Македонската банкарска асоцијација (МБА) и оваа година учествуваше на 25. Годишна конференција на Македонска берза, која се одржа од 21 до 23 септември 2026 година во Охрид.
Конференцијата и оваа година отвори значајни теми поврзани со развојот на финансиските пазари, пристапот до капитал и потребата од диверзификација на изворите на финансирање на компаниите.
Во рамки на конференцијата беа опфатени актуелни теми од значење за развојот на финансискиот пазар, меѓу кои пазарното и алтернативното финансирање и пристапот на компаниите до капитал, финансирањето на проекти од обновливи извори на енергија и системи за складирање енергија (BESS), дигиталните средства и токенизацијата, како и примената и влијанието на вештачката интелигенција врз финансиските пазари, проследени со панел-дискусии и презентации посветени на актуелните трендови, искуства и перспективи за понатамошен развој на финансискиот сектор.
Како претставници од МБА беа професионалци од банкарскиот сектор, претседавачи и заменици, како и членови на комисиите при Асоцијацијата, кои со своето знаење и практично искуство придонесуваат кон следење на актуелните трендови и унапредување на дијалогот за прашања од значење за финансискиот сектор:
1. Андреј Ефтимов, претседавач на Комисијата за документарно работење, НЛБ Банка АД Скопје;
2. Киро Чадиковски, претседавач на Комисијата за платежни картички и дигитално банкарство, Комерцијална банка АД Скопје;
3. Михаела Атанасова-Стоичковска, заменик-претседавач на Комисијата за финансиско реструктурирање на корпоративен долг, Стопанска банка АД Скопје;
4. Елена Танеска, член на Комисијата за платен промет, Шпаркасе банка АД Скопје;
5. Мануела Станоевска Стоилковска, заменик-претседавач на Комисијата за заштита на лични податоци, Халк Банка АД Скопје;
6. Милена Перчинкова, Македонска банкарска асоцијација.
Со своето учество, МБА продолжува да придонесува кон размена на знаења и искуства, поврзување на банкарскиот сектор со поширокиот финансиски пазар и следење на трендовите кои го обликуваат идниот развој на финансискиот систем.