Одржан 56. состанок на асоцијативните членки на Европската банкарска федерација

На 05.06.2023 година, во Брисел беше одржан 56. состанок на асоцијативните членки на Европската банкарска федерација (ЕБФ) чијшто активен член е и МБА. На состанокот на кој презентирани беа повеќе актуелни теми, Македонската банкарска асоцијација беше претставена од заменик претседателот м-р Тони Стојановски.

Извршниот директор на ЕБФ, Вим Мијс информираше за активностите на федерацијата и најновите случувања на ниво на ЕУ, додека претставниците на Европската Комисија (DG NEAR) излагаа за финансиската помош на ЕУ за соседството и земјите од проширувањето, по што претставниците на ЕБФ дискутираа за рефлексијата на неодамнешната банкарска криза на претстојната регулаторна рамка во ЕУ – Директивата за длабинска анализа за корпоративна одржливост и финансирање на климатските промени/известување за ESG.

Заменик претседателот на Македонската банкарска асоцијација, м-р Тони Стојановски активно се вклучи во дискусиите и во делот за претставување на новините на национално ниво, а даде и осврт на македонскиот банкарски сектор.

niksa

About niksa