Комисијата за документарно работење одржа работилница на тема инкасо-наплати

Во просториите на МБА на 10.5.2024 година се реализираше двочасовна дебата на тема инкасо-наплати. На работилницата присуствуваа 9 банки-членки на Комисијата за документарно работење, со 14 претставници од специјализираните организациони делови за оваа документарна услуга.

За време на настанот се разменија теоретски сознанија и практични искуства за спомнатиот инструмент за финансирање на трговијата во кој банките најчесто се вклучуваат единствено при проследување или врачување на документацијата за наплата.

Во домашната пракса ги има во помал број во однос на акредитивите и гаранциите, но сепак заедничкиот заклучок на сите присутни беше дека разговорот треба да продолжи со нова средба на истата тема.

Првенствено за споредба на меѓународните узанси со домашната регулатива за специфични сценарија како што се протест на меници заради неакцептирање или неплаќање. Очекуваме на следниот настан за оваа проблематика да ни се приклучат и надворешни соработници.

niksa

About niksa