Одржана шестата Седница на Одборот за избор и следење на референтни банки

На 30.12.2021 година, преку e-mail комуникација се одржа шестата Седница на Одборот за избор и следење на референтни банки. Со Седницата претседаваше Претседателот на Одборот за избор и следење на референтни банки г-дин Влатко Лескароски, а учествуваа сите членови на Одборот.

На шестата Седница, членовите на Одборот согласно нивните ингеренции и Дневниот ред за оваа Седница разменаа мислења и видувања за поставувањето на котациите на референтните банки и движењето на SKIBOR каматните стапки во Q4 2021 година, при што беше даден преглед и образложение на SKIBOR каматните стапки и на котациите за SKIBOR каматните стапки во Q4 2021 година од сите референтни банки, при што се констатираше дека сите Банки согласно Правилата за котации постапуваат соодветно и максимално квалитетно одговараат на барањата и обврските.

Исто така, се разменаа мислења и за актуелниот процес на замена на референтните LIBOR каматни стапки (процес кој е актуелен во светски рамки), при што се потврди дека Банките се соодветно ангажирани во решавањето на овој предизвик и во координација на МБА и во соработка со НБРСМ истиот успешно ќе заврши во предвидените временски рамки.

На крај се заклучи дека, благодарение на максималниот ангажман на сите чинители во банкарскиот систем, подготвено ќе бидат дочекани сите значајни предизвици и промени кои следуваат во иднина во повеќе сегменти, со што системот ќе продолжи успешно да функционира во интерес на клиентите, банките и целокупниот систем во целина.

niksa

About niksa