Народната банка се залага за финансиска вклученост на лицата со попреченост: Подготвени се Насоки за банките и Брошура за лицата со оштетен вид

niksa

Народната банка ги зајакнува активностите за подобрување на животот на лицата со попреченост преку олеснување на пристапот до финансиски услуги. За таа цел централната банка изработи Насоки за поголемо вклучување на лицата со попреченост како потрошувачи во банкарскиот сектор, коишто опфаќаат поголемо олеснување на физичкиот пристап до локациите и инсталирање дигитални платформи, вклученост при осмислувањето на банкарските производи, како и подобра информираност на овие корисници на банкарски услуги. Народната банка изработи и испечати и Брошура наменета за лицата со оштетен вид, којашто би придонесла за нивна поголема финансиска едукација и подобро информирање за нивните права.

Средба со претставници на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ)

niksa

На 13 декември 2024 година, во просториите на Македонската банкарска асоцијација (МБА), се одржа значајна средба со претставници на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), предводени од Висар Перани, претставник на Канцеларијата на ИФЦ за нашата земја.

Претседателката д-р Маја Стевкова Штериева учесник и говорник на настанот „Невидливи меѓу најранливите: Предизвици за возрасните жени во општеството“

niksa

Канцеларијата на UN Women во Скопје денес организираше настан посветен на подигнување на свеста за специфичните предизвици со кои се соочуваат возрасните жени во општеството. Настанот се фокусираше на нивната често занемарена улога, истакнувајќи ја потребата за поактивна поддршка на политичко, економско и социјално ниво со цел унапредување на нивната благосостојба.

„Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и борба со климатските промени во Република Северна Македонија“ во организација на Одделението за едукација при МБА и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)

niksa

На 21.11.2024 година во просториите на Македонската Банкарска Асоцијација, а во организација на Одделението за едукација при МБА и Програмата за развој на Обединетите нации (United Nations Development Programme – UNDP), се одржа презентација на Програмата „Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и борба со климатските промени во Република Северна Македонија“. 

Одбележана 100 годишнината на Светскиот ден на штедењето

niksa

Традиционално Македонската банкарска асоцијација во соработка со Фондот за осигурување на депозити организираше  настан по повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври.

МОН и Македонската банкарска асоцијација ќе работат на унапредување на финансиската едукација на учениците

niksa

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска денеска оствари средба со Милена Перчинкова, извршен секретар на Македонската банкарска асоцијација, и д-р Беркан Имери, член на Комитетот за едукација при МБА, на која се дискутираше за продлабочување на соработката за унапредување на образованието за финансиска писменост на учениците.

Претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова – Штериева, говорник на панелот за финансиска инклузија и иновации во Југоисточна Европа на Impact Bucharest конференцијата во Романија

niksa

На 23 и 24 октомври 2024 година, во организација на Impact Bucharest се одржува конференција на која како панелист учествува претседателката на Македонската Банкарска Асоцијација, д-р Маја Стевкова – Штериева.

Продлабочување на соработката: Македонската банкарска асоцијација и Фондот за осигурување на депозити одржаа средба во пресрет на Светскиот ден на штедењето

niksa

Во рамките на „Месецот на штедењето“ и во пресрет на Светскиот ден на штедењето, кој се одбележува на 31 октомври, на 18 октомври 2024 година, во просториите на Македонската банкарска асоцијација се одржа заедничка средба на високи претставници на Македонската банкарска асоцијација и Фондот за осигурување на депозити.

Одржана презентација на тема „ОСИГУРУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊА И ФАКТОРИНГ“ во организација на Комисијата за документарно работење

niksa

На 09.10.2024 година во просториите на Македонската Банкарска Асоцијација, а во организација на Комисијата за документарно работење, свое излагање имаше претставникот на Развојната банка на Република Северна Македонија, г-дин Дарко Јованоски. 

МБА и ИСОС склучија партнерство за развој на сметководствената професија и правилна имплементација на меѓународните сметководствени стандарди

niksa

Јакнење на меѓусебната соработка преку искористување на целокупното расположиво знаење и искуство на двете организации, во насока на поттикнување и афирмација на областите од заеднички интерес и делување, се главните цели кои треба да се остварат со Меморандумот за соработка помеѓу Институтот за сметководители и овластени сметководители (ИСОС) и Македонската Банкарска Асоцијација (МБА), што го потпишаа претседателката на ИСОС, Весна Прентоска и претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова Штериева.

МБА на 23. годишна конференција на Македонската берза

niksa

Претставниците на МБА имаа можност да присуствуваат на три главни панела, интересни презентации и интервјуа на кои учествуваа околу 30 говорници и панелисти од 10 различни држави, како и на социјални настани.

