Се одржа седмата Седница на Одборот за избор и следење на референтни банки

На 30.03.2022 година, преку e-mail комуникација се одржа седмата Седница на Одборот за избор и следење на референтни банки. Со Седницата претседаваше Претседателот на Одборот за избор и следење на референтни банки г-дин Влатко Лескароски, а учествуваа сите членови на Одборот.

На седмата Седница, членовите на Одборот согласно нивните ингеренции и Дневниот ред за оваа Седница разменаа мислења и видувања за поставувањето на котациите на референтните банки и движењето на SKIBOR каматните стапки во Q1 2022 година, при што беше даден преглед и образложение на SKIBOR каматните стапки и на котациите за SKIBOR каматните стапки во Q1 2022 година од сите референтни банки, при што се констатираше дека Банките согласно Правилата за котации постапуваат соодветно и квалитетно одговараат на барањата и обврските.

По однос на точката за годишното ревидирање на статусот референтни банки се разгледаа сите информации во врска со оваа тема и се констатираше дека статусот на референтни банки го задржуваат банките кои и во изминатиот период го имаа истиот статус.

Исто така, се разговараше и се констатираше дека процесот на пренос на системот за пресметка на SKIBOR каматните стапки од НБРСМ во МБА е во завршна фаза и се очекува во следниот период да се операционализира.

На крај се заклучи дека, благодарение на максималниот ангажман на сите чинители во банкарскиот систем, сите процеси во овој сегмент се одвиваат редовно и квалитетно и сите значајни промени кои следуваат во иднина навремено се антиципираат, со што системот продолжува успешно да функционира во интерес на клиентите, банките и целокупниот систем во целина.

niksa

About niksa