Објавен дваесетиот број на МБА Е-билтен
Македонската банкарска асоцијација го издаде дваесетиот број на кварталникот МБА Е-билтен.


Македонската банкарска асоцијација го издаде дваесетиот број на кварталникот МБА Е-билтен.
Македонската банкарска асоцијација (МБА), во соработка со Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам), одржа презентација и обука за пополнување на новиот ЕСГ прашалник, наменета за компаниите од реалниот сектор. Настанот се одржа во просториите на АмЧам и претставува дел од активностите за поддршка на компаниите во процесот на интегрирање на одржливи и одговорни деловни практики.
Македонската банкарска асоцијација ги претставува новоименуваните челници на комисиите кои како постојани работни тела функционираат во рамките на Асоцијацијата: Мануела Станоевска Стоилковска – заменик претседавач на Комисијата за заштита на личните податоци
Ве известуваме дека преку ESG Комисијата при Македонската Банкарска Асоцијација, со решение од Македонско Кредитно Биро, изработен е првиот унифициран национален ESG Прашалник наменет за сите компании во Република Северна Македонија, кој ќе се применува од утре, 01.04.2026 година.
На 26 март 2026 година, во просториите на Македонската банкарска асоцијација, беше реализирана и третата работилница посветена на ESG прашалникот, организирана од страна на Комисијата за ESG при МБА.
Македонската банкарска асоцијација со гордост учествува во европскиот проект MiCreS, придонесувајќи кон развојот на иновативни микро-квалификации во банкарскиот и финансискиот сектор.
Оваа недела, на 26 и 27 март во Малта, претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова Штериева присуствува на динамична работна сесија на партнерите на MiCreS проектот организирана од Institute of Financial Services Malta (IFS) Malta.
Денес, 19 март 2026 година се одржа финалето на националниот натпревар Европски квиз за пари 2026. Под менторство на професорката Билјана Ниновска, ученичките Дарија Боризовска и Сара Милковска ја освоија првата награда на овогодинешниот национален натпревар „Европски квиз за пари“, во организација на Македонската банкарска асоцијација (МБА), и поддршка од Народната банка и Комисијата за хартии од вредност.
Во рамките на Комисијата за документарно работење, а во соработка со Стопанската Комора на РСМ, преку ангажманот на г-ѓа Антонета Манова Ставреска, проектен менаџер во оваа институција, на 17.03.2026 се реализираше работилница на тема „Механизми за осигурување на трговијата”.
Денес, 16 март 2026 година, се одржа првиот круг од националниот натпревар Европски квиз за пари, на кој учествуваа околу 1300 пријавени ученици од основни и средни училишта од нашата држава.
Македонската банкарска асоцијација (МБА), во соработка со Стопанската комора на Северна Македонија, организираше презентација и обука за пополнување на новиот унифициран ЕСГ прашалник, наменета за компаниите од реалниот сектор. Настанот се одржа во просториите на Стопанската комора и претставува дел од заедничките активности за поддршка на компаниите во процесот на интегрирање на одржливи и одговорни деловни практики.
На 27 февруари 2026 година се одржа подготвителна средба во пресрет на националниот натпревар „Европски квиз на пари 2026“, во организација на Македонска банкарска асоцијација, во соработка со Народна банка на Република Северна Македонија и Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија.
Марин Христоски и Алексеј Мицкоски го споделија своето искуство како лански победници на националниот натпревар за Европскиот квиз за пари…
Во насока на обезбедување соодветна медицинска и рехабилитациска поддршка за настраданите во пожарот во Кочани, Фондацијата „Заедно за едно“, основана од Македонската банкарска асоцијација, набави и испорача во ЈЗУ Општа болница Кочани 90 (деведесет) комплети S-Touch C1 ракавици за пасивна рехабилитација.
Заменик-претседавачот на Комисијата за платежни картички и дигитално банкарство при Македонската банкарска асоцијација, Стефан Пепоски, во гостувањето во утринската програма на ТВ Сител говореше за придобивките од примената на засилената автентикација на корисниците (Strong Customer Authentication – SCA) при електронските плаќања со платежни картички.
На 20 февруари 2026 година, во просториите на Македонската банкарска асоцијација, се одржа стручна расправа во организација на Комисијата за документарно работење (КДР), во соработка со Сојузот на стопански комори и претставници од секторот за транспорт и логистика.
