Македонската банкарска асоцијација на сите штедачи им го честита Денот на штедењето 31. октомври!

niksa
  • Сѐ започна во 1924 година, кога на истиот ден во Милано е одржан Првиот конгрес на штедилници, на кој е заклучено дека штедните влогови се основа за раст и развој на секоја национална економија. Оттогаш, последниот ден од октомври е посветен на промовирање и јакнење на јавната свест за важноста на штедењето, а воедно и за борба против расипништвото.

НАЈДОБРИ СЛУЖБЕНИЦИ ЗА 2023 ГОДИНА

niksa

Традиционално, по повод Светскиот ден на штедење 31. октомври нашите членки – банките, штедилниците Клириншката куќа КИБС и Македонското кредитно биро номинираат службеници со постигнати особени резултати во нивната работа

НАЈДОБРИ СЛУЖБЕНИЦИ ЗА 2022 ГОДИНА

niksa

По повод светскиот ден на штедење 31.октомври признание за постигнати особени резултати во нивната работа добија 33 службеници од 13 банки, 2 штедилници, Клириншката куќа КИБС АД и Македонското кредитно биро.

Одбележан Светскиот ден на штедењето

niksa

Одбележувањето на Светскиот ден на штедењето, 31 октомври, денот кога се потсетуваме колку е важно да се има финансиска сигурност во вид на заштеда и долгорочно да се штеди за остварување на поставените цели, Македонската банкарска асоцијација оваа година го организираше во хибриден формат. Прославата со ограничен број присутни  се одржа во хотел Мериот, Скопје а можеше да се следи во живо на Јутуб каналот на Асоцијацијата.

Најдобри службеници за 2020 година

niksa

По повод светскиот ден на штедење 36 службеници од 14 банки, 2 штедилници, Клириншката куќа КИБС и Македонското кредитно биро добија признание за нивната работа.

Одбележан Светскиот ден на штедењето

niksa

Македонската банкарска  асоцијација во соработка со Фондот за осигурување на депозити денес организираше пригодна виртуелна свечаност по повод Светскиот ден на штедењето, 31 октомври.

Поздравно обраќање на д-р Маја Стевкова Штериева на виртуелниот настан по повод Светскиот ден на штедење

niksa

Почитуван Министре Бесими, почитувана Гувернерке Ангеловска-Бежовска, почитуван в.д. директор на ФОД, Шабани, почитувани колеги,

Би сакала во свое име и во името на МБА да го честитам Светскиот ден на штедењето и да посакам уште многу години успешна работа.

МБА и Фондот за осигурување депозити ги учат младите на штедење

niksa

На Светскиот ден на штедењето 31-ви октомври Македонската Банкарска Асоцијација и Фондот за осигурување депозити организираа едукативeн настан кој за цел го има стимулирањето на знаењата и развивање на навиките за штедење кај младите.

МБА и Фондот за осигурување на депозити го одбележаа Светскиот ден на штедењето

niksa

Македонската банкарска асоцијација и Фондот за осигурување депозити оваа година по повод Светскиот ден на штедењето, 31- ви октомври организираа пригодна прослава.

Македонската банкарска асоцијација ги награди најдобрите

niksa

Во својата премиерна година на егзистирање, Македонската банкарска асоцијација, по повод Светскиот ден на штедењето 31 октомври, ги награди најдобрите банкарски службеници во земјата. На пригодна свеченост, 38 банкарски службеници, од 15 банки и 2 штедилници, и од две финансиски институции, добија признание за нивната работа, награда за нивниот труд, дотолку повредна бидејќи е изнедрена од оценките на нивните непосредни соработници.