Соопштение за јавноста
Македонската банкарска асоцијација се приклучува на апелите за внимание околу актуелната кампања за smishing (SMS phishing) за корисниците на платежни картички.
Македонската банкарска асоцијација се приклучува на апелите за внимание околу актуелната кампања за smishing (SMS phishing) за корисниците на платежни картички.
Македонската Банкарска Асоцијација, изразува најoстра реакција на непрофесионално изнесени наводи и наслов кај одредени медиуми во врска со висината и начинот на пресметување на надоместоци за прифаќање на банкарски картички.
Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека деловните банки во нашата земја не прифаќаат ефективни парични средства во валута норвешка круна (NOK) и шведскa крунa ( SEK).
По добиено известување од странските банки дека по 31.10.2022 година нема да примаат ефективни странски пари во дански круни (DKK) ја информираме јавноста дека банките во Република Северна Македонија ќе примаат/исплатуваат ефективни странски пари во дански круни (DKK) најдоцна до датумите на известување на секоја домашна банка.
Македонската Банкарска Асоцијација, во името на сите свои членки – банките, штедилниците, Клириншката куќа и Македонското кредитно биро изразува најoстар протест и отфрлање на сите крајно неосновани наводи за банкарскиот сектор, изнесени на прес конференцијатата одржана на 22.08.2022 година. Потенцираме дека никој нема право да изнесува небулозни наводи и обвинувања за цел банкарски сектор на една држава врз основа на некакви приватни истраги. Банкарскиот сектор е дел од севкупниот економски систем на оваа земја, дом на заштедите на македонските граѓани и компании и столб на целокупниот финансиски систем на Република Северна Македонија.
Во врска со шпекулативните и невистинити информации коишто се пласираат во јавноста во изминатиот период, поврзани со движењата на менувачкиот пазар и девизниот курс ги известуваме граѓаните дека менувачките работи кај банките се одвиваат непречено.
Денес со пријавените ментори од 73 основни и средни училишта од нашата земја и нивните ученици од 186 одделенија односно класови, се одржа виртуелна работна средба за подготовка за овогодинешниот Европски квиз на пари – еден од најзначајните меѓународни настани чија цел е финансиска едукација на учениците од 13 до 15 години.
Вчеравечер, кус временски период беше отежнат или блокиран пристапот до веб-страниците на Народната банка и домашните банки, како резултат на ДДоС напад. Ова беше надминато во најкус рок преку мерките кои беа преземени од страна на Народната банка, банките и веб-провајдерите. Безбедноста, односно доверливоста и интегритетот на податоците, во ниту еден момент не беше доведенa во прашање.
Во врска со неодамнешните написи објавени во средствата за јавно информирање со кои се дава неточно известување за правата на доверителите при распределбата на средствата од стечајната маса во случајот со Еуростандард банка АД Скопје во стечај, при што се сугерира да не се почитува Законот за стечај по однос на начинот на намирување на побарувањата на доверителите од ист исплатен ред, Македонската банкарска асоцијација ја потсетува јавноста за следното:
Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека согласно со мислењето добиено од Управата за финансиско разузнавање, а со заложби за изнаоѓање решение и од страна на Народната банка, надминат е проблемот во врска со непреченото користење на услугите и производите на банките и штедилниците од страна на граѓаните на коишто им е истечена важноста на личната карта.
Ве известуваме дека беше одржан работен состанок на којшто зедоа учество претставници на банките и штедилниците и претставници на Народната банка. Состанокот беше во врска со невистините и лажните информации коишто се пласираат во јавноста во изминатиот период, поврзани со банкарскиот систем, на штета на целата економија и општеството во целина. Во продолжение е заедничко соопштение за јавноста:
Со цел успешно реализирање на еднократна финансиска помош од 6.000 денари како дел од четвртиот пакет антикризни мерки, банките максимално ги ставија на располагање своите ресурси и во согласност со Законот за финансиска поддршка (Сл.Весник.290/20 од 07.12.2020) во краткиот законски рок, до крајот на работното време на 25.12.2020 година вршеа распределување на добиените средства на трансакциските сметки на граѓаните.
