ИСТОРИСКИ ПОДАТОЦИ

Прв претседател на Македонска банкарска асоцијација е Коста Митровски. На основачкото Собрание на Македонска банкарска асоцијација одржано на 20.04.2018 година, Собранието го избра и именува Коста Митровски за Претседател на Македонска банкарска асоцијација. Оваа функција Коста Митровски ја врши се до 12.06.2019 година кога предвреме му завршува мандатот поради престанок на неговата функција како член на Управенот одбор на Уни банка АД Скопје. На негово место Собранието ја избира и именува Маја Стевкова-Штериева, главен финансиски директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје.


За претседавач на Правната Комисија од формирањето на Македонска банкарска асоцијација како самостојно правно лице па се до 08.11.2018 година беше избрана Надица Ценева од НЛБ банка АД Скопје. На седницата на Собрание одржана на 08.11.2018 година за претседавач на Правната Комисија е избрана Виолета Јанева од НЛБ банка АД Скопје. На 27.12.2022 година Собранието го именува Горазд Поповски од Стопанска банка АД Скопје за нов претседавач на Комисијата, додека Виолета Јанева е избрана за заменик претседавач.


За претседавач на Комисијата за спречување перење пари и усогласеност со прописи од формирањето на Македонска банкарска асоцијација како самостојно правно лице па се до 2019 година беше избрана Маја Андреевска-Блажевска од Стопанска банка АД Скопје. На 19.06.2020 година Собранието на Македонска банкарска асоцијација го именува Глигор Пандиловски од Стопанска банка АД Скопје за претседавач на Комисијата за спречување перење пари и усогласеност со прописи.


За претседавач на Комисијата за сметководство, даноци и МСФИ од формирањето на Македонска банкарска асоцијација како самостојно правно лице беше избрана Ирена Кузманоска од Охридска банка АД Скопје. Нејзиниот мандат завршува поради престанок на работниот однос во Охридска банка АД Скопје и на нејзино место Собранието на 19.06.2020 година ја именува Донка Марковска од НЛБ банка АД Скопје.


Заменик претседавач на Комисијата за сметководство, даноци и МСФИ од формирањето на Македонска банкарска асоцијација како самостојно правно лице па се до 12.02.2020 година беше избрана Мирослава Смоковска од Централна Кооперативна банка АД Скопје. На 19.06.2020 година Собранието на Македонска банкарска асоцијација ја избра Вики Тврдковиќ од Стопанска банка АД Скопје.


На 12.08.2020 година Гувернерот на Народната банка на Република Северна Македонија донесе Решение со кое ја укина дозволата за основање и работење на Еуростандард банка АД Скопје поради исполнување на условите за воведување на стечајна постапка во банката. Од 12.08.2020 година членки на Македонска банкарска асоцијација се сите 14 банки, 2 штедилници, Клириншка куќа Кибс АД Скопје и Македонско кредитно биро АД Скопје.


На 16ти јули 2021 г. со упис на статусната промена – присоединување и официјално заврши процесот на присоединување на Охридска банка АД Скопје кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје. Со ова интегрираната Шпаркасе Банка Македонија АД – Скопје, припаѓа во групата на големи банки заземајќи ја 4-та позиција на банкарскиот пазар.


За претседавач на Комисијата за ризици од формирањето на МБА беше именувана Билјана Момировска од Шпаркасе банка АД Скопје. Во истиот период за заменик претседавач на Комисијата за ризици е избрана Татјана Лескароска-Миноска од Комерцијална банка АД Скопје. На 27.12.2022 година Собранието го продолжи мандатот на претседавачот Билјана Момировска и го именуваше Владимир Давчев од Халк банка АД Скопје за заменик претседавач на Комисијата за ризици.


Како прв претседавач на Комисијата за ликвидност е избран Емил Јакимов од Халк Банка АД Скопје, а за заменик претседавач на Комисијата е именувана Љубица Јанчевска Димитровска од НЛБ банка АД Скопје. На Седницата одржана на 27.12.2022 година Собранието ја именува Антигона Буклеска-Младеновиќ од Комерцијална банка АД Скопје за претседавач на Комисијата, при што Емил Јакимов е новиот заменик претседавач на Комисијата за ликвидност.


Со Комисијата за платен промет во земјата и странство од самиот почеток претседаваше Весела Чурилова од Комерцијална банка АД Скопје, а како заменик претседавач беше именувана Благица Здравковска од УНИБанка АД Скопје. По Седницата одржана на 27.12.2022 година нов претседавач на Комисијата е Благица Здравковска, додека заменик претседавач е Горан Купенков од Комерцијална банка АД Скопје.


