Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Македонската банкарска асоцијација и КаСис АД Скопје

niksa

Македонската банкарска асоцијација и КаСис АД Скопје на 30 април 2026 година потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува рамка за заедничко делување во повеќе области од заеднички интерес.

Македонската банкарска асоцијација учествуваше на регионална тркалезна маса на банкарските асоцијации од Западен Балкан во рамките на Kosovo Finance Forum

niksa

Претседателката на Македонската банкарска асоцијација, д-р Маја Стевкова Штериева, беше дел од панел-дискусијата која се одржа на 28 април во Приштина,на тема „Клучни предизвици со кои се соочуваат банкарските системи во регионот“, каде заедно со претставници од регионалните асоцијации и Меѓународна финансиска корпорација се дискутираше за актуелните трендови, дигиталниот развој и предизвиците во банкарскиот сектор.

Македонската банкарска асоцијација потпиша Меморандум за соработка со Меѓународниот балкански универзитет

niksa

На 1 октомври 2025 година, Македонската банкарска асоцијација потпиша Меморандум за соработка со Меѓународниот балкански универзитет (МБУ) преку Факултетот за економски и административни науки. 

МБА и ИСОС склучија партнерство за развој на сметководствената професија и правилна имплементација на меѓународните сметководствени стандарди

niksa

Јакнење на меѓусебната соработка преку искористување на целокупното расположиво знаење и искуство на двете организации, во насока на поттикнување и афирмација на областите од заеднички интерес и делување, се главните цели кои треба да се остварат со Меморандумот за соработка помеѓу Институтот за сметководители и овластени сметководители (ИСОС) и Македонската Банкарска Асоцијација (МБА), што го потпишаа претседателката на ИСОС, Весна Прентоска и претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова Штериева.

Македонската банкарска асоцијација и Агенцијата за заштита на личните податоци склучија меморандум за соработка

niksa

На 08.06.2022 година Здружението за остварување на заеднички интереси на банките и унапредување на нивното работење – МАКЕДОНСКА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА Скопјеи Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија склучија меморандум за соработка, потврдувајќи ги заедничките цели за постојано унапредување на степенот на заштитата на личните податоци во Република Северна Македонија.

Македонската банкарска асоцијација и Организацијата на потрошувачи на Македонија потпишаа Меморандум за соработка

niksa

Денес, во просториите на Македонската банкарска асоцијација, д-р Маја Стевкова-Штериева, претседател на Македонската банкарска асоцијација (МБА)  и д-р Маријана Лончар-Велкова, претседател на Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) потпишаа Меморандум за соработка.

Потпишан меморандум за соработка помеѓу МБА и Асоцијацијата за Е-трговија на Македонија со цел развој на е-трговијата во нашата земја

niksa

Денес, меморандум за соработка потпишаа претседателката на Македонската Банкарска Асоцијација – Д-р Маја Стевкова Штериева и в.д. Претстедателот на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – Филип Чижбановски.

МБА и ФИТР потпишаа меморандум за соработка – една од целите е олеснет пристап до финансиски средства за домашните компании

niksa

Македонската банкарска асоцијација и Фондот за иновации и технолошки развој денес потпишаа Меморандум за соработка преку кој двете институции се обврзуваат заеднички да работат на олеснување и зголемување на пристапот до финансиски средства за домашните компании, организирање заеднички едукативни и промотивни настани со цел зголемување на финансиската писменост кај компаниите.

Потпишани меморандуми со Македонската берза на хартии од вредност и Централниот депозитар за хартии од вредност

niksa

Македонската банкарска асоцијација, денеска, 31.01.2019 година, потпиша меморандуми за соработка со Македонската берза на хартии од вредност АД Скопје и со Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје со кои се утврдуваат полињата за кооперација кои се од заеднички интерес во областа на финансиското работење и работењето со хартии од вредност.

Склучен меморандум за соработка помеѓу МБА и НБРМ, МОН и КХВ во сферата на финансиската едукација и финансиската инклузија

niksa

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) и Македонската банкарска асоцијација (МБА) склучија меморандум за соработка во сферата на финансиската едукација на населението во земјава. Согласно со одредбите од меморандумот, во натамошниот период, НБРМ и МБА, заеднички ќе преземат низа активности коишто ќе бидат насочени кон подигнување на нивото на финансиска писменост, како и унапредување и развивање на финансиската инклузија на популацијата. Во рамки на соработката ќе се преземат и активности за поголема информираност на населението за банкарските услуги во земјава.