Благодарници за особен придонес во работата на Македонската банкарска асоцијација во 2025 година
Македонската банкарска асоцијација, на крајот на 2025 година, им додели благодарници за особен придонес во работата на асоцијацијата на членови на комисиите при МБА, како признание за нивната професионалност, посветеност и активен придонес во реализацијата на активностите и унапредувањето на работењето на асоцијацијата.
Преку своето знаење, експертиза и континуиран ангажман, членовите на комисиите имаат значајна улога во подготовката на стручни мислења, иницијативи и активности од интерес за банкарскиот сектор, придонесувајќи за понатамошен развој на Македонската банкарска асоцијација и зајакнување на меѓусебната соработка помеѓу нејзините членки.
Добитници на благодарниците за особен придонес во 2025 година се:
Комисија за ризици
Билјана Момировска – Претседавач, ШПАРКАСЕ БАНКА АД СКОПЈЕ
Комисија за документарно работење
Андреј Ефтимов – Претседавач, НЛБ БАНКА АД СКОПЈЕ
Сашо Дончевски – Заменик претседавач, ПРОКРЕДИТ БАНКА АД СКОПЈЕ
Комисија за платен промет во земјата и странство
Благица Здравковска – Претседавач, УНИВЕРЗАЛНА ИНВЕСТИЦИОНА БАНКА АД СКОПЈЕ
Комисија за ликвидност
Антигона Буклеска-Младеновиќ – Претседавач, КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ
Комисија за заштита на личните податоци
Игор Кузевски – Претседавач, НЛБ БАНКА АД СКОПЈЕ
Комисија за ЕСГ
Работна група за ЕСГ Прашалник
Богоја Китанчев – Претседавач, НЛБ БАНКА АД СКОПЈЕ
Маја Ставрева-Стојанова – Заменик претседавач, ШПАРКАСЕ БАНКА АД СКОПЈЕ
Сања Гичевска Докмановиќ, КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ
Владимир Ѓуровски, СТОПАНСКА БАНКА АД СКОПЈЕ
Драган Гонев, ХАЛК БАНКА АД СКОПЈЕ
Добринка Стефанова Ѓоргиева, ПРОКРЕДИТ БАНКА АД СКОПЈЕ
Македонската банкарска асоцијација им изразува искрена благодарност на наградените за нивната посветеност, професионален ангажман и значајниот придонес во работата на комисиите и во остварувањето на целите на асоцијацијата, со уверување дека успешната соработка ќе продолжи и во наредниот период.




