Г-дин Freyr Hermannsson претставник од ММФ присуствуваше на третата седница на Работната група за унапредување на тргувањето на девизен пазар преку Spider FX платформата

На 12.07.2023 во просториите на МБА беше одржана трета седница на Работната група за унапредување на тргувањето на девизен пазар преку Spider FX платформата која беше  формирана од Комисијата за ликвидност при МБА.

Со Работната група раководи м-р Весна Трајковска, координатор за ликвидност и финансиски пазар во Комерцијална банка АД Скопје.

На седницата на која присуствуваше и претставникот на ММФ, г-дин Freyr Hermannsson, се разговараше за начинот на работа на платформата за меѓубанкарско тргување Spider FX, спредовите и износите кои ги котираат банките како активни учесници на девизниот пазар и идеите за подобрување на сегашните функционалности на оваа платформа.

Дискусијата беше позитивно оценета бидејќи беа презентирани активностите и целите на Работната група кои треба да се реализираат во периодот кој следи.

niksa

About niksa