Македонската банкарска асоцијација – МБА со гордост го поддржува Кодексот за финансирање на жени претприемачи, глобална иницијатива која има за цел да го намали финансискиот јаз и да ги отстрани бариерите за микро, мали и средни претпријатија (ММСП) во сопственост на жени и водени од жени.
Македонската банкарска асоцијација ја информира јавноста дека, согласно Законот за платежни услуги и платни системи, со кој во националното законодавство е транспонирана Директивата (ЕУ) 2015/2366 за платежни услуги на внатрешниот пазар (PSD2), од 1 март 2026 година започнува примената на засилена автентикација на корисниците (Strong Customer Authentication – SCA) при извршување одредени платежни трансакции.
Фондацијата „Заедно за едно“, основана од Македонската банкарска асоцијација, вчера реализираше значајна донација на современ медицински апарат за длабока транскранијална магнетна стимулација (Deep TMS) на ЈЗУ Општа болница Кочани. Овој апарат ќе биде ставен во функција на рехабилитација и унапредување на менталното здравје и благосостојбата на сите лица кои беа директно и индиректно афектирани од трагичниот пожар во Кочани.
На иницијатива на претседавачот и заменик-претседавачот на Комисијата за финансиско реструктурирање на корпоративен долг, г-а Златица Цивкароски и г-а Михаела Атанасова – Стоичовска, а во организација на Одделението за едукација при МБА, на 5 Февруари 2026 година беше одржан семинар на тема „Early Warning Signals and Problem Loan Workout“. Предавач на семинарот беше Juan Gamecho од JBS Training, експерт со меѓународно искуство во областа на управување со кредитен ризик и проблематични кредити.
На 02.02.2026 година, во просториите на Македонската банкарска асоцијација, беше одржан работен состанок инициран од Централниот регистар, во својство на администратор на Регистарот на вистински сопственици.
На 23 јануари 2026 година, во просториите на Македонската банкарска асоцијација, се одржа втората работилница посветена на ESG прашалникот, во организација на Комисијата за ESG при МБА.
МАКЕДОНСКА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА
во соработка со
Народна банка на Република Северна Македонија
и
Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија
објавува
ЈАВЕН ПОВИК
до основните и средните училишта во Република Северна Македонија
Ги повикуваме основните и средните училишта во Република Северна Македонија за учество во меѓународниот натпревар – Европски квиз на парите. Овој квиз е проект на Европската банкарска федерација за финансиска едукација на учениците од 13 до 15 години.
На 12 декември 2025 година, во просториите на Македонската банкарска асоцијација се одржа работилница посветена на ESG прашалникот, организирана од Комисијата за ESG при МБА. Настанот собра повеќе од 40 претставници од членките на Асоцијацијата, а сесиите ги водеа претседавачот и заменик-претседавачот на Комисијата, г-дин Богоја Китанчев и г-а Маја Ставрева Стојанова. Македонското кредитно биро ја презентираше техничката платформа која ја овозможува примената на ESG Прашалникот во банкарскиот сектор.
Со задоволство ве известуваме дека преку ESG Комисијата при Македонската Банкарска Асоцијација, во соработка со Македонско кредитно биро АД Скопје, е подготвен првиот унифициран ESG Прашалник за сите компании во земјата.
Од 28 до 30 ноември 2025 година, во Охрид се одржа семинар во организација на Комората на извршители на РСМ, на кој учествуваше и Македонската банкарска асоцијација. На настанот, како еден од говорниците се обрати Стефанија Красиќ, директор на Дирекцијата за наплата на ризични побарувања во Халк Банка АД Скопје, која говореше на тема „Проблеми во наплатата на побарувањата“.
Македонската банкарска асоцијација го издаде деветнаесетиот број на кварталникот МБА Е-билтен.
Со цел да се обезбеди навремена и соодветна поддршка за лицата кои настрадаа во трагичниот пожар во Кочани, Фондацијата за пружање долгорочна помош и поддршка „Заедно за едно“ – Скопје на 11.09.2025 година реализираше набавка и донација на 200 пакувања специјализирани гелови за третман и лекување на оштетена кожа.
Фондацијата за пружање долгорочна помош и поддршка „Заедно за едно“ – Скопје на 28.10.2025 година донираше медицинска опрема на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кочани.
