Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Македонската банкарска асоцијација и КаСис АД Скопје
Македонската банкарска асоцијација и КаСис АД Скопје на 30 април 2026 година потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува рамка за заедничко делување во повеќе области од заеднички интерес.
Со овој меморандум, двете институции се обврзуваат да соработуваат во насока на унапредување на регулаторната и стратешката рамка, развој на платежната инфраструктура, зајакнување на сајбер-безбедноста и превенцијата од измами, како и поттикнување на дигитализацијата и иновациите во банкарскиот сектор.
Соработката ќе опфати и организирање на едукативни активности, размена на информации, искуства и експертиза, како и заедничко учество во иницијативи поврзани со законската и подзаконската регулатива.

Претставниците на двете институции ќе одржуваат редовни состаноци со цел следење на реализацијата на договорените активности и понатамошно продлабочување на соработката.
Со потпишувањето на овој меморандум, МБА и КаСис ја потврдуваат својата заложба за развој на современ, безбеден и ефикасен финансиски систем, во интерес на сите учесници на пазарот.




