МБА на Балкански форум за плаќања 2026

На 14 мај 2026 година, во Тирана, се одржа „Балкански форум за плаќања 2026“, под мотото „Биди таму каде што се пишуваат правилата“, посветен на дигиталната трансформација и иднината на платежните системи.

Настанот обедини лидери од банкарскиот и финтек секторот од балканскиот регион, Југоисточна Европа и земјите од ЕУ, отворајќи дискусии за СЕПА интеграцијата, инстант плаќањата, отворено банкарство и новите регулативи што го обликуваат современиот платежен систем.

Форумот претставуваше одлична можност за размена на искуства, воспоставување нови партнерства и следење на најновите трендови во дигиталните финансиски услуги.

Македонската банкарска асоцијација беше претставена од претседавачите на Комисијата за платен промет во земјата и странство, Благица Здравковска и Горан Купенков и генералниот директор на КИБС, Горан Анастасовски.

niksa

About niksa