На 7 ноември 2025 година се реализира работилница на тема „Неуредна презентација (во акредитивното работење)“, организирана од Комисијата за документарно работење (КДР) при МБА, во хибриден формат. На настанот учествуваа околу 30 учесници, од кои 11 беа физички присутни во просториите на МБА, а останатите се приклучија online. И овојпат на настанот учествуваа и претставници од Народната банка на Република Северна Македонија.
Во духот на повеќегодишната традиција, Македонската банкарска асоцијација, во соработка со Фондот за осигурување на депозити, организираше свечен настан по повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври.
Традиционално, по повод Светскиот ден на штедење 31. октомври нашите членки – банките, штедилниците Клириншката куќа КИБС и Македонското кредитно биро номинираат службеници со постигнати особени резултати во нивната работа.
На 17 октомври 2025 година во Тирана, Албанија, се одржа 63. состанок на асоцијативните членки на Европската банкарска федерација (ЕБФ), чиј домаќин беше Албанската асоцијација на банки. Македонската банкарска асоцијација на состанокот ја претставуваше извршниот секретар, м-р Милена Перчинкова.
На 10.10.2025 година во Букурешт, Романија се одржа годишниот состанок на Европската тренинг асоцијација за банкарство и финансиски услуги (European banking and finаncial services training association, EBTN), чиј што домаќин и организатор беше Романскиот банкарски институт – Romanian Banking Institute (RBI).
На 1 октомври 2025 година, Македонската банкарска асоцијација потпиша Меморандум за соработка со Меѓународниот балкански универзитет (МБУ) преку Факултетот за економски и административни науки.
На 1 и 2 октомври 2025 година се одржа првиот дводневен семинар организиран од Одделението за едукација при МБА, со финансиска помош од European Fund for Southeast Europe и Европска Унија, а во соработка со компанијата Op2M d.o.o. од Загреб, Хрватска.
И оваа година, Македонската банкарска асоцијација (МБА) ја потврди својата посветеност кон развојот на финансиските пазари преку активно учество на 24. Годишна конференција на Македонска берза – еден од најзначајните настани во областа на финансиите и пазарот на капитал во земјава.
На 19 септември 2025 година се одржа уште еден едукативен настан во организација на Комисијата за документарно работење (КДР), овојпат во соработка со Правната комисија при Македонската Банкарска Асоцијација (МБА). Настанот беше посветен на темата ESCROW работење, а презентацијата ја одржа г-а Теодора Гушкова Проданова, Директор на Сектор за правни работи во Комерцијална банка АД Скопје.
Македонската банкарска асоцијација го издаде осумнаесетиот број на кварталникот МБА Е-билтен.
Банките се финансиски институции кои се јавуваат во улога на партнери на компаниите. Компаниите многу често ги ангажираат банките во текот на своето работење, односно од нив бараат финансиска помош за да можат да реализираат одредени инвестициони подвизи. При целокупниот процес на соработка на двете страни, банките се институциите кои се изложуваат на ризик од воспоставување на партнерството.
РС Македонија, од нејзиното осамостојување во 1991 година, се смета за земја со економски систем во развој. Како таква, странските кредитни линии и монетарната помош претставуваат важни алатки за поттикнување на економскиот раст, модернизацијата на банкарскиот сектор и развојот на приватниот сектор.
ЕСГ Комисијата при Македонската банкарска асоцијација ги информира сите засегнати страни дека European Sustainability Reporting Standards (ESRS), како официјални стандарди за известување за одржливост во рамки на CSRD директивата на Европската Унија, сега се достапни и на македонски јазик.
Со цел да се помогне на семејствата и поединците кои беа погодени од трагичниот пожар во Кочани на 16 март 2025 година, Фондацијата „Заедно за едно“ основана од Македонската банкарска асоцијација, започнa низа активности за финансиска помош и медицинска поддршка на настраданите и нивните семејства.
Комисијата за ESG при Македонската банкарска асоцијација со задоволство го споделува Водичот за обновливи енергетски технологии, подготвен од Технолошкиот извршен комитет (TEC) во соработка со UNIDO и UNEP-CCC, како дел од серијата на публикации за Проценка на технолошки потреби (Technology Needs Assessment – TNA).
На 18 и 19 јуни 2025 година се одржа четвртиот работен состанок на партнерите на MiCreS проектот, овој пат во Даблин, Ирска, чиј домаќин беше институтот за банкари на Ирска – The Institute of Bankers in Ireland (IOB).
