Претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова-Штериева во вечерашното издание на Вин-Вин на Телма ТВ

Д-р Маја Стевкова-Штериева, претседател на МАКЕДОНСКАТА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА и Главниот финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје, како претставник на МБА беше гостин во емисијата Вин Вин на Телма ТВ.


Во целата оваа полемика вклучително најмногу на социјалните медиуими од некои експерти дали забележувате поголема расправа за овие што подигнале 5,5 милијарди од банките во кредитна линија наспроти овие што во истите банки ставиле 4 милијарди, а всушност сите што сме ги земале кредитите Кире и јас сме ги земале затоа што некој друг изградил доверба кон банкарскиот систем и ги оставил своите пари таму?

Стевкова-Штериева: „Во текот на изминативе години, во текот на сите кризи со кои што сме се соочиле, значи ние сме ја имале Косовската крива, кризата од 2001 година, вештачки индуцирана криза од социјалните медиуми 2016 итн. Во сите тие кризи имало повлекување на депозитите каде што банките без проблем одговарале. Во една од кризите нашата статистиката покажува дека имало десет посто намалување на депозитната база и ние во тој период, не е дека не го почуствувавме, туку немаше позначајни проблеми бедејки банките беа и се здрави од тој аспект.
И сега секој кој што ќе си дојде јас ги сакам своите пари, ќе дојде ќе ги подигне, нема проблеми, никогаш не му било кажано не или не му било кажано дека не можеш да ги подигнеш своите евра или било која валута и тој практично тоа што го очекувал го добил.
Но, овој што земал кредит првата негова рекација е сега е банката супер ни даде кредит, сега ќе идам ќе си ги потрошам парите ама кога ќе треба да ги вратам банката не чини, па посебно еве сега оваа дискусија која се развива околу каматите, тој на првиот повик дека треба да ги врати парите или дека треба да плати камата седнува и пишува на социјалните мрежи, фејсбук, твитер што и да е банките се вакви, каматат е таква, не знам како, а впрочем ако било која интервенција несистемска, нестандардна се направи кај банките тогаш може да се создадае проблем и кај овој кој што секогаш, овие 4 милијарди депоненти, физички лица кој што секогаш биле среќни, верувале и знаеле дека овој систем ве цени и наназад одговарал на нивниот повик да си ги повлечат и платата со своите депозити и знаеле дека им се сигурни.“


Видеото од интервјуто на д-р Маја Стевкова-Штериева во емисијата Вин Вин на Телма ТВ…

niksa

About niksa