Работилница за гаранциско работење

Комисијата за документарно работење – КДР при Македонската банкарска асоцијација започна со ново практикување на овој форум. Имено, покрај формирањето на работни групи за комуникација со регулаторот и засегнатите институции во доменот на инструментите за финансирање на трговијата, се промовираше специјалистичка дебата за прашања од заеднички интерес на членките на асоцијацијата.

Така, на ден 23.02.2022 беше реализирана Работилница за гаранциско работење. Повод е новиот Закон за платежни услуги и платни системи и содржината на гаранцијата за покривање од одговорност. Покрај фокусот на конкретната обврска, настанот беше искористен за коментари за различни генерални аспекти на банкарските активности поврзани со гаранциското работење.

По двочасовната дебата во која активно учествуваа сите присутни донесен е заеднички заклучок дека ваков начин на меѓубанкарско комуницирање е повеќе од потребен. Дотолку повеќе што преку него доаѓа до директно вмрежување на актерите кои се непосредно вклучени во секојдневните практики на документарните инструменти.

Позитивната атмосфера во која пројде настанот претставува предизвик за слични активности. Затоа планирана е нова средба во КДР. Овојпат за анализа на акредитивите.

niksa

About niksa