Претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова – Штериева, говорник на панелот за финансиска инклузија и иновации во Југоисточна Европа на Impact Bucharest конференцијата во Романија

На 23 и 24 октомври 2024 година, во организација на Impact Bucharest се одржува конференција на која како панелист учествува претседателката на Македонската Банкарска Асоцијација, д-р Маја Стевкова – Штериева.

Impact конференциите се организираат од 2016 година и за само 8 години претставуваат еден од најважните годишни собири на лидери, претприемачи, иноватори и визионери во делот на ЦИЕ. Impact Bucharest е настан фокусиран на иднината на бизнисот и технологијата во контекст на најголемите тековни предизвици со кои се соочуваат најважните сектори во економијата, како и потенцијалните можности што ги имаат компаниите кои работат во тие индустрии во моментов.

На настанот присуствуваат повеќе од 100 меѓународни говорници. Содржината на оваа конференција е поделена на 8 различни теми, кои ги опфаќаат глобалната економија и банкарството, финансиската технологија и дигиталната трговија, дигитална иднина, зелена економија, здравје, лидерство, стартапи и сајбер безбедност.

Претседателката на Македонската Банкарска Асоцијација, д-р Маја Стевкова – Штериева на конференцијата учествува како говорник на панелот за финансиска инклузија и иновации во Југоисточна Европа.

niksa

About niksa