Средба на Македонската банкарска асоцијација и Фондот за осигурување на депозити

Денес, 14 март 2023 година, во просториите на Фондот за осигурување на депозити, на покана на директорот на Фондот, Амир Шабани, се одржа средба помеѓу претставниците на Фондот и највисоките претставници на банките и штедилниците – членки на Македонската банкарска асоцијација и на Фондот за осигурување на депозити.

Целта на оваа средба е унапредување на постојната и континуирана размена на информации и искуства, планови и заеднички проекти и продолжување на заеднички активности. Средбата е значајна за Фондот за осигурување на депозити, како столб на финансиската стабилност и како главен поддржувач на банкарскиот сектор и истата се одржува во насока на зацврстување на соработката помеѓу Фондот, МБА и нивните членки.

Во текот на средбата директорот на Фондот ги поздрави присутните и изјави дека му е чест и задоволство што имаме можност за прв пат да одржиме средба на ова високо ниво и да разговараме за теми од заеднички интерес.

Претседателката на Македонска банкарска асоцијација ја поздрави иницијативата за одржување на оваа средба и изрази задоволство од соработката и истакна дека овие средби се неопходни и треба да станат традиција.

niksa

About niksa