Штедилница Можности со Сертификат за Фер финансиски услуги за потрошувачите

Штедилница Можности во изминатиов период беше во постапка на верификација за стекнување Сертификат за Фер финансиски услуги за потрошувачите, кој го доделува Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ).

Целиот процес е успешно завршен, односно Штедилницата го доби сертификатот и по тој повод, на 30.09.2021 година, се оддржа свечено доделување на сертификатот од страна на ОПМ.

Со стекнувањето на сертификатот верификувано е дека Штедилницата поседува:

  • Веродостојни продажни информации и практики;
  • Фер договорни и постпродажни практики;
  • Ја почитува регулативата поврзана со  заштита на личните податоци на потрошувачите и нивната приватност;
  • Финансиските услуги кои ги нуди се достапни преку различни канали и за различни категории на лица;
  • Одговорно управува со поплаки од потрошувачите и
  • Спроведува активности поврзани со едукација на потрошувачите и развој на финансиската писменост.

Придобивките од добивањето на сертификатот се: препознавање на Штедилницата од страна на потрошувачите како институција која нуди фер финансиски услуги, зголемување на довербата кај клиентите и позитивен придонес кон конкурентската предност и нашата репутација на финансискиот пазар.

Сите деловни едници на штедилницата ќе добијат налепници од овој сертификат кои ќе бидат истакнати на видливо место за клиентите.


Веб страна линк

Фејсбук страна линк

niksa

About niksa