Во просториите на Македонската банкарска асоцијација се одржа работна средба помеѓу гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, и претставници на членките на Асоцијацијата. На состанокот, гувернерот ги претстави ставовите и предлозите на централната банка во насока на намалување на трошоците што ги сносат граѓаните и компаниите при користење на платежните услуги.
Денес, во просториите на Македонската банкарска асоцијација (МБА), се одржа свечен настан по повод освоеното второ место на Европскиот квиз на пари од страна на македонскиот тим, составен од учениците Марин Христоски и Алексеј Мицкоски од ООУ „Кире Гавриловски – Јане“ од Прилеп, под менторство на наставничката Соња Јорданоска.
На 12 јуни, 2025 година во организација на Комисијата за документарно работење, се одржа десеттиот по ред едукативен настан посветен на специјалистичка дебата за добри и лоши практики во областа на Trade Finance услугите.
Нашите претставници на Европскиот квиз за пари, учениците Марин Христоски и Алексеј Мицкоски од ООУ „ Кире Гавриловски – Јане“ од Прилеп, под менторство на наставничката Соња Јорданоска, го освоија второто место на овој престижен меѓународен натпревар за млади во областа на финансиската писменост.
Италијанскиот тим победи на Европскиот квиз на пари, најголемото натпреварување за финансиска писменост во Европа за ученици на возраст од 13 до 15 години, организирано од Европската банкарска федерација (ЕБФ). Националните победници од 30 земји се собраа во Брисел за да се натпреваруваат за титулата европски шампиони.
Сите дванаесет комерцијални банки во земјава интензивно работат на изготвување апликации и технички решенија потребни за нивното вклучување во платежната шема за кредитни трансфери на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Една системски значајна банка веќе ја поднесе апликацијата до Европскиот совет за плаќања (ЕПС), девет банки имаат направено избор на странска банка преку која ќе ги извршуваат плаќањата, коешто е предуслов за поднесување на апликацијата, додека останатите се во фаза на завршување на овие активности.
Македонската банкарска асоцијација го издаде седумнаесетиот број на кварталникот МБА Е-билтен.
Третиот работен состанок на партнерите на MiCreS проектот се одржа на 13. март 2025 година, во Милано, Италија, и уште еднаш ги собра експертите од областа за продлабочена размена на увиди, искуства и нови можности. Настанот, чиј домаќин беше здружението на италијански банки, ABI – Associazione Bancaria Italiana, обезбеди платформа за зајакнување на соработката и истражување на нови стратегии за раст и иновации.
Со длабоко сочувство и солидарност поради трагедијата во Кочани, во рамките на Македонската банкарска асоцијација е основана Фондацијата „ЗАЕДНО ЗА ЕДНО“ за пружање помош и поддршка на семејствата на загинатите и на повредените во страотниот пожар на 16 март 2025 година.
На 9 април 2025 година, во организација на Амбасадата на Република Унгарија, а поддржано од Македонската банкарска асоцијација, се одржа специјализирана работилница/презентација на тема: Hungarian Instant Payment & Treasury Technology.
На 3 април, на II Регионалната конференција „Нова ера во сметководството – стандардите како предизвик, технологијата како сојузник“, во организација на ИСОС, Богоја Китанчев, претседавач на Комисијата за ЕСГ при Македонската банкарска асоцијација, беше говорник на панелот посветен на имплементацијата на МСФИ и ЕСГ стандардите.
Под водство на нивниот ментор, наставничката Соња Јорданоска, Марин Христоски и Алексеј Мицкоски обезбедија победа на годинешниот национален натпревар за Европскиот квиз за пари, организиран од Македонската банкарска асоцијација (МБА) со поддршка од Народната банка и Комисијата за хартии од вредност.
Македонската банкарска асоцијација ги претставува новоименуваните челници на комисиите кои како постојани работни тела функционираат во рамките на Асоцијацијата: Јоли Блажевска Христовска – заменик претседавач на Комисијата за човечки ресурси
Денес, 1ви Април 2025 година, се одржа првиот круг од националниот натпревар Европски квиз за пари, на кој што се натпреваруваа над 1000 пријавени ученици од основните и средни училишта во нашата држава.
Македонската банкарска асоцијација ги претставува новоименуваните челници на комисиите кои како постојани работни тела функционираат во рамките на Асоцијацијата: М-р Дејан Блажески – заменик претседавач на Комисијата за информативна сигурност
Надица Атанасовска, директор на Дирекцијата за раководење со ликвидност во Секторот за средства и ликвидност во Стопанска банка АД – Скопје, на 49. седница на Собраниетo на МБА е именувана за заменик претседавач на Комисијата за ликвидност.
