За прифаќање на понудите на банките и штедилниците се одлучиле околу 70% кредитокорисници – физички лица

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека според првичните податоци од сите наши членки – банки и штедилници, за прифаќање на понудите за олеснување на финансискиот товар со одложување на наплатата на кредитите се одлучија околу 70 % од кредитокорисниците – физички лица.

Во однос на правните лица, понудите се усогласуваат со секој клиент одделно, во зависност од неговите потреби. Притоа, сите наши членки настојуваат максимално да им излезат во пресрет на фирмите засегнати од актуелната состојба, за да им се овозможат полесно да ги надминат потешкотиите предизвикани од шокот предизвикан од пандемијата на коронавирусот.

Сите наши членки нудат можност физичките лица коишто ја прифатиле понудата, а во следните месеци ќе сакаат и ќе бидат во можност да продолжат со плаќање на кредитите, да се изземат од понудата. Исто така, нашите членки ќе излезат во пресрет и на барањата на своите клиенти коишто сега ја одбиле понудата, а во натамошниот период ќе проценат дека имаат потреба од привремено олеснување на финансискиот товар, дополнително да се приклучат кон понудата и наплатата на кредитот да им се одложи до завршување на грејс-периодот предвиден со понудата. Барањата за изземање или приклучување кон понудата, во претстојниот период ќе се процесираат индивидуално. Секој клиент што ќе има вакво барање ќе треба телефонски или со е-порака да ја контактира банката или штедилницата од којашто користи кредитен производ, за да се договори како да го достави барањето и притоа да биде заштитено неговото здравје.

И понатаму, банките и штедилниците максимално ќе се заложат преку своето работење да дадат поддршка за македонската економија, како во периодот на корона-кризата, така и во посткризниот период, придонесувајќи за нејзиното опоравување. Притоа, приоритет ќе биде и континуираното одржување на финансиската стабилност.

.

niksa

About niksa