрошувачи во банкарскиот сектор, коишто опфаќаат поголемо олеснување на физичкиот пристап до локациите и инсталирање дигитални платформи, вклученост при осмислувањето на банкарските производи, како и подобра информираност на овие корисници на банкарски услуги. Народната банка изработи и испечати и Брошура наменета за лицата со оштетен вид, којашто би придонесла за нивна поголема финансиска едукација и подобро информирање за нивните права.
На 13 декември 2024 година, во просториите на Македонската банкарска асоцијација (МБА), се одржа значајна средба со претставници на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), предводени од Висар Перани, претставник на Канцеларијата на ИФЦ за нашата земја.
Канцеларијата на UN Women во Скопје денес организираше настан посветен на подигнување на свеста за специфичните предизвици со кои се соочуваат возрасните жени во општеството. Настанот се фокусираше на нивната често занемарена улога, истакнувајќи ја потребата за поактивна поддршка на политичко, економско и социјално ниво со цел унапредување на нивната благосостојба.
На 21.11.2024 година во просториите на Македонската Банкарска Асоцијација, а во организација на Одделението за едукација при МБА и Програмата за развој на Обединетите нации (United Nations Development Programme – UNDP), се одржа презентација на Програмата „Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и борба со климатските промени во Република Северна Македонија“.
Традиционално Македонската банкарска асоцијација во соработка со Фондот за осигурување на депозити организираше настан по повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври.
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска денеска оствари средба со Милена Перчинкова, извршен секретар на Македонската банкарска асоцијација, и д-р Беркан Имери, член на Комитетот за едукација при МБА, на која се дискутираше за продлабочување на соработката за унапредување на образованието за финансиска писменост на учениците.
На 23 и 24 октомври 2024 година, во организација на Impact Bucharest се одржува конференција на која како панелист учествува претседателката на Македонската Банкарска Асоцијација, д-р Маја Стевкова – Штериева.
Во рамките на „Месецот на штедењето“ и во пресрет на Светскиот ден на штедењето, кој се одбележува на 31 октомври, на 18 октомври 2024 година, во просториите на Македонската банкарска асоцијација се одржа заедничка средба на високи претставници на Македонската банкарска асоцијација и Фондот за осигурување на депозити.
На 09.10.2024 година во просториите на Македонската Банкарска Асоцијација, а во организација на Комисијата за документарно работење, свое излагање имаше претставникот на Развојната банка на Република Северна Македонија, г-дин Дарко Јованоски.
Јакнење на меѓусебната соработка преку искористување на целокупното расположиво знаење и искуство на двете организации, во насока на поттикнување и афирмација на областите од заеднички интерес и делување, се главните цели кои треба да се остварат со Меморандумот за соработка помеѓу Институтот за сметководители и овластени сметководители (ИСОС) и Македонската Банкарска Асоцијација (МБА), што го потпишаа претседателката на ИСОС, Весна Прентоска и претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова Штериева.
Претставниците на МБА имаа можност да присуствуваат на три главни панела, интересни презентации и интервјуа на кои учествуваа околу 30 говорници и панелисти од 10 различни држави, како и на социјални настани.
На 18.09.2024 година, во просториите на Македонската банкарска асоцијација се реализираше двочасовна презентација од страна на Клириншка куќа КИБС на тема „Доверливи услуги и Електронска идентификација“.
Во рамките на проектот FASTT (Frictionless Affordable Safe Timely Transactions), Светска банка ја објави својата студија „Прирачник за централните банки за успешно имплементирање на брзите плаќања“ (Fast Payments Championship Toolkit for Central Banks). Притоа беше истакнат значителниот придонес на КИБС АД Скопје, како еден од учесниците во подготовката на оваа студија, која се очекува да биде драгоцена алатка на централните банки при имплементација и развој на инстант (брзи) плаќања, како клучен двигател кон финансиска инклузија и дигитализација на економијата.