Македонската банкарска асоцијација ги претставува новоименуваните челници на комисиите кои како постојани работни тела функционираат во рамките на Асоцијацијата: Игор Кузевски – претседавач на Комисијата за заштита на личните податоци
Македонската банкарска асоцијација со задоволство ја информира јавноста дека домашните банки започнуваат со процесот на оперативна интеграција во платежните шеми на Единствената европска платежна област (СЕПА).
Македонската банкарска асоцијација ги претставува новоименуваните челници на комисиите кои како постојани работни тела функционираат во рамките на Асоцијацијата: Михаела Атанасова – Стоичовска – заменик претседавач на Комисијата за финансиско реструктурирање на корпоративен долг
Македонската банкарска асоцијација ги претставува новоименуваните челници на комисиите кои како постојани работни тела функционираат во рамките на Асоцијацијата: М-р Златица Цивкароски – претседавач на Комисијата за финансиско реструктурирање на корпоративен долг
На 28.02.2025 година беше одржана подготвителна средба на претставниците на МБА, Народната банка и Комисијата за хартии од вредност со менторите и тимовите на ученици од пријавените училишта на која им беа дадени насоки и едукативни материјали за подготовка за натпреварот.
На 17.02.2025 година во просториите на Македонската банкарска асоцијација се реализираше специјалистичка дебата во рамките на Комисијата за документарно работење-КДР. На истата активно учество имаа над дваесетина претставници на КДР членките и на Народната банка на Република Северна Македонија. Ова беше деветти едукативен настан во рамките на Комисијата за документарно работење во изминатите 26 месеци.
Кирил Китевски и Кристијан Лазароски го споделија своето искуство како лански победници на националниот натпревар за Европскиот квиз на пари…
Македонската банкарска асоцијација ја информира јавноста дека на 3 февруари 2025 година ќе започне да ја објавува каматната стапка СКИБОР (Skopje Interbank Offered Rate), согласно Правилата за пресметување и објавување на меѓубанкарска каматна стапка на пазар на депозити SKIBOR.
МАКЕДОНСКА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА
во соработка со
Народна банка на Република Северна Македонија
и
Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија
објавува
ЈАВЕН ПОВИК
до основните и средните училишта во Република Северна Македонија
Ги повикуваме основните и средните училишта во Република Северна Македонија за учество во меѓународниот натпревар – Европски квиз на парите. Овој квиз е проект на Европската банкарска федерација за финансиска едукација на учениците од 13 до 15 години.
Македонската банкарска асоцијација го издаде шестнаесетиот број на кварталникот МБА Е-билтен.
Народната банка ги зајакнува активностите за подобрување на животот на лицата со попреченост преку олеснување на пристапот до финансиски услуги. За таа цел централната банка изработи Насоки за поголемо вклучување на лицата со попреченост како потрошувачи во банкарскиот сектор, коишто опфаќаат поголемо олеснување на физичкиот пристап до локациите и инсталирање дигитални платформи, вклученост при осмислувањето на банкарските производи, како и подобра информираност на овие корисници на банкарски услуги. Народната банка изработи и испечати и Брошура наменета за лицата со оштетен вид, којашто би придонесла за нивна поголема финансиска едукација и подобро информирање за нивните права.
На 13 декември 2024 година, во просториите на Македонската банкарска асоцијација (МБА), се одржа значајна средба со претставници на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), предводени од Висар Перани, претставник на Канцеларијата на ИФЦ за нашата земја.
Канцеларијата на UN Women во Скопје денес организираше настан посветен на подигнување на свеста за специфичните предизвици со кои се соочуваат возрасните жени во општеството. Настанот се фокусираше на нивната често занемарена улога, истакнувајќи ја потребата за поактивна поддршка на политичко, економско и социјално ниво со цел унапредување на нивната благосостојба.
Македонската банкарска асоцијација со задоволство ја информира јавноста дека на 48. Седница на Собранието го именуваше г. Бојан Стојаноски за заменик-претседател на Асоцијацијата, со мандат од четири години.
На 21.11.2024 година во просториите на Македонската Банкарска Асоцијација, а во организација на Одделението за едукација при МБА и Програмата за развој на Обединетите нации (United Nations Development Programme – UNDP), се одржа презентација на Програмата „Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и борба со климатските промени во Република Северна Македонија“.
