НАЈДОБРИ СЛУЖБЕНИЦИ ЗА 2024 ГОДИНА

niksa

Традиционално, по повод Светскиот ден на штедење 31. октомври нашите членки – банките, штедилниците Клириншката куќа КИБС и Македонското кредитно биро номинираат службеници со постигнати особени резултати во нивната работа.

НАЈДОБРИ СЛУЖБЕНИЦИ ЗА 2023 ГОДИНА

niksa

Традиционално, по повод Светскиот ден на штедење 31. октомври нашите членки – банките, штедилниците Клириншката куќа КИБС и Македонското кредитно биро номинираат службеници со постигнати особени резултати во нивната работа

Благодарници за особен придонес во работата на МБА во 2022 година

niksa

Традиционално Собранието на Македонската банкарска асоцијација доделува благодарници за особен придонес за работата на асоцијацијата на членови на комисиите при МБА.

НАЈДОБРИ СЛУЖБЕНИЦИ ЗА 2022 ГОДИНА

niksa

По повод светскиот ден на штедење 31.октомври признание за постигнати особени резултати во нивната работа добија 33 службеници од 13 банки, 2 штедилници, Клириншката куќа КИБС АД и Македонското кредитно биро.

Комерцијална банка по девети пат прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

niksa

Комерцијална банка АД Скопје девет пати (2021, 2020, 2012, 2011, 2010, 2005, 2004, 2002, 2001) е добитник на престижната награда „Банка на годината“ во Република Северна Македонија, која ја доделува реномираниот финансиски магазин The Banker.

НЛБ Банка Скопје по шести пат прогласена за Најдобра банка во Македонија

niksa

На годинешните 14-ти „Европски банкарски награди“ (Europe Banking Awards), што ги доделува реномираниот магазин EMEA Finance, НЛБ Банка Скопје ја доби наградата „Најдобра банка во Македонија за 2021 година“.

Стопанска банка АД – Скопје е прогласена за најдобра банка од „Еуромани“

niksa

Стопанска банка АД – Скопје е прогласена за најдобра банка во земјава на престижните награди Euromoney Awards for Excellence, 2022. Прогласување на најдобрите банки се одржа на гала вечера во Лондoн каде што на претставниците на Стопанска банка им беше врачено признанието кое е едно од најзначајните во светската банкарска индустрија.

Плакета „Client Excellence Award 2021“ од Дојче банк за Комерцијална банка

niksa

Комерцијална банка е добитник на плакетата „Client Excellence Award 2021“ од Дојче банк како признание за беспрекорниот и успешен начин на работа во меѓународниот платен промет и во услови на пандемија.

Штедилница Можности со Сертификат за Фер финансиски услуги за потрошувачите

niksa

Штедилница Можности во изминатиов период беше во постапка на верификација за стекнување Сертификат за Фер финансиски услуги за потрошувачите, кој го доделува Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ).

Комерцијална банка прогласена за “Најдобра банка во Северна Македонија“ од магазинот Euromoney

niksa

Комерцијална банка со огромно задоволство објавува дека е добитник на уште една престижна награда – „Најдобра банка во Северна Македонија“ во 2021 година, која ја доделува магазинот „Еuromoney”. Оваа награда е признание за извонредност на Банката, која со стабилност, одговорност и импресивни резултати се носи со Covid-19 кризата и излегува во пресрет на потребите на клиентите.

Комерцијална банка прогласена за Банка на годината во 2020 година од магазинот „The Banker“

niksa

Комерцијална банка АД Скопје со гордост објавува дека е прогласена за „Банка на годината во 2020 година“ во Република Северна Македонија од страна на престижниот финансиски магазин „The Banker“. Освен како високо признание за постигнатите резултати во работењето, значењето на наградата е уште поголемо бидејќи таа е признание и за лидерството што го покажа Банката во оваа година во која земјава, како и целиот свет, со соочува со пандемија од досега невидени размери.

Најдобри службеници за 2020 година

niksa

По повод светскиот ден на штедење 36 службеници од 14 банки, 2 штедилници, Клириншката куќа КИБС и Македонското кредитно биро добија признание за нивната работа.

Охридска банка e „Најдобра банка во Македонија” за 2020 година според престижниот „Global Finance“

niksa

Петта година по ред, светскиот финансиски магазин „Global Finance“, ја прогласува Охридска банка, за Најдобра банка во Македонија.

Global Finance ја прогласи Комерцијална банка за „Најдобар FX Провајдер во Северна Македонија за 2020 година“

niksa

Комерцијална банка АД Скопје е прогласена за „Најдобар FX Провајдер во Северна Македонија за 2020 година“ (најдобар давател на услуги од областа на девизните пазари во земјава) од страна на светскиот магазин Global Finance, со седиште во Њујорк, САД.

The Banker по десетти пат ја награди НЛБ Банка за „Најдобра банка за 2019 година”

niksa

На 28-ми ноември во Лондон, НЛБ Банка се закити, уште еднаш, по десетти пат, со престижната награда на реномираниот финансиски магазин The Banker, со што го потврди епитетот за најнаградувана Банка кај нас.

Нови престижни награди за Стопанска банка а.д. Битола – „Најдобро менаџирана банка во 2018 година” и по четврти пат – „Најдобра банка за работа со правни лица” и „Најдобра банка за работа со физички лица”

niksa

Остварените резултатите, постигнатиот успех, континуираниот развој на нови технологии и производи се само дел од критериумите врз база на кои светски реномираните магазини ги доделуваат глобалните и регионалните награди за најдобрите во банкарскиот свет.

Новата година во МБА почна со ПОЧЕСТИ ЗА НАЈДОБРИТЕ

niksa

Иако помина половина од јануари и новогодишните празници завршија деветмина членови на Македонската банкарска асоцијација се уште имаат причини за прослава. Нивната активност и ангажирање во работата на Македонската банкарска асоцијација во годината што замина, во вторникот (15.01.2019), на пригодна свеченост во просториите на асоцијацијата, беше наградена.

НЛБ Банка „Најдобра банка во Македонија за 2018 година“

niksa

На 29-ти ноември во Лондон, НЛБ Банка е прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2018 година од страна на угледниот финансиски магазин „The Banker“.

Комерцијална банка најуспешна во тргување

niksa

Светскиот магазин Global Finance, со седиште во Њујорк, САД, на Комерцијална банка АД Скопје ѝ ја додели наградата „Најдобар FX Провајдер за Република Македонија (Најдобар давател на услуги од областа на девизните пазари во Македонија за 2018 година)“. Ова е петто по ред признание за најуспешно работење на Комерцијална Банка АД Скопје во доменот на тргување со финансиски инструменти во Република Македонија, доделено од Global Finance.

Сити Банка ја награди Комерцијална банка како најдобра во меѓународните плаќања во 2017 г.

niksa

Како признание за брзината и квалитетот на меѓународните плаќања во долари и оваа година Комерцијална банка АД Скопје е добитник на Best Performance STP Excellence award од Citi Bank: 2017 US Dollar payments STP Excellence Award – Best Performance.

ФУЛМ Македонија – најдобра во светот!

niksa

Сингапур, Sun Tech City.

Престижната награда за 2018 – World Council Growth Award (награда за најголем раст од Светскиот совет на кредини унии), оваа година, во избор од 109 земји во светот ја доби Штедилница ФУЛМ од Македонија. Наградата беше доделена на 16 јули 2018 година на Меѓународната конференција на кредитни унии (Тhe world credit union conference), што се одржа од 15 до 18 јули 2018 година, во Suntec convention center, во Сингапур (http://www.wcuc.org/ )