Одржана презентација на тема „Доверливи услуги & Електронска идентификација“ во организација на Комисијата за документарно работење

niksa

На 18.09.2024 година, во просториите на Македонската банкарска асоцијација се реализираше двочасовна презентација од страна на Клириншка куќа КИБС на тема „Доверливи услуги и Електронска идентификација“.

Правилната имплементација на инстант плаќањата во Македонија од страна на КИБС АД потврдена и од најновата студија на Светска банка

niksa

Во рамките на проектот FASTT (Frictionless Affordable Safe Timely Transactions), Светска банка ја објави својата студија „Прирачник за централните банки за успешно имплементирање на брзите плаќања“ (Fast Payments Championship Toolkit for Central Banks). Притоа беше истакнат значителниот придонес на КИБС АД Скопје, како еден од учесниците во подготовката на оваа студија, која се очекува да биде драгоцена алатка на централните банки при имплементација и развој на инстант (брзи) плаќања, како клучен двигател кон финансиска инклузија и дигитализација на економијата.

Студијата содржи комбинација на научни истражувања и дискусии со централните банки и приватните оператори од различни земји и законодавства за предизвиците и факторите што придонесуваат за успешност на проектите со цел имплементирање и развој на инстант плаќањата, фокусирајќи се на најдобрите практики што им стојат на располагање на централните банки. Притоа, идентификувани се пет области на дејствување:

  1. Дефинирање на целите што треба да се постигнат со воведување на инстант плаќањата во рамките на пошироката платежна стратегија за сегментот население и притоа позиционирање на улогата на централната банка;
  2. Приклучување на сите релевантни учесници и градење посветеност во рамките на заедничката визија;
  3. Градење амбиент во кој одлуките за дизајн и имплементација на решенијата се носат со учество и динамичка дискусија на сите засегнати страни;
  4. Поставување сеопфатна комуникациска стратегија за зголемување на свесноста и едукација како на крајните корисници, така и на трговците, со крајна цел ‒ широко прифаќање на платежните услуги од учесниците на пазарот;
  5. Обезбедување континуирана експертска и техничка поддршка во текот на целото времетраење на проектот.

Како оператор на платен систем, КИБС АД Скопје е единствената приватна институција што е вклучена во студијата со цел давање сеопфатен експертски придонес во однос на тоа како се спроведуваат активностите во контекст на пазарни иницијативи за развој на системи за инстант плаќања.

Значајно место во студијата зазема анализата на расходи и приходи (cost-benefit analysis) за подолг временски период, која е подготвена од КИБС АД Скопје пред почетокот на проектот, а во која се земени предвид не само органскиот раст на дигиталните праќања, туку и потенцијалот на инстант плаќањата за конверзија на дел од сивата економија во формални платежни канали. Искуствата што КИБС ги собра од земјите од регионот и Европа му помогнаа за дизајнирање на решението, идентификување на главните предизвици и фактори за успех, како и за поставување конзистентни цели. Исто така, истакнато е дека од значење е редовната комуникација со Министерството за финансии и другите владини институции како учесници во постојниот платен систем КИБС, со цел подобра координација и соработка.

КИБС континуирано посветено работи во насока на имплементирање на најсовремените дигитални решенија во платежната инфраструктура. Таков е и проектот за инстант плаќања, кој е во завршна фаза и подразбира имплементација на две платформи поврзани меѓу себе: платформа за централно решение за извршување на инстант плаќањата и платформа што ќе овозможи канали за иницирање и прифаќање инстант плаќања од крајните корисници.

Со воведувањето на инстант плаќањата во земјата, КИБС не само што значително ќе ја подобри платежната инфраструктура од аспект на нудење брзи плаќања што се реализираат во реално време (примачот ги добива средствата за помалку од 10 секунди) и кои се извршуваат 24/7/365 дена во годината, туку влијанието е уште посеопфатно и мултидимензионално за економијата во целина. Па така, компаниите, особено значајно за малите и средни претпријатија, си ја подобруваат ликвидносната позиција со цел наплата без одложување и ја намалуваат потребата од краткорочни ликвидносни позајмици, се отвораат можности за поефикасна наплата на фактури, сметки и обврски кон државните институции и поефикасно обезбедување услуги за граѓаните и стопанството, се зголемува бројот на учесници во финансиските текови со цел достапност на плаќањата и со тоа се намалува готовината во оптек, а и трансакциските трошоци поврзани со неа. Оттука, влијанието на намалување на сивата економија очигледно има далекосежен импакт врз вкупната фискална економија и финансискиот екосистем.

Целата студија може да се погледне на линкот FPS Championing Handbook_Final June 2024.pdf (worldbank.org).

