Одржан 59. состанок на асоцијативните членки на Европската Банкарска Федерација (ЕБФ)

На 7 јуни 2024 година, во Атина, Грција се одржа 59. состанок на асоцијативните членки на Европската банкарска федерација (ЕБФ), чиј домаќин беше Грчката банкарска асоцијација.

На состанокот, на кој што присуствуваа претставници на здруженија на банки од повеќе земји од регионот и Европа, беа презентирани активностите на Европската банкарска федерација, најновите случувања на ниво на ЕУ, а се разменија и искуствата и предизвиците со кои се соочува банкарскиот сектор во земјите на членките учесници.

Македонската Банкарска Асоцијација ја претставуваше претседателството на МБА, д-р Маја Стевкова Штериева и м-р Тони Стојановски.

niksa

About niksa