Обраќање на Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на Свечената академија по повод 30 години монетарна самостојност
Одамна е речено дека историјата е сведок на минатото, пример и поука за сегашноста, но и лекција и предупредување за иднината. Затоа, чествувањето на триесетгодишен јубилеј од значаен историски настан, каков што е монетарното осамостојување на современата македонска држава, не е само чест и повод за празнување. Тоа е и обврска, стоејќи простум пред генерациите посветеници коишто се вложија во она што денес е наша современа монетарна историја, но и пред генерациите на коишто им ја должиме иднината.