Претставници на МБА на работилница за новинарите во организација на Народната банка на тема „Дигитализацијата на финансиските услуги и нивната примена во банкарскиот сектор“

niksa

Дигиталната технологија сѐ повеќе влијае врз финансиската индустрија. Модернизацијата на плаќањата е особено изразена и зема сѐ поголем замав и во нашата економија. Според податоците од платежната статистика за 2023 година на Народната банка, забележано е  зголемување на безготовинските платежни трансакции од 16%, во споредба со 2022 година, односно 87 трансакции по глава на жител. Според глобалната база на податоци „Финдекс“ на Светската банка, процентот на возрасни кои извршиле или примиле дигитални плаќања се зголемил од 44% во 2014 година на 64% во 2021 година.

Глигор Пандиловски учесник на регионална АМЛ работилница на тема крајна сопственост

niksa

На 15 мај 2024 во Тирана, во организација на Иницијативата за владеење на правото на Американската адвокатска комора (АБА РОЛИ), која во рамките на Програмата за усогласеност со ФАТФ во Источна Европа која меѓу другите земји ги опфаќа Албанија, Црна Гора и Северна Македонија, беше одржана работилница на тема: ПРОМОВИРАЊЕ НА ТРАНСПАРЕНТНОСТА НА КРАЈНИТЕ СОПСТВЕНИЦИ ЗА БОРБА ПРОТИВ ПЕРЕЊЕТО ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕТО ТЕРОРИЗАМ.

Учениците кои го освоија третото место во Европа за финансиска едукација одликувани од МБА, Народната банка и КХВ

niksa

Во просториите на Македонската банкарска асоцијација, на 28 мај 2024 година,  се одржа свеченото доделување на наградите на учениците Кирил Китевски и Кристијан Лазароски од СОУ „Цар Самоил“ − Ресен, кои под менторство на Дијана Ѓоргиевска, ја претставуваа нашата земја и на европското финале во Брисел, Белгија, каде што го освоија третото место во конкуренција од 36.000 ученици од 2.200 училишта низ Европа. На средбата присуствуваа претседателката на Македонската банкарска асоцијација (МБА), д-р Маја Стевкова-Штериева, гувернерката д-р Анита Ангеловска-Бежоска и претседателката на Комисијата за хартии од вредност (КХВ), м-р Нора Алити, како и второ- и третопласираните тимови на националниот натпревар, односно Стефани Георгиевска и Филип Клобучински од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ – Скопје со менторката Билјана Ниновска и Лара Росоманска и Елена Ризова од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ − Кавадарци со менторката Лоска Давчева.

Комисијата за документарно работење одржа работилница на тема инкасо-наплати

niksa

Во просториите на МБА на 10.5.2024 година се реализираше двочасовна дебата на тема инкасо-наплати. На работилницата присуствуваа 9 банки-членки на Комисијата за документарно работење, со 14 претставници од специјализираните организациони делови за оваа документарна услуга.

Корпоративна стратегија при спојувања и превземања во пракса, предавач м-р Димитар Фуна

niksa

Вчера, 15.5.2024 година во организација на Комисијата за финансиско реструктурирање на корпоративен долг се одржа работилница на тема: Корпоративна стратегија M&A во праксa.

Кралицата Матилда се сретна со нашиот тим кој освои бронза на Европскиот квиз на парите

niksa

Нашите претставници на Европскиот квиз на парите, учениците Кирил Китевски и Кристијан Лазароски, кои го освоија третото место на овој престижен меѓународен натпревар за млади во областа на финансиската писменост, остварија средба со Нејзиното Височество, кралицата Матилда од Белгија.

Нашиот тим со бронзена медала на финалето на Европскиот квиз за пари 2024 година

niksa

Учениците Кирил Китевски и Кристијан Лазароски од СОУ „Цар Самоил“од Ресен, под менторство на професорката Дијана Ѓоргиевска го освоија третото место на финалето на Европскиот квиз за пари 2024 година, кое се одржа на 19.4.2024 година во Брисел, Белгија, во организаација на Европската банкарска федерација (ЕБФ).

Претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова – Штериева, панелист на првата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители во РС Македонија

niksa

Во организација на Институтот за сметководители и овластени сметководители на РС Македонија денес се одржа Првата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители во РС Македонија, под наслов Сметководството во регионот – трендови, предизвици, стандарди и перспективи, на која како панелист учествуваше претседателката на Македонската Банкарска Асоцијација, д-р Маја Стевкова – Штериева.

Дискусија на тема „Директивата за НПЛ (2021/2167) – Презентација на новитети, коментар и анализа за локалниот пазар“

niksa

Вчера, 26.3.2024 година, претставниците на Комисијата за ризици и Комисијата за финансиско реструктурирање на корпоративен долг при Македонската банкарска асоцијација и ЕОС Матрикс одржаа стручна дискусија со фокус на предизвиците и корисностите од развојот на длабок и ликвиден секундарен финансиски пазар во земјата.