Студијата содржи комбинација на научни истражувања и дискусии со централните банки и приватните оператори од различни земји и законодавства за предизвиците и факторите што придонесуваат за успешност на проектите со цел имплементирање и развој на инстант плаќањата, фокусирајќи се на најдобрите практики што им стојат на располагање на централните банки. Притоа, идентификувани се пет области на дејствување:
Како оператор на платен систем, КИБС АД Скопје е единствената приватна институција што е вклучена во студијата со цел давање сеопфатен експертски придонес во однос на тоа како се спроведуваат активностите во контекст на пазарни иницијативи за развој на системи за инстант плаќања.
Значајно место во студијата зазема анализата на расходи и приходи (cost-benefit analysis) за подолг временски период, која е подготвена од КИБС АД Скопје пред почетокот на проектот, а во која се земени предвид не само органскиот раст на дигиталните праќања, туку и потенцијалот на инстант плаќањата за конверзија на дел од сивата економија во формални платежни канали. Искуствата што КИБС ги собра од земјите од регионот и Европа му помогнаа за дизајнирање на решението, идентификување на главните предизвици и фактори за успех, како и за поставување конзистентни цели. Исто така, истакнато е дека од значење е редовната комуникација со Министерството за финансии и другите владини институции како учесници во постојниот платен систем КИБС, со цел подобра координација и соработка.
КИБС континуирано посветено работи во насока на имплементирање на најсовремените дигитални решенија во платежната инфраструктура. Таков е и проектот за инстант плаќања, кој е во завршна фаза и подразбира имплементација на две платформи поврзани меѓу себе: платформа за централно решение за извршување на инстант плаќањата и платформа што ќе овозможи канали за иницирање и прифаќање инстант плаќања од крајните корисници.
Со воведувањето на инстант плаќањата во земјата, КИБС не само што значително ќе ја подобри платежната инфраструктура од аспект на нудење брзи плаќања што се реализираат во реално време (примачот ги добива средствата за помалку од 10 секунди) и кои се извршуваат 24/7/365 дена во годината, туку влијанието е уште посеопфатно и мултидимензионално за економијата во целина. Па така, компаниите, особено значајно за малите и средни претпријатија, си ја подобруваат ликвидносната позиција со цел наплата без одложување и ја намалуваат потребата од краткорочни ликвидносни позајмици, се отвораат можности за поефикасна наплата на фактури, сметки и обврски кон државните институции и поефикасно обезбедување услуги за граѓаните и стопанството, се зголемува бројот на учесници во финансиските текови со цел достапност на плаќањата и со тоа се намалува готовината во оптек, а и трансакциските трошоци поврзани со неа. Оттука, влијанието на намалување на сивата економија очигледно има далекосежен импакт врз вкупната фискална економија и финансискиот екосистем.
Целата студија може да се погледне на линкот FPS Championing Handbook_Final June 2024.pdf (worldbank.org).
Дигиталната технологија сѐ повеќе влијае врз финансиската индустрија. Модернизацијата на плаќањата е особено изразена и зема сѐ поголем замав и во нашата економија. Според податоците од платежната статистика за 2023 година на Народната банка, забележано е зголемување на безготовинските платежни трансакции од 16%, во споредба со 2022 година, односно 87 трансакции по глава на жител. Според глобалната база на податоци „Финдекс“ на Светската банка, процентот на возрасни кои извршиле или примиле дигитални плаќања се зголемил од 44% во 2014 година на 64% во 2021 година.
На 15 мај 2024 во Тирана, во организација на Иницијативата за владеење на правото на Американската адвокатска комора (АБА РОЛИ), која во рамките на Програмата за усогласеност со ФАТФ во Источна Европа која меѓу другите земји ги опфаќа Албанија, Црна Гора и Северна Македонија, беше одржана работилница на тема: ПРОМОВИРАЊЕ НА ТРАНСПАРЕНТНОСТА НА КРАЈНИТЕ СОПСТВЕНИЦИ ЗА БОРБА ПРОТИВ ПЕРЕЊЕТО ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕТО ТЕРОРИЗАМ.