Македонската банкарска асоцијација во соработка со Фондот за осигурување на депозити денес организираше пригодна виртуелна свечаност по повод Светскиот ден на штедењето, 31 октомври.
Македонската банкарска асоцијација следејќи ги најновите настани и дискусии во јавноста одржа состанок на кој се дискутираше за здравоста на банкарскиот систем и улогата на Народната банка.
Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека изминатите денови е присутна појава на објави со неточни информации за поединечни банки, коишто можат да предизвикаат неоснована вознемиреност кај граѓаните.
Денес, 29.09.2020 година, во просториите на Македонска банкарска асоцијација се одржа првата седница на ново избраниот Одбор за избор и следење на референтни банки.
Заклучно со 30.9.2020 година завршува периодот на одложена отплата на кредитните производи за население согласно понудата која деловните банки ја објавија за сите свои корисници на почетокот на април годинава, во согласност со регулативата на НБРСМ.
Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека изминатите денови е присутна појава на објави со неточни информации за состојбите во банкарскиот систем и за поединечни банки, коишто можат да предизвикаат неоснован немир кај граѓаните.
Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека банките и овој месец предвремено ќе ја извршат исплатата на августовските пензии.
Фондот за осигурување на депозити ги известува депонентите – физички лица (резиденти и нерезиденти) на „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај и јавноста, дека согласно критериумите пропишани од Фондот за осигурување на депозити за избор на банка – исплатувач, односно банки – исплатувачи преку кои ќе се врши исплатата на обесштетувањето на осигурените депозити, избрани се следните 4 (четири) банки:
Како што известивме и претходно, банкарскиот систем е во одлична кондиција, при што сите банки се подготвени да одговорат на потребите на населението и компаниите.
Во врска со соопштението на Народната банка за укинување на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје, Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека ниту една друга банка не е изложена на ризик којшто може да се одрази на нарушување на нејзината стабилност и солвентност. Банкарскиот систем се одликува со исклучително прудентно работење и отпорност на шокови.
Фондот ги обесштетува осигурените депозити, но не повеќе од денарска противвредност од 30.000 евра по депозит во банка пресметани по средниот курс на Народната банка на 12 август, 2020 година.
Корисниците на дебитни картички со својата пензија ќе располагаат веќе од утре – вторник, 28 јули 2020 година
Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека банките се подготвени да ја извршат исплатата на паричната помош од социјална и детска заштита.
МБА апелира корисниците на домашна платежна картичка да ги следат информациите што банките ги доставуваат до нив во врска со начинот и терминот на подигнување на картичката.
Корисниците на дебитни картички со средствата ќе располагаат од вторник, 2 јуни 2020 година
Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека банките се подготвени да ја извршат исплатата на паричната помош од социјална и детска заштита.
Корисниците на дебитни картички со својата пензија ќе располагаат веќе од среда, 27 мај 2020 година
Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека сите банки се подготвени да ја извршат исплатата на паричната помош од социјална и детска заштита, притоа водејќи максимална грижа за заштита на јавното здравје.
Корисниците на дебитни картички со својата пензија ќе располагаат од утре, а готовинската исплата ќе се спроведе по групи следната недела
Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека сите банки се подготвени предвремено да ја извршат исплатата на априлските пензии, согласно со добиените податоци од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека според првичните податоци од сите наши членки – банки и штедилници, за прифаќање на понудите за олеснување на финансискиот товар со одложување на наплатата на кредитите се одлучија околу 70 % од кредитокорисниците – физички лица.
Во околности на галопирачки негативен развој на состојбите со пандемијата од КОВИД 19, кога е сеуште невозможно да се согледаат последиците врз нашата економија, свесни дека многу наши компании веќе се соочуваат со проблеми во своето работење, членките на Македонската Банкарска Асоцијација – банки и штедилници се подготвени да излезат во пресрет на сите барања на кредитокорисниците – граѓани и правни лица кои се соочуваат или во иднина ќе се соочат со времена неможност, целосна или делумна, за отплата на своите обврски по кредити.