Кирил и Кристијан од СОУ „Цар Самоил“ – Ресен по втор пат се национални победници на Европскиoт квиз на парите

niksa

Учениците Кирил Китевски и Кристијан Лазароски од СОУ „Цар Самоил“ од Ресен, под менторство на професорката Дијана Ѓоргиевска се победници на националниот натпревар за Европскиот квиз на парите, кој во организација на Македонската банкарска асоцијација (МБА), со поддршка на Народната банка и Комисијата за хартии од вредност се одржува шести пат, за време на Глобалната недела на парите.

Глобалната/Европската недела на пари одбележана со работилница „Стоп за пропустите во гаранциското работење!“ организирана од Комисија за документарно работење

niksa

Во рамките на Глобалната/Европската недела на пари Комисијата за документарно работење (КДР) организираше работилница насловeна: Стоп за пропустите во гаранциско работење!.

Традиционално со националниот натпревар Европски квиз на парите, МБА ја одбележува Глобалната/Европска недела на парите

niksa

Вчера, на првиот ден од Глобалната/Европска недела на пари – 18.03.2024 година, се одржа првиот круг од националниот натпревар Европски квиз на парите, каде што се натпреваруваа над 1000 пријавени ученици од основните и средни училишта во нашата држава.

Претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова Штериева, панелист на Банкарскиот самит во Белград

niksa

На 05.12.2023 година, во организација на УБС – Здружението на банки на Србија, во Белград се одржа Банкарски самит 2023 на кој како панелисти учествуваа гувернерите на централните банки и претставници на банкарските здруженија на земјите од регионот.

Претставници на МБА во емисија „Само прашај“

niksa

Ивица Ѓорѓевски, член на Комисијата за информативна сигурност при МБА, офицер за информативна сигурност во Стопанска банка АД Скопје и Киро Чадиковски, директор на Дирекцијата за банкарски картички и платежни сметки во Комерцијална банка АД Скопје, гости во емисијата „Само прашај“, на националната телевизија МТВ1 на тема Фишинг.

Одржана работилница на тема „Процес на продажба на портфолио со нефукционални кредити”

niksa

Денес 08.11.2023 година во просториите на МБА во организација на Комисијата за финансиско реструктурирање на корпоративен долг се одржа  работилница на тема: „Процес на продажба на портфолио со нефукционални кредити (NPL portfolio sales process)”.

Гостување на Елеонора Згоњанин Петровиќ по повод Светскиот ден на штедењето

niksa

По повод Светскиот ден на штедењето 31. октомври како претставник на Македонската банкарска асоцијација во утринската програма на Македонската телевизија МТВ, гостуваше М-р Елеонора Згоњанин Петровиќ, Управител на Штедилница ФУЛМ.

Ивица Ѓорѓевски на форум „Сајбер безбедност во банкарската индустрија“

niksa

На 25.10.2023 година во Приштина во организација на Косовската банкарска асоцијација и Албанската асоцијација на банки беше одржан форум насловен „Сајбер безбедност во банкарската индустрија”.

Претседателката на МБА доби признание за развој на меѓународна соработка

niksa

На 46.меѓународна конференција на Банкарската асоцијација на централна и источна Европа (БАЦЕЕ) што се одржа на 19.10.2023 година во Будимпешта, претседателката на Македонскaта банкарска асоцијација, д-р Маја Стевкова Штериева доби признание за развој на меѓународна соработка.

Претставници на МБА на 22. Годишна конференција на Македонската берза

niksa

На 22. Годишна конференција на Македонската берза, Македонската банкарска асоцијација ја претставуваа: Кристина Трпезановска – Заменик претседавач на Комисијата за информативна сигурност и член на Комисија за ризици од ПроКредит Банка АД Скопје, Владимир Давчев – Заменик претседавач на Комисијата за ризици од Халк Банка АД Скопје, Димитар Георгиевски – член на Правна Комисија од Шпаркасе банка АД Скопје, Игор Кузевски – член на Комисијата за заштита на лични податоци од НЛБ Банка АД Скопје, Владимир Ѓуровски – член на Комисија за ризици и Комисија за ЕСГ од Стопанска Банка АД Скопје и Влатко Лескароски – член на Комисија за ликвидност од Комерцијална Банка АД Скопје.

Костадин Граматиков од Халк банка АД Скопје успешно го положи испитот за ACI Dealing Certificate во МБА

niksa

Македонската банкарска асоцијација е лиценцирана надлежна инстанца за онлајн полагање на ACI испитите односно е член на едукативната програма на ACI Financial Market Association која обезбедува издавање на сертификати што се признати на глобално ниво.

