Сити Банка ја награди Комерцијална банка како најдобра во меѓународните плаќања во 2017 г.

Како признание за брзината и квалитетот на меѓународните плаќања во долари и оваа година Комерцијална банка АД Скопје е добитник на Best Performance STP Excellence award од Citi Bank: 2017 US Dollar payments STP Excellence Award – Best Performance.

Високиот степен на директна обработка на меѓународните плаќања значајно влијае врз заштедата на време и трошоци, што ѝ дава конкурентска предност на Банката. Оваа награда претставува уште еден поттик за вработените и потврда за комитентите дека Комерцијална банка АД Скопје и во меѓународни рамки останува најреномирана банка во Република Македонија, која се истакнува со својот исклучителен квалитет во извршувањето на меѓународните плаќања.

niksa

About niksa