На Светскиот ден на штедењето, 31 октомври, Македонската банкарска асоцијација имаше задоволство да биде домаќин на претставници од тимот на проектот MiCres – г-ѓа Фатма Диркес, потпретседател на Frankfurt School of Finance & Management и претседател на European Banking & Financial Services Training Association (EBTN) и г-ѓа Катја Герц, директор на проектот MiCreS.
Традиционално Македонската банкарска асоцијација во соработка со Фондот за осигурување на депозити организираше настан по повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври.
Македонската банкарска асоцијација го издаде петнаесетиот број на кварталникот МБА Е-билтен.
Традиционално, по повод Светскиот ден на штедење 31. октомври нашите членки – банките, штедилниците Клириншката куќа КИБС и Македонското кредитно биро номинираат службеници со постигнати особени резултати во нивната работа.
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска денеска оствари средба со Милена Перчинкова, извршен секретар на Македонската банкарска асоцијација, и д-р Беркан Имери, член на Комитетот за едукација при МБА, на која се дискутираше за продлабочување на соработката за унапредување на образованието за финансиска писменост на учениците.
На 23 и 24 октомври 2024 година, во организација на Impact Bucharest се одржува конференција на која како панелист учествува претседателката на Македонската Банкарска Асоцијација, д-р Маја Стевкова – Штериева.
Во рамките на „Месецот на штедењето“ и во пресрет на Светскиот ден на штедењето, кој се одбележува на 31 октомври, на 18 октомври 2024 година, во просториите на Македонската банкарска асоцијација се одржа заедничка средба на високи претставници на Македонската банкарска асоцијација и Фондот за осигурување на депозити.
На 09.10.2024 година во просториите на Македонската Банкарска Асоцијација, а во организација на Комисијата за документарно работење, свое излагање имаше претставникот на Развојната банка на Република Северна Македонија, г-дин Дарко Јованоски.
На 25. и 26. септември, во Барселона, Шпанија во организација на Instituto de Estudios Financieros (IEF) се одржа втор работен состанок за MiCreS проектот на кој од Македонската банкарска асоцијација присуствуваше Јована Лозановска, одговорно лице на Одделението за едукација.
Јакнење на меѓусебната соработка преку искористување на целокупното расположиво знаење и искуство на двете организации, во насока на поттикнување и афирмација на областите од заеднички интерес и делување, се главните цели кои треба да се остварат со Меморандумот за соработка помеѓу Институтот за сметководители и овластени сметководители (ИСОС) и Македонската Банкарска Асоцијација (МБА), што го потпишаа претседателката на ИСОС, Весна Прентоска и претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова Штериева.
Претставниците на МБА имаа можност да присуствуваат на три главни панела, интересни презентации и интервјуа на кои учествуваа околу 30 говорници и панелисти од 10 различни држави, како и на социјални настани.
На 18.09.2024 година, во просториите на Македонската банкарска асоцијација се реализираше двочасовна презентација од страна на Клириншка куќа КИБС на тема „Доверливи услуги и Електронска идентификација“.
Чест ни е да објавиме дека Македонската Банкарска Асоцијација како членка на Мрежата за Одржливо Банкарство и Финансии – Sustainable Banking Finance Network (SBFN), учествува на 8-от глобален состанок (поддржан од Меѓународната финансиска корпорација IFC – членка на Групацијата на Светска банка, Централната банка на Бразил – Banco Central do Brazil и Бразилската банкарска федерација – FEBRABAN).
Македонската Банкарска Асоцијација како дел од тимот на MiCreS проектот со свој претставник ќе присуствува на одржувањето на вториот состанок на проектот, организиран од Institut de Estudis Financiers (IEF), што ќе се одржи овој септември во Барселона!
Македонската Банкарска Асоцијација како дел од тимот на MiCreS проектот со задоволство го споделува Работниот пакет 2 (WP2).
Во рамките на проектот FASTT (Frictionless Affordable Safe Timely Transactions), Светска банка ја објави својата студија „Прирачник за централните банки за успешно имплементирање на брзите плаќања“ (Fast Payments Championship Toolkit for Central Banks). Притоа беше истакнат значителниот придонес на КИБС АД Скопје, како еден од учесниците во подготовката на оваа студија, која се очекува да биде драгоцена алатка на централните банки при имплементација и развој на инстант (брзи) плаќања, како клучен двигател кон финансиска инклузија и дигитализација на економијата.
