Победниците на Европскиот квиз на парите ја посетија Македонската Берза
На 06.6.2022 по доделувањето на наградите за националниот натпревар Европски квиз на парите, од страна на претседателката на МБА д-р Маја Стевкова-Штериева, заменик-претседателот м-р Тони Стојановски, гувернерката на Народната Банка д-р Анита Ангеловска-Бежоска и комисионерот д-р Зоран Колев од Комисијата за хартии од вредност, победниците на натпреварот ја посетија Македонска Берза АД Скопје.