МБА и УЈП со заеднички активности за унапредување на дигиталните процеси – Одржана работилница за воведување на системот е-Фактура

niksa

Во рамки на континуираната соработка со институциите и активностите насочени кон поддршка на дигиталната трансформација на банкарскиот сектор, Македонската банкарска асоцијација (МБА), во соработка со Управата за јавни приходи (УЈП), организираше работилница посветена на проектот е-Фактура, на која учествуваа околу 50 претставници од Комисијата за сметководство, даноци и МСФИ, во хибриден формат – со физичко присуство во просториите на МБА и виртуелно.