Збор на добитниците


Владанка Џекова – Мицева – Стопанска банка АД Скопје

Четири години ѝ беа потребни на банкарската службеничка Владанка Џекова – Мицева да стигне до својата прва награда

Наградата за мене е изненадувачка. Резултат е на постојаното комуницирање со колегите, посветеноста со коjа влегувам во работните задачи. Посебна чест ми е што доаѓа од Македонската банкарска аоцијација и ме мотивира да стекнувам нови знаења, нови искуства и, пред сè, нови пријателства со колегите од истата професија, што е многу значајно за натамошно усовршување во струката.

 

Тамара Гелевска – НЛБ банка АД Скопје

Многу сум возбудена што колегите вака го оценија мојот труд. За 1,5 година се вложив целосно во работата и оттаму наградата ми е особено драга. Напорната работа се исплатува, а наградата е мотив. Мотивира повеќе да се трудиш и да се усовршуваш.

 

Фљура Азиири – Шпаркасе банка Македонија АД Скопје

Искрено, не очекував дека токму јас ќе ја добијам наградата. Ова е моја прва награда и затоа ми е особено мила. Ме мотивира да одам понатаму и да трагам по нови награди, зошто не. Работата ја работам со задоволство и очекувам, со збогатување на искуството и со помошта од колегите, да напредувам на мое лично задоволство и на задооволство на сите во банката.

 

Беким Чауши – Силк роуд банка АД Скопје

Соработката со колегите и напорната работа, поддршката и искуството резултираа со оваа награда, која ме прави среќен и ми дава надеж за уште поголеми вложувања и поквалитетна работа во банкарскиот систем. На помладите им советувам целосно да се посветат на работата. Пред сè, професионално, квалитетно и на задоволство на нашите клиенти.

niksa

About niksa