Во просториите на Македонската банкарска асоцијација, на 28 мај 2024 година, се одржа свеченото доделување на наградите на учениците Кирил Китевски и Кристијан Лазароски од СОУ „Цар Самоил“ − Ресен, кои под менторство на Дијана Ѓоргиевска, ја претставуваа нашата земја и на европското финале во Брисел, Белгија, каде што го освоија третото место во конкуренција од 36.000 ученици од 2.200 училишта низ Европа. На средбата присуствуваа претседателката на Македонската банкарска асоцијација (МБА), д-р Маја Стевкова-Штериева, гувернерката д-р Анита Ангеловска-Бежоска и претседателката на Комисијата за хартии од вредност (КХВ), м-р Нора Алити, како и второ- и третопласираните тимови на националниот натпревар, односно Стефани Георгиевска и Филип Клобучински од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ – Скопје со менторката Билјана Ниновска и Лара Росоманска и Елена Ризова од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ − Кавадарци со менторката Лоска Давчева.
Во просториите на МБА на 10.5.2024 година се реализираше двочасовна дебата на тема инкасо-наплати. На работилницата присуствуваа 9 банки-членки на Комисијата за документарно работење, со 14 претставници од специјализираните организациони делови за оваа документарна услуга.
Вчера, 15.5.2024 година во организација на Комисијата за финансиско реструктурирање на корпоративен долг се одржа работилница на тема: Корпоративна стратегија M&A во праксa.
Нашите претставници на Европскиот квиз на парите, учениците Кирил Китевски и Кристијан Лазароски, кои го освоија третото место на овој престижен меѓународен натпревар за млади во областа на финансиската писменост, остварија средба со Нејзиното Височество, кралицата Матилда од Белгија.
Учениците Кирил Китевски и Кристијан Лазароски од СОУ „Цар Самоил“од Ресен, под менторство на професорката Дијана Ѓоргиевска го освоија третото место на финалето на Европскиот квиз за пари 2024 година, кое се одржа на 19.4.2024 година во Брисел, Белгија, во организаација на Европската банкарска федерација (ЕБФ).
Вчера, 16.4.2024 година, во Македонската банкарска асоцијација свое видување за иднината на банкарството даде Дејвид Ѓори, извршниот директор на Banking Reports Limited Лондон.
Во организација на Институтот за сметководители и овластени сметководители на РС Македонија денес се одржа Првата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители во РС Македонија, под наслов Сметководството во регионот – трендови, предизвици, стандарди и перспективи, на која како панелист учествуваше претседателката на Македонската Банкарска Асоцијација, д-р Маја Стевкова – Штериева.
Вчера, 26.3.2024 година, претставниците на Комисијата за ризици и Комисијата за финансиско реструктурирање на корпоративен долг при Македонската банкарска асоцијација и ЕОС Матрикс одржаа стручна дискусија со фокус на предизвиците и корисностите од развојот на длабок и ликвиден секундарен финансиски пазар во земјата.
Учениците Кирил Китевски и Кристијан Лазароски од СОУ „Цар Самоил“ од Ресен, под менторство на професорката Дијана Ѓоргиевска се победници на националниот натпревар за Европскиот квиз на парите, кој во организација на Македонската банкарска асоцијација (МБА), со поддршка на Народната банка и Комисијата за хартии од вредност се одржува шести пат, за време на Глобалната недела на парите.
Во рамките на Глобалната/Европската недела на пари Комисијата за документарно работење (КДР) организираше работилница насловeна: Стоп за пропустите во гаранциско работење!.
Вчера, на првиот ден од Глобалната/Европска недела на пари – 18.03.2024 година, се одржа првиот круг од националниот натпревар Европски квиз на парите, каде што се натпреваруваа над 1000 пријавени ученици од основните и средни училишта во нашата држава.
Помалку од еден месец нѐ дели од националниот натпревар за „Европскиот квиз на парите 2024“!
На 05.12.2023 година, во организација на УБС – Здружението на банки на Србија, во Белград се одржа Банкарски самит 2023 на кој како панелисти учествуваа гувернерите на централните банки и претставници на банкарските здруженија на земјите од регионот.
Ивица Ѓорѓевски, член на Комисијата за информативна сигурност при МБА, офицер за информативна сигурност во Стопанска банка АД Скопје и Киро Чадиковски, директор на Дирекцијата за банкарски картички и платежни сметки во Комерцијална банка АД Скопје, гости во емисијата „Само прашај“, на националната телевизија МТВ1 на тема Фишинг.
