31 Октомври – Светски ден на штедењето
Светскиот ден на штедењето, кој се одбележува секоја година на 31 октомври, претставува потсетник за значењето на штедењето како важна навика за финансиска сигурност, стабилност и долгорочна благосостојба. Овој ден ја нагласува важноста на одговорното управување со личните финансии, градењето финансиска свест и довербата во банкарскиот систем.
По повод денот на штедењето, Македонската банкарска асоцијација (МБА), во соработка со Фондот за осигурување на депозити (ФОД), традиционално организираат свечен настан на кој се доделуваат признанија на најдобрите службеници од сите 17 членки на МБА.
Со оваа традиција, МБА и ФОД оддаваат признание на професионалноста, посветеноста и придонесот на вработените во банкарскиот сектор, кои преку својата секојдневна работа придонесуваат за квалитетни банкарски услуги, зајакнување на довербата кај клиентите и унапредување на финансиската стабилност.
Одбележувањето на Светскиот ден на штедењето е и можност да се потсетиме дека штедењето не е само финансиска одлука, туку и важен чекор кон посигурна иднина. Преку заедничките активности и континуираната посветеност на банкарскиот сектор, се поттикнува развојот на финансиската култура и свеста за значењето на штедењето.
Честит Светски ден на штедењето!




