Дарија Боризовска и Сара Милковска од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ – Скопје се националните шампиони на Европскиот квиз за пари 2026
Денес, 19 март 2026 година се одржа финалето на националниот натпревар Европски квиз за пари 2026. Под менторство на професорката Билјана Ниновска, ученичките Дарија Боризовска и Сара Милковска ја освоија првата награда на овогодинешниот национален натпревар „Европски квиз за пари“, во организација на Македонската банкарска асоцијација (МБА), и поддршка од Народната банка и Комисијата за хартии од вредност.



































































































