Македонската банкарска асоцијација учествуваше на регионална тркалезна маса на банкарските асоцијации од Западен Балкан во рамките на Kosovo Finance Forum
Претседателката на Македонската банкарска асоцијација, д-р Маја Стевкова Штериева, беше дел од панел-дискусијата која се одржа на 28 април во Приштина,на тема „Клучни предизвици со кои се соочуваат банкарските системи во регионот“, каде заедно со претставници од регионалните асоцијации и Меѓународна финансиска корпорација се дискутираше за актуелните трендови, дигиталниот развој и предизвиците во банкарскиот сектор.
Во рамки на настанот беше потпишан и Меморандум за соработка помеѓу Косовска банкарска асоцијација (Kosovo Banking Association), Албанската асоцијација на банки (Albanian Association of Banks) и Македонската банкарска асоцијација, со цел унапредување на регионалната соработка и размена на податоци за подготовка на заеднички компаративни анализи на банкарските системи.
Учеството на МБА на овој форум ја потврдува посветеноста кон зајакнување на регионалната соработка и размена на знаења во насока на стабилен и модерен банкарски сектор.




