На 26 април 2024 година, претседавачите на Комисијата за ЕСГ присуствуваа на ESG Adria Summit во организација на IFC’s Integrated ESG а во соработка со SBFN Sustainable Banking and Finance Network (SBFN) и Sustineri Partners. Настанот беше наменет за обука на обучувачи Training of Trainers (ToT) од банкарските асоцијации во регионот.
Мрежата за одржливо банкарство и финансии (SBFN) ја поздравува Македонската банкарска асоцијација (МБА) како нејзина најнова членка
„Креирањето на амбиент за успешно управување со ризици поврзани со климатските промени и правилната примена на ЕСГ стандардите заслужуваат големо внимание бидејќи истите ќе обезбедат создавање поздрава животна средина и остварување на целите за одржлив развој на целата национална економија. Улогата на банкарскиот сектор во ублажувањето на климатските промени, е да ја обезбеди транзицијата кон зелено финасирање”, истакна Богоја Китанчев претседавач на Комисијата за ЕСГ при Македонската банкарска асоцијација, на неодамнешното гостување на 15. Бизнис форум во организација на Ротари клуб Скопје Центар.
Собранието на Македонската банкарска асоцијација на 42. седница донесе Одлука за избор и именување на претседавач и заменик-претседавач на Комисијата за ESG.
На 22.9.2023 година се одржа состанок на новоформираната Комисија за ЕСГ (Environmental, Social, and Corporate governance) при Македонската банкарска асоцијација.
Вчера, 22.3.2023 година, се одржа првиот настан на жени лидери во банкарскиот сектор на кој се разговараше за најголемиот предизвик за новата генерација на жени лидери – зелената економија.
На 09.02.2023 година се одржа настан на тема „Maximizing Sustainable Finance Opportunities”, организиран од International Finance Corporation (World Bank Group) во соработка со Македонската банкарска асоцијација.
На 17.11.2022 година се одржа вебинар на тема Улога на приватниот и финансискиот сектор во одржливиот развој, финансирање на развој и зелената трансформација, во организација на Секретаријатот на Регионалниот совет за соработка (RCC), Стопанската комора на Црна Гора и Здружението на банки на Црна Гора.