Претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова – Штериева, панелист на првата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители во РС Македонија

Во организација на Институтот за сметководители и овластени сметководители на РС Македонија денес се одржа Првата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители во РС Македонија, под наслов Сметководството во регионот – трендови, предизвици, стандарди и перспективи, на која како панелист учествуваше претседателката на Македонската Банкарска Асоцијација, д-р Маја Стевкова – Штериева.

Претседателката во своето излагање даде силна подршка на процесите за развој на сметководствената професија и го нагласи значењето на правилната имплементација на меѓународните сметководствени стандарди (МСФИ) од два аспекти:

  • Имплементирање на МСФИ во финансиските извештаи на клиентите на банките и
  • Имплементација на МСФИ и објективно презентирање на финансиските извештаи од страна на банките.

Д-р Стевкова Штериева се осврна на значењето на сметководствената професија и улогата на сметководителите за целосно, точно и прецизно евидентирање на деловните настани во книгите на економските агенти, што би придонело за сеопфатно прикажување на сите деловни потфати од страна на компаниите, значењето на нивните извештаи за остварување на кредитната функција на банките. Таа ја поздрави иницијативата за одржување на Регионална конференција со која ке се нагласи улогата и значењето на оваа професија. Зборувајки за искуствата на банките го истакна значењето на известувањето по МСФИ, не само за банките туку и за клиентите на банките.

Од аспект на банките, таа информира дека банкарскиот сектор е една од најрегулираните области во државата во делот на имплементација и објективното презентирање на финансиските извештаи во согласност со Меѓународните стандарди за финансиско известување, пред се заради соработката со меѓународните институции, капиталните вложувања на земјите членки од Европска унија т.е известување на групациска основа и законските обврски спрема Народната банка согласно Законот за Народна банка и Одлуката за методологијата за евидентирање и вреднување на сметководствените ставки и за подготовка на финансиските извештаи, чиј важечки сет на финансиски извештаи беше во примена од 2008 година.

Конференцијата ја отвори претседателката на ИСОС, Весна Прентоска, претседателот на Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија, Горан Рафајловски и министерот за финансии, д-р Фатмир Бесими. Од нивна страна беше информирано дека преводот и потпишувањето на меѓународните сметководствени стандарди е во финална фаза и се очекува да се објават во текот на првата половина од април годинава, со рок на примена од 01.01.2025 година. Во рамките на истатата како панелисти учествуваа и претставници од државните институции, Управата за јавни приходи и Централниот регистар, претставничка на IFAC – Меѓународната федерација на сметководители, претставници од институти и сојузи на сметководители од земјата и регионот, претставници на бизнис заедницата, академската заедница, а Народната банка беше претставувана од Марија Ефремова – Советник на гувернерот на Народната Банка.

niksa

About niksa