Глобалната/Европската недела на пари одбележана со работилница „Стоп за пропустите во гаранциското работење!“ организирана од Комисија за документарно работење

Во рамките на Глобалната/Европската недела на пари Комисијата за документарно работење (КДР) организираше работилница насловeна: Стоп за пропустите во гаранциско работење!.

На работилницата претставниците на членките на МБА и Народна банка дебатираа на прашања од оперативна природа во гаранциското работење, споделија практики и посочија непосакувани ситуации кои настануваат при процесуирањето на оваа исклучително значајна банкарска услуга.

Активното учество од присутните за време на настанот уште еднаш ја потврди потребата од дебата за различните аспекти на документарните услуги, што како практика се промовираше во 2023 година со реализирани 3 работилници на КДР. Затоа Андреј Ефтимов, Претседавачот на Комисијата на документарно работење, најави продолжение на средбите на специјалистите од оваа област и во перодот кој следи.

niksa

About niksa