Денес 08.11.2023 година во просториите на МБА во организација на Комисијата за финансиско реструктурирање на корпоративен долг се одржа работилница на тема: „Процес на продажба на портфолио со нефукционални кредити (NPL portfolio sales process)”.
По повод Светскиот ден на штедењето 31. октомври како претставник на Македонската банкарска асоцијација во утринската програма на Македонската телевизија МТВ, гостуваше М-р Елеонора Згоњанин Петровиќ, Управител на Штедилница ФУЛМ.
И оваа година Македонската банкарска асоцијација во соработка со Фондот за осигурување на депозити организираше настан по повод Светскиот ден на штедењето 31. октомври.
На 25.10.2023 година во Приштина во организација на Косовската банкарска асоцијација и Албанската асоцијација на банки беше одржан форум насловен „Сајбер безбедност во банкарската индустрија”.
На 46.меѓународна конференција на Банкарската асоцијација на централна и источна Европа (БАЦЕЕ) што се одржа на 19.10.2023 година во Будимпешта, претседателката на Македонскaта банкарска асоцијација, д-р Маја Стевкова Штериева доби признание за развој на меѓународна соработка.
На 22. Годишна конференција на Македонската берза, Македонската банкарска асоцијација ја претставуваа: Кристина Трпезановска – Заменик претседавач на Комисијата за информативна сигурност и член на Комисија за ризици од ПроКредит Банка АД Скопје, Владимир Давчев – Заменик претседавач на Комисијата за ризици од Халк Банка АД Скопје, Димитар Георгиевски – член на Правна Комисија од Шпаркасе банка АД Скопје, Игор Кузевски – член на Комисијата за заштита на лични податоци од НЛБ Банка АД Скопје, Владимир Ѓуровски – член на Комисија за ризици и Комисија за ЕСГ од Стопанска Банка АД Скопје и Влатко Лескароски – член на Комисија за ликвидност од Комерцијална Банка АД Скопје.
Македонската банкарска асоцијација е лиценцирана надлежна инстанца за онлајн полагање на ACI испитите односно е член на едукативната програма на ACI Financial Market Association која обезбедува издавање на сертификати што се признати на глобално ниво.
На 9-ти октомври 2023 година, под председателство на Бојан Стојаноски и Зоран Грнчаровски, се одржа состанок на Комисијата за финансиско реструктурирање на корпоративниот долг при Македонската банкарска асоцијација.
Здружението на банки на Србија беше домаќин на 57. состанок на асоцијативните членки на Европската банкарска федерација што се одржа на 25 и 26 септември 2023 година во Белград. На овој настан Македонската банкарска асоцијација ја претставуваше извршниот секретар Милена Перчинкова.
Комисијата за документарно работење на 27.9.2023 година иницираше дебата за гаранциското работење. Поконкретно за трансфер на банкарска гаранција и упатување на плаќањето (асигнација) при наплата на инструментот.
Во насока на промоција и презентација на Македонската банкарска асоцијација (МБА) пред јавноста, во следните месеци ќе ги презентираме комисиите кои како постојани работни тела функционираат во рамките на МБА и нивните челници
Во насока на промоција и презентација на Македонската банкарска асоцијација (МБА) пред јавноста, во следните месеци ќе ги презентираме комисиите кои како постојани работни тела функционираат во рамките на МБА и нивните челници.
Претседавач на Комисијата за човечки ресурси е м-р Љупчо Фармакоски, Главен координатор за човечки ресурси и општи работи во Секторот за човечки ресурси и општи работи во Комерцијална банка АД Скопје.
Претседавач на Комисијата за работа со хартии од вредност е Михајло Брова Зиков, директор на Дирекцијата за вршење на услуги со хартии од вредност во Комерцијална банка АД Скопје, а заменик-претседавач е Емилија Брљамова, самостоен финансиски аналитичар во Службата за старателство во НЛБ банка АД Скопје.