Функцијата претседавач на Комисијата за документарно работење oд формирањето на Македонската банкарска асоцијација ја имаше Тони Трајковски од ХАЛК банка АД Скопје. На 27.12.2022 година Собранието на Македонска банкарска асоцијација го именува Андреј Ефтимов од НЛБ банка АД Скопје за претседавач на Комисијата.


Претседавач на Комисијата за информативна сигурност од основањето на МБА е Живко Атанасов од Стопанска банка АД Битола. Заменик претседавач е Кристина Трпезановска од Прокредит банка АД Скопје. На 27.12.2022 година Собранието го продолжи нивниот мандат нови 4 години.


Благодарници за особен придонес во работата на МБА

2018 година 

Правна комисија
Надица Ценева, претседавач, НЛБ банка АД Скопје
Горазд Поповски, заменик претседавач, Стопанска банка АД Скопје

Комисија за СПП и усогласеност на прописи
Маја Андревска Блажевска, претседавач, Стопанска банка АД Скопје

Комисија за ризици
Билјана Момировска, претседавач, Шпаркасе банка Македонија АД Скопје

Комисијата за сметководство даноци и МСФИ
Ирена Кузманоска, претседавач, Шпаркасе банка Македонија АД Скопје

Комисија за документарно работење
Тони Трајковски, претседавач, Халк банка АД Скопје 

Комисија за информативна сигурност
Живко Атанасов, претседавач, Стопанска банка АД Битола 

Работната група за е-даночна пријава
Благица Здравковска, Унибанка АД Скопје
Габриела Миленковиќ, Комерцијална банка АД Скопје.

2019 година 

Комисија за СПП и усогласеност со прописи
Бојана Цветковска Панчевска, заменик претседавач, Комерцијална банка АД Скопје
Дијана Рикаловска, член, Шпаркасе банка Македонија АД Скопје

Комисија за сметководство, даноци и МСФИ
Ирена Кузманоска, претседавач, Охридска банка АД Скопје

Комисија за документарно работење
Андреј Ефтимов, член, НЛБ банка АД Скопје

Комисија за платен промет во земјата и странство
Билјана Митевска, член, Комерцијална банка АД Скопје

Комисија за работа со ХВ
Ѓорѓи Палевски, член, Еуростандард банка АД Скопје

Kонтинуираната маркетинг поддршка
Ратка Тирицовска, член, Стопанска банка АД Скопје

2020 година 

Правна комисија
Виолета Јанева, претседавач,НЛБ банка АД Скопје,
Горазд Поповски, заменик претседавач, Стопанска банка АД Скопје и
Теодора Гушкова, член, Комерцијална банка АД Скопје

Комисијата за информативна сигурност
Живко Атанасов, претседавач од Стопанска банка АД Битола

Работната група за проект Домашна платежна картичка и работната група за предлог – законот за платежни услуги и платни системи
Киро Чадиковски, Комерцијална банка АД Скопје
Стефан Пеповски, Стопанска банка АД Скопје
Александар Атанасовски, НЛБ банка АД Скопје

За ИТ поддршка на националниот натпревар на Европскиот квиз на пари и Денот на штедењето
Сашко Саздовски, Стопанска банка АД Битола

2021 година 

Комисија за спречување перење пари и усоглaсеност со прописи
Глигор Пандиловски, претседавач, Стопанска банка АД Скопје
Бојана Цветковска Панчевска, заменик претседавач,Комерцијална банка АД Скопје

Комисија за финансиско реструктурирање на корпоративен долг
Бојан Стојаноски, претседавач, Стопанска банка АД Скопје
Зоран Грнчаровски, заменик претседавач, НЛБ банка АД Скопје

Комисија за човечки ресурси
Љупчо Фармакоски, претседавач, Комерцијална банка АД Скопје

Односи со јавност
Спасијка Ефтимоска, Комерцијална банка АД Скопје
Ратка Тирицовска, Стопанска банка АД Скопје

2022 година 

Комисија за платен промет во земјата и странство
Благица Здравковска – Заменик претседавач, Унибанка АД Скопје
Билјана Митевска, Комерцијална банка АД Скопје
Билјана Адамческа, Комерцијална банка АД Скопје
Снежана Лутвиовска, Стопанска банка АД Скопје
Љупка Ѓорѓиевска, НЛБ банка АД Скопје 

Комисија за заштита на лични податоци
Бојан Богевски – Претседавач, Стопанска банка АД Скопје
Марија Петрушевска – Заменик претседавач, ТТК банка АД Скопје 

Комисија за спречување перење пари и усогласеност со прописи
Глигор Пандиловски – Претседавач, Стопанска банка АД Скопје
Бојана Цветковска Панчевска – Заменик претседавач, Комерцијална банка АД Скопје 

Комисија за ризици
Билјана Момировска – Претседавач, Шпаркасе банка АД Скопје
Татјана Лескароска-Миноска – Заменик претседавач, Комерцијална банка АД Скопје