Седмо издание на Денови на финансиската писменост, 21 – 23 ноември, 2023 година

niksa

Традиционално, Народна банка по седми пат е организатор и учесник на Денови нa финансиска писменост при што упати јавен повик за учество на едукативните предавања до сите заинтересирани граѓани.

Накусо отежнат пристапот до веб-страниците на НБ и домашните банки: Интегритетот и доверливоста на податоците не е доведен во прашање

niksa

Вчеравечер, кус временски период беше отежнат или блокиран пристапот до веб-страниците на Народната банка и домашните банки, како резултат на ДДоС напад. Ова беше надминато во најкус рок преку мерките кои беа преземени од страна на Народната банка, банките и веб-провајдерите. Безбедноста, односно доверливоста и интегритетот на податоците, во ниту еден момент не беше доведенa во прашање.

СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНАТА БАНКА И МАКЕДОНСКАТА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА

niksa

Ве известуваме дека беше одржан работен состанок на којшто зедоа учество претставници на банките и штедилниците и претставници на Народната банка. Состанокот беше во врска со невистините и лажните информации коишто се пласираат во јавноста во изминатиот период, поврзани со банкарскиот систем, на штета на целата економија и општеството во целина. Во продолжение е заедничко соопштение за јавноста:

Денарот е и ќе остане стабилен – нема промени на нивото на неговиот девизен курс

niksa

Имајќи предвид дека во некои медиуми и на социјалните мрежи има објави во коишто се коментираат девизни курсеви на онлајн-платформи, би сакале да укажеме дека овие онлајн-платформи не се релевантен извор за следење на вредноста на денарот. Објавите на овие онлајн-платформи не произлегуваат од реално тргување со валути. Единствен релевантен извор на информации според којшто населението и фирмите може да го следат девизниот курс на домашната валута е курсната листа што ние како централна банка ја објавуваме на нашата веб-страница –www.nbrm.mk. Таа ги отсликува цените на валутите од реалните тргувања на домашниот девизен пазар. На курсната листа којашто е во важност и во моментов, средниот курс на еврото во денари изнесува 61,69 денари.

Донесена Уредба со законска сила за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците

niksa

Со задоволство ја информираме јавноста дека денес е донесена Уредбата за начинот на промена на договорните услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците подготвена од Народната банка, Министерството за финансии и Правната комисија при Македонската банкарска асоцијација.

Ангеловска-Бежоска: Можностите за промена на договорните услови се поповолни за засегнатите граѓани од мерка само со мораториум, се работи на уредба за ефикасна и брза имплементација

niksa

Во интервју за МТВ, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска појасни што сѐ се овозможува со регулаторните измени коишто Советот на Народната банка ги донесе во петокот и одговори на низа прашања поставени во изминатите денови.

Банките и НБ подготвуваат решение да се олесни товарот на компаниите и населението

niksa

Банките заедно со Народната банка работат на изготвување решение кое ќе придонесе за олеснување на финансискиот товар на компаниите и населението. Предлози од банките се испратени до централната банка и многу брзо се очекува конечното решение од Народната банка.

Банките, штедилниците, менувачниците и правните субјекти коишто даваат услуга брз трансфер на пари продолжуваат да работат

niksa

Почитувани граѓани,

Ве известуваме дека и по прогласувањето на вонредна состојба, финансиските институции за коишто Народната банка е надлежен регулаторен и супервизорски орган (банки, штедилници, менувачници и правни субјекти коишто даваат услуга брз трансфер на пари) продолжуваат да работат и да ги извршуваат своите клучни функции, со што нивните услуги и натаму ќе ви бидат достапни.

Во Македонска Банкарска Асоцијација се разгледаа новите предлог-одлуки на Народна Банка

niksa

На состанокот со членките на Македонската банкарска асоцијација и претставниците на Народната Банка на Република Северна Македонија беа разгледани предлог – одлуки на Народна банка кои се од клучно значење за банкарскиот сектор.