Антигона Буклеска Младеновиќ ја превзема должноста претседавач на Комисијата за ликвидност при МБА

На 03.02.2023 година Комисијата за ликвидност одржа состанок на кој новоизбраниот претседавач Антигона Буклеска Младеновиќ ја превзема должноста од досегашниот, Емил Јакимов кој продолжува како заменик претседавач.

На состанокот се дискутираа теми од интерес на Комисијата за ликвидност, се дефинираа активности за наредниот период како и динамиката за одржување состаноци.

Исто така беше иницирано одржување на заеднички работни средби со Комисијата за хартии од вредност, Одборот за СКИБОР и АЦИ Македонија Здружение на финансиаки пазари  и формирање на работни групи за поединечни области.

niksa

About niksa