Претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова Штериева во „Топ тема“
Претседателката на Македонската банкарска асоцијација д-р Маја Стевкова Штериева учествуваше во емисијата Топ тема на Телма Телевизија на 23.03.2022 година.
Претседателката на Македонската банкарска асоцијација д-р Маја Стевкова Штериева учествуваше во емисијата Топ тема на Телма Телевизија на 23.03.2022 година.
Претседателката на Македонската банкарска асоцијација, д-р Маја Стевкова Штериева, гостуваше во емисијата „Приказни кои инспирираат“, каде говореше на тема Родова застапеност во банкарството.
Банките се стабилни, резистентни на шокови, со профитабилност која може да послужи како дополнителна брана во случај на непредвидени настани кои би можеле да имаат негативни ефекти на нивната стабилност, порачува претседателката на Македонската банкарска асоцијација Маја Стевкова Штериева во интервју за МИА. Пандемијата, како што посочува, го нагласила зголемувањето на штедењето како глобален феномен, а ниските каматни стапки и инфлаторските движења неизбежно влијаеле на состојбите со депозитите и главно имаат две видливи манифестации – склоност на населението да инвестира во недвижен имот и да ги претвара денарските депозити во евра.
По повод 15 март – Светскиот ден на правата на потрошувачите, Организацијата на потрошувачите на Македонија организираше онлајн работна средба на која свое пригодно обраќање имаше претседателката, д-р Маја Стевкова Штериева
Банкарскиот сектор во земјава оваа година покажа исклучителна одговорност во работењето и посветеност на грижата за клиентите со цел сите да успееме да ги надминеме последиците од пандемијата од вирусот Covid-19. Банките ги одржаа ликвидноста и солветноста и со 30 септември 2020 година остварија позитивни резултати во работењето и речиси е извесно дека банкарскиот сектор годината ќе ја заврши со добивка.
Ова во интервју за МИА го истакнува претседателката на Македонската банкарска асоцијација Маја Стевкова-Штериева.
Комерцијална банка АД Скопје со гордост објавува дека е прогласена за „Банка на годината во 2020 година“ во Република Северна Македонија од страна на престижниот финансиски магазин „The Banker“. Освен како високо признание за постигнатите резултати во работењето, значењето на наградата е уште поголемо бидејќи таа е признание и за лидерството што го покажа Банката во оваа година во која земјава, како и целиот свет, со соочува со пандемија од досега невидени размери.
Почитуван Министре Бесими, почитувана Гувернерке Ангеловска-Бежовска, почитуван в.д. директор на ФОД, Шабани, почитувани колеги,
Би сакала во свое име и во името на МБА да го честитам Светскиот ден на штедењето и да посакам уште многу години успешна работа.
Банкарскиот систем е во одлична кондиција. Во изминатите денови не се забележани невообичаени повлекувања на депозити од страна на граѓаните кои би можело да се припишат на настаните поврзани со „Еуростандард банка“.
Погледнете го видеото од гостувањето на претседателката на Македонската банкарска асоцијација, д-р Маја Стевкова Штериева во емисијата Економски магазин на ТВ АЛСАТ.
Д-р Маја Стевкова-Штериева, претседател на МАКЕДОНСКАТА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА и Главниот финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје, како претставник на МБА беше гостин во емисијата Вин Вин на Телма ТВ.
Банките заедно со Народната банка работат на изготвување решение кое ќе придонесе за олеснување на финансискиот товар на компаниите и населението. Предлози од банките се испратени до централната банка и многу брзо се очекува конечното решение од Народната банка.
Д-р Маја Стевкова Штериева e нов претседател на Македонската Банкарска Асоцијација. Aктуелниот Главен финансиски директор и член на Управниот одбор на Комерцијална Банка АД Скопје доаѓа на местото на Коста Митровски, кому според статутот на Македонската банкарска асоцијација поради престанок на неговата функција како член на управен одбор на банка предвреме му заврши мандатот. Ова е и единствената одлука на 11 седница на Собранието на МБА.
Necessary cookies are absolutely essential for the website to function properly. This category only includes cookies that ensures basic functionalities and security features of the website. These cookies do not store any personal information.
Any cookies that may not be particularly necessary for the website to function and is used specifically to collect user personal data via analytics, ads, other embedded contents are termed as non-necessary cookies. It is mandatory to procure user consent prior to running these cookies on your website.