Претседателката д-р Маја Стевкова Штериева учесник и говорник на настанот „Невидливи меѓу најранливите: Предизвици за возрасните жени во општеството“

niksa

Канцеларијата на UN Women во Скопје денес организираше настан посветен на подигнување на свеста за специфичните предизвици со кои се соочуваат возрасните жени во општеството. Настанот се фокусираше на нивната често занемарена улога, истакнувајќи ја потребата за поактивна поддршка на политичко, економско и социјално ниво со цел унапредување на нивната благосостојба.

Претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова – Штериева, говорник на панелот за финансиска инклузија и иновации во Југоисточна Европа на Impact Bucharest конференцијата во Романија

niksa

На 23 и 24 октомври 2024 година, во организација на Impact Bucharest се одржува конференција на која како панелист учествува претседателката на Македонската Банкарска Асоцијација, д-р Маја Стевкова – Штериева.

Претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова Штериева и претседавачот на Комисијата за ЕСГ Богоја Китанчев учесници на 8-от глобален состанок на Мрежата за Одржливо Банкарство и Финансии – SBFN

niksa

Чест ни е да објавиме дека Македонската Банкарска Асоцијација како членка на Мрежата за Одржливо Банкарство и Финансии – Sustainable Banking Finance Network (SBFN), учествува на 8-от глобален состанок (поддржан од Меѓународната финансиска корпорација IFC – членка на Групацијата на Светска банка, Централната банка на Бразил – Banco Central do Brazil и Бразилската банкарска федерација – FEBRABAN).

Претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова – Штериева, панелист на првата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители во РС Македонија

niksa

Во организација на Институтот за сметководители и овластени сметководители на РС Македонија денес се одржа Првата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители во РС Македонија, под наслов Сметководството во регионот – трендови, предизвици, стандарди и перспективи, на која како панелист учествуваше претседателката на Македонската Банкарска Асоцијација, д-р Маја Стевкова – Штериева.

Претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова Штериева, панелист на Банкарскиот самит во Белград

niksa

На 05.12.2023 година, во организација на УБС – Здружението на банки на Србија, во Белград се одржа Банкарски самит 2023 на кој како панелисти учествуваа гувернерите на централните банки и претставници на банкарските здруженија на земјите од регионот.

Претседателката на МБА доби признание за развој на меѓународна соработка

niksa

На 46.меѓународна конференција на Банкарската асоцијација на централна и источна Европа (БАЦЕЕ) што се одржа на 19.10.2023 година во Будимпешта, претседателката на Македонскaта банкарска асоцијација, д-р Маја Стевкова Штериева доби признание за развој на меѓународна соработка.

Претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова-Штериева на конференцијата „Македонската економија во двоен шок – каде се движиме?“

niksa

На 23.11.2022 година се одржа конференција на тема „Македонската економија во двоен шок – каде се движиме?“, во организација на М6 Едукативниот центар, кој годинава одбележува 15 години од своето основање.

Претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова Штериева, учествуваше на Годишната конференција на Македонската берза

niksa

Д-р Маја Стевкова Штериева, претседателка на Македонската банкарска асоцијација (МБА), учествуваше на 21. Годишна конференција на Македонската берза, што минатата недела се одржа во Охрид.

Штериева: Неизвесно е дали со раст на каматите ќе се скроти инфлацијата

niksa

Неизвесно е дали преку драстичното зголемување на каматните стапки ќе се заузда инфлацијата, вели Маја Стевкова Штериева, претседателка на Македонската банкарска асоцијација (МБА) во разговор за Блумберг Адриа ТВ.

Штериева за МИА: Банките се претпазливи во однос на зголемувањето на каматните стапки

niksa

Банките се претпазливи во однос на зголемувањето на каматните стапки имајќи предвид дека драстичното и брзо зголемување може да влијае на способноста на кредитокорисниците за сервисирање на обврските, вели во интервју за МИА претседателката на Македонската банкарска асоцијација Маја Стевкова-Штериева. 

Гостување на претседателката на МБА д-р Маја Стевкова Штериева, во емисијата “Приказни кои инспирираат“

niksa

Претседателката на Македонската банкарска асоцијација, д-р Маја Стевкова Штериева, гостуваше во емисијата „Приказни кои инспирираат“, каде говореше на тема Родова застапеност во банкарството.

