Дарија Боризовска и Сара Милковска од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ од Скопје меѓу финалистите на Европскиот квиз на пари 2026
Нашите претставници на Европскиот квиз на пари, ученичките Дарија Боризовска и Сара Милковска од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ од Скопје, под менторство на наставничката Билјана Ниновска, учествуваа на финалето на овој престижен меѓународен натпревар за млади во областа на финансиската писменост. Финалниот натпревар се одржа на 19 мај 2026 година во Брисел, Белгија, во организација на Европската банкарска федерација (ЕБФ) според дводневна програма и вклучуваше бројни активности насочени кон меѓусебно запознавање и поврзување на тимовите.