Студијата содржи комбинација на научни истражувања и дискусии со централните банки и приватните оператори од различни земји и законодавства за предизвиците и факторите што придонесуваат за успешност на проектите со цел имплементирање и развој на инстант плаќањата, фокусирајќи се на најдобрите практики што им стојат на располагање на централните банки. Притоа, идентификувани се пет области на дејствување:
Како оператор на платен систем, КИБС АД Скопје е единствената приватна институција што е вклучена во студијата со цел давање сеопфатен експертски придонес во однос на тоа како се спроведуваат активностите во контекст на пазарни иницијативи за развој на системи за инстант плаќања.
Значајно место во студијата зазема анализата на расходи и приходи (cost-benefit analysis) за подолг временски период, која е подготвена од КИБС АД Скопје пред почетокот на проектот, а во која се земени предвид не само органскиот раст на дигиталните праќања, туку и потенцијалот на инстант плаќањата за конверзија на дел од сивата економија во формални платежни канали. Искуствата што КИБС ги собра од земјите од регионот и Европа му помогнаа за дизајнирање на решението, идентификување на главните предизвици и фактори за успех, како и за поставување конзистентни цели. Исто така, истакнато е дека од значење е редовната комуникација со Министерството за финансии и другите владини институции како учесници во постојниот платен систем КИБС, со цел подобра координација и соработка.
КИБС континуирано посветено работи во насока на имплементирање на најсовремените дигитални решенија во платежната инфраструктура. Таков е и проектот за инстант плаќања, кој е во завршна фаза и подразбира имплементација на две платформи поврзани меѓу себе: платформа за централно решение за извршување на инстант плаќањата и платформа што ќе овозможи канали за иницирање и прифаќање инстант плаќања од крајните корисници.
Со воведувањето на инстант плаќањата во земјата, КИБС не само што значително ќе ја подобри платежната инфраструктура од аспект на нудење брзи плаќања што се реализираат во реално време (примачот ги добива средствата за помалку од 10 секунди) и кои се извршуваат 24/7/365 дена во годината, туку влијанието е уште посеопфатно и мултидимензионално за економијата во целина. Па така, компаниите, особено значајно за малите и средни претпријатија, си ја подобруваат ликвидносната позиција со цел наплата без одложување и ја намалуваат потребата од краткорочни ликвидносни позајмици, се отвораат можности за поефикасна наплата на фактури, сметки и обврски кон државните институции и поефикасно обезбедување услуги за граѓаните и стопанството, се зголемува бројот на учесници во финансиските текови со цел достапност на плаќањата и со тоа се намалува готовината во оптек, а и трансакциските трошоци поврзани со неа. Оттука, влијанието на намалување на сивата економија очигледно има далекосежен импакт врз вкупната фискална економија и финансискиот екосистем.
Целата студија може да се погледне на линкот FPS Championing Handbook_Final June 2024.pdf (worldbank.org).
Македонската банкарска асоцијација го издаде четиринаесетиот број на кварталникот МБА Е-билтен.
На 7 јуни 2024 година, во Атина, Грција се одржа 59. состанок на асоцијативните членки на Европската банкарска федерација (ЕБФ), чиј домаќин беше Грчката банкарска асоцијација.
Дигиталната технологија сѐ повеќе влијае врз финансиската индустрија. Модернизацијата на плаќањата е особено изразена и зема сѐ поголем замав и во нашата економија. Според податоците од платежната статистика за 2023 година на Народната банка, забележано е зголемување на безготовинските платежни трансакции од 16%, во споредба со 2022 година, односно 87 трансакции по глава на жител. Според глобалната база на податоци „Финдекс“ на Светската банка, процентот на возрасни кои извршиле или примиле дигитални плаќања се зголемил од 44% во 2014 година на 64% во 2021 година.
На 15 мај 2024 во Тирана, во организација на Иницијативата за владеење на правото на Американската адвокатска комора (АБА РОЛИ), која во рамките на Програмата за усогласеност со ФАТФ во Источна Европа која меѓу другите земји ги опфаќа Албанија, Црна Гора и Северна Македонија, беше одржана работилница на тема: ПРОМОВИРАЊЕ НА ТРАНСПАРЕНТНОСТА НА КРАЈНИТЕ СОПСТВЕНИЦИ ЗА БОРБА ПРОТИВ ПЕРЕЊЕТО ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕТО ТЕРОРИЗАМ.