Стевкова-Штериева за МИА: Банките се стабилни и резистентни на шокови, пандемијата го зголеми штедењето

niksa

Банките се стабилни, резистентни на шокови, со профитабилност која може да послужи како дополнителна брана во случај на непредвидени настани кои би можеле да имаат негативни ефекти на нивната стабилност, порачува претседателката на Македонската банкарска асоцијација Маја Стевкова Штериева во интервју за МИА. Пандемијата, како што посочува, го нагласила зголемувањето на штедењето како глобален феномен, а ниските каматни стапки и инфлаторските движења неизбежно влијаеле на состојбите со депозитите и главно имаат две видливи манифестации – склоност на населението да инвестира во недвижен имот и да ги претвара денарските депозити во евра.

Претседателката, д-р Маја Стевкова Штериева се обрати на работната средба по повод 15 март – Светскиот ден на правата на потрошувачите

niksa

По повод 15 март – Светскиот ден на правата на потрошувачите, Организацијата на потрошувачите на Македонија организираше онлајн работна средба на која свое пригодно обраќање имаше претседателката, д-р Маја Стевкова Штериева

Стевкова-Штериева за МИА: Банките покажаа исклучителна одговорност, ја одржаа ликвидноста, ќе продолжат со поддршка на компаниите и населението

niksa

Банкарскиот сектор во земјава оваа година покажа исклучителна одговорност во работењето и посветеност на грижата за клиентите со цел сите да успееме да ги надминеме последиците од пандемијата од вирусот Covid-19. Банките ги одржаа ликвидноста и солветноста и со 30 септември 2020 година остварија позитивни резултати во работењето и речиси е извесно дека банкарскиот сектор годината ќе ја заврши со добивка.

Ова во интервју за МИА го истакнува претседателката на Македонската банкарска асоцијација Маја Стевкова-Штериева.

Комерцијална банка прогласена за Банка на годината во 2020 година од магазинот „The Banker“

niksa

Комерцијална банка АД Скопје со гордост објавува дека е прогласена за „Банка на годината во 2020 година“ во Република Северна Македонија од страна на престижниот финансиски магазин „The Banker“. Освен како високо признание за постигнатите резултати во работењето, значењето на наградата е уште поголемо бидејќи таа е признание и за лидерството што го покажа Банката во оваа година во која земјава, како и целиот свет, со соочува со пандемија од досега невидени размери.

Поздравно обраќање на д-р Маја Стевкова Штериева на виртуелниот настан по повод Светскиот ден на штедење

niksa

Почитуван Министре Бесими, почитувана Гувернерке Ангеловска-Бежовска, почитуван в.д. директор на ФОД, Шабани, почитувани колеги,

Би сакала во свое име и во името на МБА да го честитам Светскиот ден на штедењето и да посакам уште многу години успешна работа.

Стевкова Штериева за МИА: Банкарскиот сектор во одлична кондиција, не се забележани невообичаени повлекувања на депозити од банките

niksa

Банкарскиот систем е во одлична кондиција. Во изминатите денови не се забележани невообичаени повлекувања на депозити од страна на граѓаните кои би можело да се припишат на настаните поврзани со „Еуростандард банка“.

Д-р Маја Стевкова Штериева говори за домашните платежни картички во Економски магазин на ТВ АЛСАТ

niksa

Погледнете го видеото од гостувањето на претседателката на Македонската банкарска асоцијација, д-р Маја Стевкова Штериева во емисијата Економски магазин на ТВ АЛСАТ.

Претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова-Штериева во вечерашното издание на Вин-Вин на Телма ТВ

niksa

Д-р Маја Стевкова-Штериева, претседател на МАКЕДОНСКАТА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА и Главниот финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје, како претставник на МБА беше гостин во емисијата Вин Вин на Телма ТВ.

Банките и НБ подготвуваат решение да се олесни товарот на компаниите и населението

niksa

Банките заедно со Народната банка работат на изготвување решение кое ќе придонесе за олеснување на финансискиот товар на компаниите и населението. Предлози од банките се испратени до централната банка и многу брзо се очекува конечното решение од Народната банка.

Д-р Маја Стевкова Штериева прв човек на Македонската Банкарска Аоцијација

niksa

Д-р Маја Стевкова Штериева e нов претседател на Македонската Банкарска Асоцијација. Aктуелниот Главен финансиски директор и член на Управниот одбор на Комерцијална Банка АД Скопје доаѓа на местото на Коста Митровски, кому според статутот на Македонската банкарска асоцијација поради престанок на неговата функција како член на управен одбор на банка предвреме му заврши мандатот. Ова е и единствената одлука на 11 седница на Собранието на МБА.