Комисија за ризици

Во насока на промоција и презентација на Македонската банкарска асоцијација (МБА) пред јавноста, во следните месеци ќе ги презентираме комисиите кои како постојани работни тела функционираат во рамките на МБА и нивните челници

КОМИСИЈА ЗА РИЗИЦИ

Претседавач на Комисијата за ризици е Билјана Момировска, директор на Дирекција за Стратешко управување со ризик во ШПАРКАСЕ БАНКА Скопје, а заменик-претседавач е Владимир Давчев, директор на Дирекцијата за управување со ризици во ХАЛК БАНКА  АД Скопје.

Во фокусот на работата на Комисијата за ризици при Македонската банкарска асоцијација (МБА) се системите на  управување на кредитниот ризик, ликвидносниот ризик, валутниот ризик, пазарниот ризик, ризикот од промена на каматните стапки во портфолиото на банкарските активности, оперативниот ризик, репутациски ризик итн.

Во последните години видливо е  едно позабрзано темпо на усогласување на локалната банкарска регулатива со банкарската регулатива на Европската Унија и Базелските стандарди, што создава потреба од агилна реакција на сите банки и штедилници за имплементација на оваа регулатива особено во делот на управувањето со ризиците.

Исто така од интерес на комисијата се и документите за управување со ризиците, воспоставени стратегии, политики и процедури, стрес тестирањата, интерната адекватност на капиталот, управувањето со интерната ликвидност, воведувањето на нов производ или систем и користењето на услуги од надворешни лица и сл.

Од огромна важност е и следењето на законски, подзаконски прописи и останати акти кои се однесуваат на управувањето со ризиците во банкарското работење.

Според природата на активностите кои ги покрива, Комисијата за ризици е една од комисиите кои остваруваат интензивна и успешна соработка со Народната банка како регулатор.

Билјана Момировска во моментот ја извршува функцијата на директор на Дирекција за Стратешко Управување со ризиците во Шпаркасе Банка АД Скопје. Од своето 23-годишно искуство во Банката, веќе 16 години е на раководни позиции поврзани со управувањето со ризиците. Во нејзинот  професионаен развој од особено значење е нејзиното искуство во имплементацијата на Групациските стандарди на Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе Банка, базирана на Европската регулатива за управување со ризиците. Taa успешно реализирала повеќе проекти поврзани со: имплементација на IFRS 9, имплементација на Европската регулатива за признавање и управување со нефункционални пласмани, управување со портфолио и квалитет на податоци, развој на модели за управување со ризикот, имплементација на Базелските стандарди за управување со капиталот и интерната ликвидност, управување со оперативните ризици и физичката безбедност во Банката. Функцијата претседател на Комисијата за ризици при МБА ја извшува од самото формирање на комисијата во 2017 година и ова е нејзин втор мандат. Со нејзиното долгогодишно искуство и познавање на најдобрите практики во управувањето со ризиците во изминатиот период значајно придонесе за реализирање на многу активноти и иницијативи во надлежност на комисијата, за што е добитник на благодарници за работењето во 2018 и 2022 година.

Владимир Давчев во моментов е директор на Дирекцијата за управување со ризици во Халк Банка АД Скопје. Со повеќе од 20-годишно искуство во банкарството, Владимир учествувал во различни развојни проекти за имплементација на ефикасни системи на управување со ризиците, воспоставување на нов и дигитализиран процес на донесување на кредини одлуки, имплементација на ESG во делот на управувањето со ризици, пресметка на исправка на вредност за кредитен ризик согласно IFRS стандардите, имплементација на Базел 2 и 3 стандардите како ICAAP, ILAAP, пазарните и системите на управување со оперативните ризици.

Истовремено, Владимир е заменик-претседавач на Комисијата за ризици при Македонската Банкарска Асоцијација, редовен предавач и координатор на програмата Certified Risk Manager при Академијата за Банкарство и ИТ, како и експерт-предавач на Економскиот Факултет во Скопје.

niksa

About niksa