Претседателката на МБА доби признание за развој на меѓународна соработка

На 46.меѓународна конференција на Банкарската асоцијација на централна и источна Европа (БАЦЕЕ) што се одржа на 19.10.2023 година во Будимпешта, претседателката на Македонскaта банкарска асоцијација, д-р Маја Стевкова Штериева доби признание за развој на меѓународна соработка.

Меморандумот за соработка на МБА и БАЦЕЕ овозможи вработените во членките на МБА да присуствуваат на овие настани без плаќање котизација.

МБА ќе продолжи да соработува со БАЦЕЕ како партнер и да ги подржува конференциите на БАЦЕЕ кои во последните 25 години се едни од најзначајните банкарски настани во регионот на ЦИЕ/ЈИЕ.

niksa

About niksa