„Директивата за NPL“ на ЕУ презентирана пред Комисијата за финансиско реструктурирање на корпоративниот долг

niksa

На 9-ти октомври 2023 година, под председателство на Бојан Стојаноски и Зоран Грнчаровски, се одржа состанок на Комисијата за финансиско реструктурирање на корпоративниот долг при Македонската банкарска асоцијација.

Одржан 57. состанок на асоцијативните членки на Европската банкарска федерација

niksa

Здружението на банки на Србија беше домаќин на 57. состанок на асоцијативните членки на Европската банкарска федерација што се одржа на 25 и 26 септември 2023 година во Белград. На овој настан Македонската банкарска асоцијација ја претставуваше извршниот секретар Милена Перчинкова.

Комисијата за документарно работење дебатираше за гаранциското работење

niksa

Комисијата за документарно работење на 27.9.2023 година иницираше дебата за гаранциското работење. Поконкретно за трансфер на банкарска гаранција и упатување на плаќањето (асигнација) при наплата на инструментот.

Комисија за заштита на лични податоци

niksa

Во насока на промоција и презентација на Македонската банкарска асоцијација (МБА) пред јавноста, во следните месеци ќе ги презентираме комисиите кои како постојани работни тела функционираат во рамките на МБА и нивните челници

Комисија за финансиско реструктурирање на корпоративен долг

niksa

Во насока на промоција и презентација на Македонската банкарска асоцијација (МБА) пред јавноста, во следните месеци ќе ги презентираме комисиите кои како постојани работни тела функционираат во рамките на МБА и нивните челници.

Комисија за човечки ресурси

niksa

Претседавач на Комисијата за човечки ресурси е м-р Љупчо Фармакоски, Главен координатор за човечки ресурси и општи работи во Секторот за човечки ресурси и општи работи во Комерцијална банка АД Скопје.

Комисија за работа со хартии од вредност

niksa

Претседавач на Комисијата за работа со хартии од вредност е Михајло Брова Зиков, директор на Дирекцијата за вршење на услуги со хартии од вредност во Комерцијална банка АД Скопје, а заменик-претседавач е Емилија Брљамова, самостоен финансиски аналитичар во Службата за старателство во НЛБ банка АД Скопје.

Комисија за информативна сигурност

niksa

Во насока на промоција и презентација на Македонската банкарска асоцијација (МБА) пред јавноста, во следните месеци ќе ги презентираме комисиите кои како постојани работни тела функционираат во рамките на МБА и нивните челници

Комисија за документарно работење

niksa

Во насока на промоција и презентација на Македонската банкарска асоцијација (МБА) пред јавноста, во следните месеци ќе ги презентираме комисиите кои како постојани работни тела функционираат во рамките на МБА и нивните челници.

Г-дин Freyr Hermannsson претставник од ММФ присуствуваше на третата седница на Работната група за унапредување на тргувањето на девизен пазар преку Spider FX платформата

niksa

На 12.07.2023 во просториите на МБА беше одржана трета седница на Работната група за унапредување на тргувањето на девизен пазар преку Spider FX платформата која беше  формирана од Комисијата за ликвидност при МБА.

Комисија за ликвидност

niksa

Во насока на промоција и презентација на Македонската банкарска асоцијација (МБА) пред јавноста, во следните месеци ќе ги презентираме комисиите кои како постојани работни тела функционираат во рамките на МБА и нивните челници

Одржана работна средба со Спиро Брумбули, генерален секретар на Албанската асоцијација на банки

niksa

МБА на 6 јули имаше задоволство да биде домаќин на Албанската асоцијација на банки. Имено, заменик претседателот на МБА Тони Стојановски заедно со извршниот секретар Милена Перчинкова одржаа работна средба со генералниот секретар на Албанската асоцијација на банки г. Спиро Брумбули и неговиот тим.

Комисија за Платен промет во земјата и странство

niksa

Во насока на промоција и презентација на Македонската банкарска асоцијација (МБА) пред јавноста, во следните месеци ќе ги презентираме комисиите кои како постојани работни тела функционираат во рамките на МБА и нивните челници

Комисија за сметководство, даноци и меѓународни стандарди за финансиско известување (МСФИ)

niksa

Во насока на промоција и презентација на Македонската банкарска асоцијација (МБА) пред јавноста, во следните месеци ќе ги презентираме комисиите кои како постојани работни тела функционираат во рамките на МБА и нивните челници.

