

Со своето основање Македонската банкарска асоцијација стана асоцијативна членка на Европската банкарска федерација.
Европската банкарска федерација е гласот на европскиот банкарски сектор. Обединува 32 национални банкарски асоцијации во Европа кои заедно претставуваат околу 5.981 банки – големи и мали, локални и меѓународни – кои вработуваат околу 2,6 милиони луѓе.
На 28.10.2019 година, на 39-тата Регионална конференција што се одржа во Будимпешта, Унгарија, Македонската банкарска асоцијација (МБА) и Банкарската асоцијација на Централна и Источна Европа (БАЦЕЕ) потпишаа договор за долгорочна соработка.
Договорот кој го потпишаа претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова Штериева и генералниот секретар на БАСЕЕ, Иштван Ленгел, предвидува соработка за заедничко промовирање на развојот на финансискиот сектор како и теми кои вклучуваат банкарска регулатива, развој на финансиски пазари, дигитализација, усогласеност со прописи, корпоративно управување.
На 15.6.2021 година, Македонската банкарска асоцијација стана 18. членка на Меѓународниот координативен совет на банкарски здруженија – Меѓународен банкарски совет. Меѓународниот банкарски совет е основан во септември 2004 година од банкарските асоцијации на Руската Федерација, Белорусија, Република Казахстан, Република Киргистан и земјите од Централна и од Источна Европа со цел меѓусебна размена на професионално искуство и воспоставување заемно разбирање и доверба помеѓу банкарските асоцијации.
29.02.2024 година
Мрежа за одржливо банкарство и финансии (SBFN) – The Sustainable Banking and Finance Network
Македонската банкарска асоцијација (МБА) стана членка на Мрежата за одржливо банкарство и финансии (SBFN – Sustainable Banking and Finance Network) во февруари 2024 година.
Членството во SBFN има за цел да придонесе кон создавање поволна средина за унапредување на практиките за управување со ESG ризиците (ризици поврзани со животната средина, општествените аспекти и корпоративното управување), како и кон поттикнување на иновациите во развојот на финансиски производи и услуги. На тој начин, се поддржува насочувањето на капиталот кон активности кои придонесуваат за остварување на еколошките и социјалните цели и за одржлив економски развој.
Преку членството во SBFN, МБА има можност да соработува со меѓународна мрежа на регулатори, финансиски институции и други релевантни чинители, да разменува знаења и искуства и да придонесува кон развојот на одржливите финансиски практики.
„Заедно, имаме за цел да поттикнеме позитивно влијание врз финансискиот пејзаж, промовирајќи практики усогласени со Целите за одржлив развој“, изјави Ронг Џанг, глобален координатор на SBFN.
Macedonian Banking Association joins SBFN
www.sbfnetwork.org
16.06.2023 година
Европска банкарска тренинг асоцијација – European Banking and Financial Services Training Association (EBTN)
Македонската банкарска асоцијација (МБА) стана полноправна членка на Европската банкарска тренинг асоцијација (EBTN – European Banking and Financial Services Training Association) со Одлука за прием во членство, донесена од Годишното собрание на ЕБТН на 16 јуни 2023 година во Париз.
ЕБТН е европска непрофитна организација со седиште во Брисел, Белгија, која дејствува во рамките на просториите на Европската банкарска федерација. На европско и меѓународно ниво, ЕБТН има значајна улога во унапредувањето на знаењата, вештините и професионалните стандарди во областа на банкарството и финансиските услуги.
Членството на МБА во ЕБТН овозможува поголема вклученост на македонскиот банкарски сектор во европските иницијативи и програми за образование, професионална обука и развој на банкарскиот кадар, како и размена на знаења и добри практики со сродни институции од Европа.