Во насока на промоција и презентација на Македонската банкарска асоцијација (МБА) пред јавноста, во следните месеци ќе ги презентираме комисиите кои како постојани работни тела функционираат во рамките на МБА и нивните челници
Во насока на промоција и презентација на Македонската банкарска асоцијација (МБА) пред јавноста, во следните месеци ќе ги презентираме комисиите кои како постојани работни тела функционираат во рамките на МБА и нивните челници.
На 12.07.2023 во просториите на МБА беше одржана трета седница на Работната група за унапредување на тргувањето на девизен пазар преку Spider FX платформата која беше формирана од Комисијата за ликвидност при МБА.
Во насока на промоција и презентација на Македонската банкарска асоцијација (МБА) пред јавноста, во следните месеци ќе ги презентираме комисиите кои како постојани работни тела функционираат во рамките на МБА и нивните челници
МБА на 6 јули имаше задоволство да биде домаќин на Албанската асоцијација на банки. Имено, заменик претседателот на МБА Тони Стојановски заедно со извршниот секретар Милена Перчинкова одржаа работна средба со генералниот секретар на Албанската асоцијација на банки г. Спиро Брумбули и неговиот тим.
Во насока на промоција и презентација на Македонската банкарска асоцијација (МБА) пред јавноста, во следните месеци ќе ги презентираме комисиите кои како постојани работни тела функционираат во рамките на МБА и нивните челници
Во насока на промоција и презентација на Македонската банкарска асоцијација (МБА) пред јавноста, во следните месеци ќе ги презентираме комисиите кои како постојани работни тела функционираат во рамките на МБА и нивните челници.
Во насока на промоција и презентација на Македонската банкарска асоцијација (МБА) пред јавноста, во следните месеци ќе ги презентираме комисиите кои како постојани работни тела функционираат во рамките на МБА и нивните челници
На годишно собрание на членките на Европската тренинг асоцијација за банкарство и финансиски услуги (European banking and finаncial services training association, EBTN) што се одржа на 16. јуни 2023 година во Париз, Македонската банкарска асоцијација се стекна со статусот полноправен член на Европската тренинг асоцијација за банкарство и финансиски услуги (EBTN).
По средбaта на која претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова-Штериева, гувернерката д-р Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за образование д-р Јетон Шаќири ги поздравија победничките тимови на овогодишниот национален натпревар „Европскиот квиз на пари“, првопласираните Кирил Китевски и Кристијан Лазароски од ООУ „Мите Богоевски“ – Ресен менторката Соња Стрезовска, второпласираните Благоја Трајчески и Теодора Трпоска од СОЕУ „Јане Сандански“ – Битола со менторката Билјана Кочовска и третопласираните Никола Павловски и Дарија Јакимовска од ОУ „Гоце Делчев“ – Илинден со менторката Данче Нацевска се запознаа со работата на Македонската берза.
Во насока на промоција и презентација на Македонската банкарска асоцијација (МБА) пред јавноста, во следните месеци ќе ги презентираме комисиите кои како постојани работни тела функционираат во рамките на МБА и нивните челници.
Вчера, во Македонската банкарска асоцијација (МБА) се одбележа мал јубилеј – 5 години „Европски квиз на пари“ во нашата земја. Притоа беа истакнати досегашните солидни резултати на ова европско натпреварување за ученици на возраст од 13 до 15 години, како и подготвеноста за натамошно поттикнување на финансиската едукација на младите генерации.
Во насока на промоција и презентација на Македонската банкарска асоцијација (МБА) пред јавноста, во следните месеци ќе ги презентираме комисиите кои како постојани работни тела функционираат во рамките на МБА и нивните челници.
Од 26 до 28 мај во Струмица се одржа 28. Годишно собрание на АЦИ Македонија Здружение на финансиски пазари.
Продлабочување на соработката помеѓу двете банкарски здруженија, промовирање на најдобрите банкарски практики, едукација, дигитализација, одговорното банкарство, беа главните теми на разговор на состанокот што се одржа во просториите на Македонската банкарска асоцијација на кој присуствуваа Извршниот директор и член на Одборот на директори на Косовската банкарска асоцијација д-р Петрит Балија и Извршниот секретар на МБА.
Денес, на последниот ден од Глобалната недела на пари, се одржа финалето на националниот натпревар Европски квиз на пари 2023.