Комисија за ризици

niksa

Во насока на промоција и презентација на Македонската банкарска асоцијација (МБА) пред јавноста, во следните месеци ќе ги презентираме комисиите кои како постојани работни тела функционираат во рамките на МБА и нивните челници

Македонската банкарска асоцијација стана полноправна членка на Европската тренинг асоцијација за банкарство и финансиски услуги (EBTN)

niksa

На годишно собрание на членките на Европската тренинг асоцијација за банкарство и финансиски услуги (European banking and finаncial services training association, EBTN) што се одржа на 16. јуни 2023 година во Париз, Македонската банкарска асоцијација се стекна со статусот полноправен член на Европската тренинг асоцијација за банкарство и финансиски услуги (EBTN).

Националните победници на Европскиот квиз на пари 2023 на Македонската берза

niksa

По средбaта на која  претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова-Штериева, гувернерката д-р Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за образование д-р Јетон Шаќири ги поздравија победничките тимови на овогодишниот национален натпревар „Европскиот квиз на пари“, првопласираните Кирил Китевски и Кристијан Лазароски од ООУ „Мите Богоевски“ – Ресен  менторката Соња Стрезовска, второпласираните Благоја Трајчески и Теодора Трпоска од СОЕУ „Јане Сандански“ – Битола со менторката Билјана Кочовска и третопласираните Никола Павловски и Дарија Јакимовска од ОУ „Гоце Делчев“ – Илинден со менторката Данче Нацевска се запознаа со работата на Македонската берза.

Kомисија за спречување перење пари и усогласеност со прописи

niksa

Во насока на промоција и презентација на Македонската банкарска асоцијација (МБА) пред јавноста, во следните месеци ќе ги презентираме комисиите кои како постојани работни тела функционираат во рамките на МБА и нивните челници.

Одбележан петгодишниот јубилеј на „Европскиот квиз на пари“ во нашата земја

niksa

Вчера, во Македонската банкарска асоцијација (МБА) се одбележа мал јубилеј – 5 години „Европски квиз на пари“ во нашата земја. Притоа беа истакнати досегашните солидни резултати на ова европско натпреварување за ученици на возраст од 13 до 15 години, како и подготвеноста за натамошно поттикнување на финансиската едукација на младите генерации.

Запознајте ги комисиите при МБА

niksa

Во насока на промоција и презентација на Македонската банкарска асоцијација (МБА) пред јавноста, во следните месеци ќе ги презентираме комисиите кои како постојани работни тела функционираат во рамките на МБА и нивните челници.

Европскиот квиз за пари се врати во Брисел за да ја поттикне финансискита писменост

niksa
  • Македонски  претставници во Брисел беа Кирил Китевски и Кристијан Лазароски од ОУ “Мите Богоевски” од Ресен  
  • Тимот од  Грција ја однесе дома победата на најголемиот европски квиз за финансиска писменост

Извршниот директор и член на Одборот на директори на Косовската банкарска асоцијација д-р Петрит Балија во посета на МБА

niksa

Продлабочување на соработката помеѓу двете банкарски здруженија, промовирање на најдобрите банкарски практики, едукација, дигитализација, одговорното банкарство, беа главните теми на разговор на состанокот што се одржа во просториите на Македонската банкарска асоцијација на кој присуствуваа Извршниот директор и член на Одборот на директори на Косовската банкарска асоцијација д-р Петрит Балија и Извршниот секретар на МБА.

Кирил и Кристијан од ООУ “Мите Богоевски” – Ресен се национални победници на Европски квиз на пари 2023

niksa

Денес, на последниот ден од Глобалната недела на пари, се одржа финалето на националниот натпревар Европски квиз на пари 2023.

Најдобрите од првиот круг на Европски квиз на пари 2023

niksa

Денес, на првиот ден од Глобалната недела на пари, се одржа првиот круг од националниот натпревар за Европскиот квиз на пари, каде од над 1000 пријавени ученици беа избрани трите најдобри тимови во нашата држава.

Средба на Македонската банкарска асоцијација и Фондот за осигурување на депозити

niksa

Денес, 14 март 2023 година, во просториите на Фондот за осигурување на депозити, на покана на директорот на Фондот, Амир Шабани, се одржа средба помеѓу претставниците на Фондот и највисоките претставници на банките и штедилниците – членки на Македонската банкарска асоцијација и на Фондот за осигурување на депозити.

Антигона Буклеска Младеновиќ ја превзема должноста претседавач на Комисијата за ликвидност при МБА

niksa

На 03.02.2023 година Комисијата за ликвидност одржа состанок на кој новоизбраниот претседавач Антигона Буклеска Младеновиќ ја превзема должноста од досегашниот, Емил Јакимов кој продолжува како заменик претседавач.

Работилница за гаранциско работење

niksa

Комисијата за документарно работење – КДР при Македонската банкарска асоцијација започна со ново практикување на овој форум. Имено, покрај формирањето на работни групи за комуникација со регулаторот и засегнатите институции во доменот на инструментите за финансирање на трговијата, се промовираше специјалистичка дебата за прашања од заеднички интерес на членките на асоцијацијата.

Претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова-Штериева на конференцијата „Македонската економија во двоен шок – каде се движиме?“

niksa

На 23.11.2022 година се одржа конференција на тема „Македонската економија во двоен шок – каде се движиме?“, во организација на М6 Едукативниот центар, кој годинава одбележува 15 години од своето основање.

Одржан состанок за примопредавање на должноста на новоизбраниот Одбор за избор и следење на референтни банки

niksa

Вчера,  10. ноември 2022 година се одржа состанок на кој што беше извршено примопредавање на должноста на новоизбраниот Одбор за избор и следење на референтни банки.

Одржан состанок на Комисијата за ликвидност

niksa

На 4. ноември 2022 година во просториите на Македонската банкарска асоцијација се одржа состанок на Комисијата за ликвидност кој го отвори и водеше претседавачот на Комисијата г-дин Емил Јакимов.

Барбара Брезовска-Поњавиќ од МБА по повод Светскиот ден на штедењето на ТВ Телма

niksa

Барбара Брезовска-Поњавиќ, Директор на Сектор за управување со производи и клиентски сегменти во рамки на Бизнис линијата – Банкарство на мало во Стопанска банка АД Скопје, претставник на Македонската банкарска асоцијација во утринската програма на Телма ТВ по повод Светскиот ден на штедењето, 31 октомври…

МБА на состанок на проект-групата за финансиска едукација од ЕБФ

niksa

Проект-групата за финансиска едукација (FEPG) во рамки на Европската банкарска федерација одржа хибриден состанок, на кој учествуваа претставници од МБА. Состанокот се одржа на 5-ти октомври во Рим, при што домаќин беше Банкарската Асоцијација на Италија.

Одржана 9-та седница на одборот за избор и следење на референтни банки

niksa

На 30 септември 2022 година во просториите на Македонската банкарска асоцијација се одржа 9-тата Седница на Одборот за избор и следење на референтни банки.

МБА на регионална конференција за спречување перење пари и финансирање тероризам

niksa

На 29 и 30.9.2022 година се одржа Регионална конференција за спречување перење пари и финансирање тероризам во Приштина, Косово, на која присуствуваа претседавачот на Комисијата за спречување перење пари и усогласеност со прописи при МБА, Глигор Пандиловски и извршниот секретар Милена Перчинкова. Модератор на настанот беше Албан Хетеми, претседавачот на Комисијата за СПП/ФТ при Банкарската Асоцијација на Косово.

Претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова Штериева, учествуваше на Годишната конференција на Македонската берза

niksa

Д-р Маја Стевкова Штериева, претседателка на Македонската банкарска асоцијација (МБА), учествуваше на 21. Годишна конференција на Македонската берза, што минатата недела се одржа во Охрид.

Штериева: Неизвесно е дали со раст на каматите ќе се скроти инфлацијата

niksa

Неизвесно е дали преку драстичното зголемување на каматните стапки ќе се заузда инфлацијата, вели Маја Стевкова Штериева, претседателка на Македонската банкарска асоцијација (МБА) во разговор за Блумберг Адриа ТВ.

Штериева за МИА: Банките се претпазливи во однос на зголемувањето на каматните стапки

niksa

Банките се претпазливи во однос на зголемувањето на каматните стапки имајќи предвид дека драстичното и брзо зголемување може да влијае на способноста на кредитокорисниците за сервисирање на обврските, вели во интервју за МИА претседателката на Македонската банкарска асоцијација Маја Стевкова-Штериева. 

Се оддржа осмата Седница на Одборот за избор и следење на референтни банки

niksa

На 28 јуни 2022 година во просториите на Македонската банкарска асоцијација се одржа Седница на Одборот за избор и следење на референтни банки.

Македонската банкарска асоцијација и Агенцијата за заштита на личните податоци склучија меморандум за соработка

niksa

На 08.06.2022 година Здружението за остварување на заеднички интереси на банките и унапредување на нивното работење – МАКЕДОНСКА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА Скопјеи Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија склучија меморандум за соработка, потврдувајќи ги заедничките цели за постојано унапредување на степенот на заштитата на личните податоци во Република Северна Македонија.

Победниците на Европскиот квиз на парите ја посетија Македонската Берза

niksa

На 06.6.2022 по доделувањето на наградите за националниот натпревар Европски квиз на парите, од страна на претседателката на  МБА д-р Маја Стевкова-Штериева, заменик-претседателот м-р Тони Стојановски, гувернерката на Народната Банка д-р Анита Ангеловска-Бежоска и комисионерот д-р Зоран Колев од Комисијата за хартии од вредност, победниците на натпреварот ја посетија Македонска Берза АД Скопје.

