ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО

Маја Стевкова Штериева
Претседател на Македонската банкарска асоцијација

Д-р Маја Стевкова Штериева кариерата ја почнува во Комерцијална банка 1993 година и до 2002 година работи во различни сегмени кои овозможуваат заокужување на искуството во банкарското работење, почнувајќи од Секторот за односи со странство, Самостоен референт во Дирекцијата за средства и ликвидност, вклучително и во Службата за работа со хартии од вредност. Во 2002 година е назначена за Директор на Дирекцијата за управување со ризици, а во 2005 година за Директор на Секторот за управување со ризици и планирање. Од 2008 година ја извршува функцијата Главен финансов директор и член на Управниот одбор.

Образованието го има оформено на Економскоот фактултет при Универзитетот „Кирил и Методија„ во Скопје , каде во 2012 година станува доктор на науки со докторат на тема „Оперативен ризик и корпоративно управување во финансиски институции„.

Учесник е на повеќе семинари, форуми, конеференциии во земјата и странство, меѓу кои позначајна е тренинг Програмата за управување со ризици организирана од универзитетите Georgetown University Washington и UW, Wisconsin, USA. Член е на надзорниот одбор на КБ Прво АД друштво за управување со пензиски фондови, член е на УО на Стопанската комора, претседател е на Координативното тело за општествена одговорност на Комерцијална банка АД, како и поранешен претседател на УО на АБИТ.

Д-р Штериева е и предавач при економскиот факултет на Американ Колеџ Скопје, предавач на Програмата за управување со ризици и на Програмата за управување со кредитен ризик на Академијата за банкарство и информатичка технологија, Скопје.

Aктуелниот Главен финансиски директор и член на Управниот одбор на Комерцијална Банка АД Скопје доаѓа на местото на Коста Митровски.


Тони Стојановски
Заменик-претседател на Македонската банкарска асоцијација

М-р Тони Стојановски е Генерален директор за корпоративно банкарство и Член на Управен одбор во Стопанска банка АД – Скопје (од јули 2010 година), во период кога Банката бележи извонредни резултати. На оваа позиција доаѓа од Народната банка на Република Северна Македонија каде што имаше успешна долгогодишна кариера која кулминира со позицијата в.д. генерален директор на Секторот за супервизија, банкарска регулатива и финансиска стабилност. На 22 септември 2022 година е именуван за Претседател на Надзорен одбор на Стопанска Лизинг ДООЕЛ Скопје.

Како магистер по економски науки од областа на монетарната економија и банкар со долгогодишно искуство на одговорни позиции во Народната банка на РМ и во комерцијалното банкарство, господинот Стојановски има значаен придонес во развојот на банкарството во земјата, активно учествувајќи во Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија, во периодот пред формирањето на Македонската банкарска асоцијација, во Академскиот совет и во Управниот одбор на Академијата за банкарство и информатичка технологија (од јуни 2014 година), во Одборот на директори на Македонска берза АД – Скопје (неизвршен член од ноември 2016 година) и преку многу други активности. Во периодот од 2014-2018 година ја извршува функцијата претседател на Надзорниот одбор на Стопанската комора на Македонија.

На позицијата заменик-претседател на Македонската банкарска асоцијација е назначен на 20 април 2018 година со самото формирање на Асоцијацијата како самостојно тело за остварување на заедничките интереси на банките и унапредување на нивното работење.

Милена Перчинкова
Извршен секретар на Македонската банкарска асоцијација

М-р Милена Перчинкова е извршен секретар на Македонската банкарска асоцијација од самото основање. На оваа позиција доаѓа од Стопанската комора на Македонија каде ја извршуваше функцијата секретар на Здружението на банкарството и раководител на Советот на странски инвеститори.

М-р Перчинкова своето долгогодишно работно искуство во областа на банкарството го започнува во Комерцијална банка АД – Скопје, а подоцна се приклучува на тимот на Кредитна банка АД – Скопје, каде извршува раководни функции.

Во периодот од 2008 до 2016 година м-р Перчинкова е генерален директор и член на Управниот одбор на АЛФА банка АД – Скопје и СИЛК РОУД банка АД – Скопје.

Во текот на своето работење м-р Перчинкова придонесува за развојот на финансиските пазари во Република Северна Македонија, како претседател на АЦИ Македонија – Здружение за финансиски пазари (од 1997 до 2008 година).

Во периодот од 2012 до 2016 година е член на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија.

М-р Перчинкова од 2013 до 2019 година е претседател на Одборот за соработка и доверба со јавноста на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, а од ноември 2017 година е член на Управниот одбор на Фондот за осигурување на депозити на Република Северна Македонија.