Победниците на Европскиот квиз на парите ја посетија Македонската Берза

На 06.6.2022 по доделувањето на наградите за националниот натпревар Европски квиз на парите, од страна на претседателката на  МБА д-р Маја Стевкова-Штериева, заменик-претседателот м-р Тони Стојановски, гувернерката на Народната Банка д-р Анита Ангеловска-Бежоска и комисионерот д-р Зоран Колев од Комисијата за хартии од вредност, победниците на натпреварот ја посетија Македонска Берза АД Скопје.

Евита Иванова, советник за деловна поддршка во Македонска Берза АД Скопје одржа кратка презентација каде ги запозна учениците и менторите со работата на берзата.

Оваа година најдобриот тим на Европскиот квиз на парите беа учениците Матеја Талеска и Дино Дановиц од СУГС ,,Јосип Броз – Тито” во Скопје, под менторство на Емилија Величкова, второпласирани беа Јани Јеранда и Теона Митревска од СЕПУГС ,,Васил Антевски – Дрен’’ менторирани од Билјана Ниновска, додека третото место го освоија Марија В’чкова и Стефанија Сарафимова од СОУ Гимназија ,,Добри Даскалов” во Кавадарци, а нивна менторка беше професорката Јасминка Ризова.

niksa

About niksa