ПрајсвотерхаусКуперс Северна Македонија претстави „ESG регулатива за банкарскиот сектор во Европската Унија“

niksa

На 07.06.2022 година, Македонската банкарска асоцијација организираше работилница на која ПрајсвотерхаусКуперс Северна Македонија ја претстави „ESG регулативата за банкарскиот сектор во Европската Унија “.

МБА, НБ и КХВ ги поздравија учениците со најдобри резултати на Европскиот квиз на парите и нивните ментори

niksa

Денес, во Македонската банкарска асоцијација (МБА) претседателката д-р Маја Стевкова- Штериева, заменик претседателот м-р Тони Стојановски, гувернерката д-р Анита Ангеловска-Бежоска и комисионeрот д-р Зоран Колев ги поздравија најдобро пласираните на овогодинешното издание на националниот натпревар за Европскиот квиз на парите и нивните ментори.

Одржан состанок на Комисијата за работа со хартии од вредност

niksa

Денес во новите деловни простории на Македонската банкарска асоцијација првпат по пауза од 2 години, членовите на Комисијата за работа со хартии од вредност одржаа состанок со физичко присуство.

Се одржа финалето на „Европскиот квиз на парите“

niksa

Учениците Матеја Талеска и Дино Дановиц, од СУГС „Joсип Броз Тито“, под менторство на професорката Емилија Величкова, беа наши претставници на финалето на Европскиот квиз на парите, коешто се одржа денеска преку електронска платформа.

Обраќање на Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на Свечената академија по повод 30 години монетарна самостојност

niksa

Одамна е речено дека историјата е сведок на минатото, пример и поука за сегашноста, но и лекција и предупредување за иднината. Затоа, чествувањето на триесетгодишен јубилеј од значаен историски настан, каков што е монетарното осамостојување на современата македонска држава, не е само чест и повод за празнување. Тоа е и обврска,  стоејќи простум пред генерациите посветеници коишто се вложија во она што денес е наша современа монетарна историја, но и пред генерациите на коишто им ја должиме иднината.

Претставници на МБА присуствуваа на состанок на FEPG

niksa

На 14.04.2022 се одржа онлајн состанок на Financial Education Project Group, во рамките на Европската банкарска федерација, меѓу кои присуствуваа и претставници на Македонската банкарска асоцијација.

ПрајсвотерхаусКуперс Северна Македонија претстави „Компаративна студија за банкарскиот сектор во Северна Македонија“

niksa

Денес, Македонската банкарска асоцијација организираше работилница на која ПрајсвотерхаусКуперс Северна Македонија ја претстави „Компаративна студија за банкарскиот сектор во Северна Македонија“. 

Запознајте го мулти-талентираниот тим кои го освоија третото место на националниот натпревар Европски Квиз на Пари

niksa

Стефанија Сарафимова е родена на 5 јули 2006 година во Кавадарци. Таа е одлична ученичка и е запишана во прва година во Средното општинско училиште Гимназија „Добри Даскалов“ во Кавадарци.

Се одржа седмата Седница на Одборот за избор и следење на референтни банки

niksa

На 30.03.2022 година, преку e-mail комуникација се одржа седмата Седница на Одборот за избор и следење на референтни банки. Со Седницата претседаваше Претседателот на Одборот за избор и следење на референтни банки г-дин Влатко Лескароски, а учествуваа сите членови на Одборот.

Матеја Талеска и Дино Дановиц се победници на националниот натпревар – ќе ја претставуваат нашата земја на финалето на Европскиот квиз на пари

niksa

Матеја Талеска е член на победничкиот тим кој ќе ја претставува нашата земја на европското финале на овогодишниот Европски квиз на пари.

Избрани претставниците за европското финале на „Европскиот квиз на пари”

niksa

Наши претставници на Европското финале на Европскиот квиз на парите ќе бидат учениците од училиштето СУГС „Joсип Броз Тито“ – Скопје, Матеја Талеска и Дино Дановиц, под менторство на професорката Емилија Величкова, кои на националниот натпревар  успеаа да ги победат останатите 439 тима, од кои 423 тима се натпреваруваа на македонски, а 16 тима на албански јазик.

Европска недела на пари

niksa

Европската недела на пари е годишна иницијатива која ја промовира финансиска едукација низ Европа. Во текот на една недела во март секоја година, се одржуваат стотици активности во над 30 земји за промовирање на финансиската писменост во Европа.

Гостување на претседателката на МБА д-р Маја Стевкова Штериева, во емисијата “Приказни кои инспирираат“

niksa

Претседателката на Македонската банкарска асоцијација, д-р Маја Стевкова Штериева, гостуваше во емисијата „Приказни кои инспирираат“, каде говореше на тема Родова застапеност во банкарството.

1 2